Веќе подолг период работејќи како сертифициран консултант за доење со многу нови мајки, доилки и низ искуството кое го стекнав сите овие години како медицинска сестра во ординација по педијатрија помислив дека е време мајките да се соочат со реалноста и да се обидеме да ја разјасниме дилемата дали доењето е лесно и колку и треба поддршка на мајката.

Во тек на мојата континуирана едукација редовно ги следам светските портали и едукации каде што се разменуваат искуства на сертифицираните консултанти ширум светот. Редовно контактирам со мои колешки за да разменам искуства и да споредам дали ова е само проблем кај нас поради недоволна едукација и поддршка на мајките или и тие се соочуваат со истиот проблем? Со оваа дилема се соочуват и другите мајки надвор од нашите граници.

Доењето претставува физиолошки нормален процес кој треба да се одвива спонтано без попречувања. Но, токму поради безброј проблеми со кои се соочуваат мајките се основани здруженијата за поддршка на доењето и професијата консултант за доење. Се со цел да се надминат овие пречки и да се воспостави нормална лактација и доење. Но, не секогаш е лесно. Се почесто се соочуваме со пробелем во воспоставување на лактација, дали е доволно мајчиното млеко за раст и развој, како треба да се суплементира новороденчето и безброј други предизвици. Оние мајки кои ги надминале овие предизивици знаат дека патот е потежок, бара трпение и упорност. Но, понекогаш тоа делува и фрустрирачки за една мајка. Од друга страна исто така важна е и поддршката од семејтвото, од блиските кои ќе превземат поголем дел од останатите обврски и притоа нема да ја осудуваат мајката дека се “мачи” бидејќи сака да дои.

Можеби ќе ви се допадне:   Доење и спиење заедно со бебето

Неодамна прочитав еден натпис на проф. Ејми Браун (www.theconversation.com) кој морам да ви признаам ми го привлече вниманието бидејќи долго време истото сакав да го споделам со вас, за да ве охрабрам и да знаете дека поддршката допринесува многу за една мајка доилка која се соочува со проблем за воспоставување на доење и лактација. Насловот на текстот е “Доењето не е лесно”. проф. Ејми Браун е поддржувач на доењето и има издадено над 60 публикации. Во текстот и самата вели “За се што е вредно во животот треба да се потрудиме. За да успееме учиме, се школуваме, учиме напорно кога треба да полагаме испити. Тренираат за да се тркаат. Тренираат спорт за да победат. А зошто го прават тоа ако е лесно? Го прават затоа што знаат дека вреди да се потрудиш. Тоа го поврзува и со деоњето. Ако доењето е лесно тогаш зошто мајките се трудат да успеат во тоа, зошто се трудат да стимулираат и воспостават лактација, зошто имаат безброј непроспиени ноќи, зошто одат редовно на прегледи за да го следат напредокот на своето бебе? Затоа што вреди! Но, пред се на некои мајки им е потребна едукација, поддршка која ќе им помогне да успеат во овој процес. Мајките треба да бидат информирани каков е патот кон успешно доење, колку често цицаат бебињата, што се случува во периодите на скокови во развој, каква е ракцијата на бебињата кога имаат инфантилни колики, со какви проблеми би се соочиле во периодите на скокови во развој. Ние консултантите за доење споделуваме совети, даваме насоки, но, понекогаш за мајките тие изгледаат незвозможни. Како да цица бебето, а мајката да не се измолзува и да му додава со шише? Дали може одеднаш да се исфрли од употреба шишето? Што ако несака да цица бебето, како мајката треба да постапува во тие мигови?

Можеби ќе ви се допадне:   Што е рефлекс на исфрлање на млеко за време на доењето?

Кога јас ќе им дадам совет дека едноставно нема шише и дека треба да се става бебето на града изгледа невозможно, се замислуваат колку ќе напредува бебето во тежина. Често пати споделувам искуство од други мајки за да ги охрабрам, поттикнувам да бидат спокојни и да го следат растот на бебето. И да оние кои ќе ги прифатат советите гледаат дека трудот дава резултат, но, за сето тоа мајката треба да се потруди, бебето да цица често, кога сака и колку сака за да го видиме резултатот после неколку денови. И да, за тоа мајката се труди да ја надмине таа потешкотија. И тука во тие мигови викаме “не е лесно, но се учи, треба време и трпение”.

Не секогаш оди се на природен и лесен начин. Често е исцрпувачки, понекогаш мајките ја губат самодовербата. Но, на крај оние кои успеваат да го пребродат ова се восхитуваат сами на себе. И да, јас исто им се восхитувам за целиот труд и напор. Но, се согласувам и со проф. Ејми Браун дека мајките треба да бидат информирани за се, да имаат соодветни информации, едукација, поддршка и сами да ја донесат одлуката. Поддршката од семејството е многу важна, но поддршката од стручното лице е секогаш на прво место, да се информираат и да одлучат.

Често пати на часовите за психофизичка подготовка на трудници, трудниците ми велат “Ти кога ни го претставуваш породувањето, доењето и мајчинството звучи како бајка”. За тоа се во право. Но, бидејќи искуството ми покажа дека често истите тие се соочуваат со потешкотии во доењето после породувањето и јас почнав да им ја претставувам и другата страна. За да можат да одлучат, да бидат спремни со можните предизвици. Сепак трудот е од нивна страна, а мои се само советите и поддршката. Но, на крајот и оние кои биле долго време упорни и трпеливи и кај кои трудот ни дал резултат и оние кај кои сепак не сме постигнале ексклузивно доење биле исполнети, затоа што пробале да го направат најдоброто за бебето. Но, мислам дека секоја една трудница треба да ја знае реалната слика, дека не секогаш е лесно и дека може да наиде на пречки.

Можеби ќе ви се допадне:   Зошто бебињата “бљуцкаат” и дали можеме да го спречиме тоа?-ПРВ ДЕЛ

Доењето не е лесно, но вреди да се потрудиме за доброто на најмилото.

Јасна Апостолски – Николов