Дали имам доволно млеко? Бебето попладне е плачливо и раздразливо? Дали тоа е нормална појава или треба да сум загрижена?

Во првите три месеци бебињата можат да бидат плачливи и вознемирени во доцните попладневни часови. Нормално однесување за бебе кое цица во текот на целиот ден, а мајката има доволно млеко. Но, зошто токму ваква реакција во попладневните часови?

Родителите се загрижени дали мајката има доволно млеко, мајката ги чувствува градите помеки од вообичаеното и дилемата е дали во тие мигови треба да се посегне по дохрана?

Објаснувањето за овој вообичаен феномен е дека вашите резерви за млеко и се она што го произведува градата во текот на ноќта бебето го цица во првата половина од денот. Ваквата реакција најчесто се случува кај бебиња кои спијат повеќе саати во текот на ноќта и низ дневните подои го компензираат количеството на млеко што би требало да го цицаат во текот на ноќта. Па така во попладневните часови го цицаат млекото што во моментот градата го произведува. Млазот од градата е помал и тоа го менува однесувањето на бебето, затоа треба почесто да цицаат за да се постигне саканата количина и бебето да биде задоволно. Бидете сигурни во овие мигови мајката има млеко, но бебето го очекува поголемиот млаз како во претпладневните часови. Заморот, прекумерните дразби кое се јавуваат во овој период дополнително го вознемируваат. Понекогаш се случува само да го ставите на града и веднаш да се смири. Можеби и не му треба храна можеби му треба сигурност, вашата близина за да заспие.

Можеби ќе ви се допадне:   Развојни пресвртници - Вашето бебе на една година

Тука родителите прашуваат дали треба и најчесто посегнуваат по дохрана. Но, нема потреба од паника, тоа е нормална рекација. Совет за мајките: почести подои, компресии за време на подоите за да го зголемите млазот и поголем внес на течности од страна на мајката.

Секоја доилка има доволно млеко за своето бебе во секој период од денот. Едноставно следете го бебето. Овие чести подои во попладневните часови ги загрижуваат мајките но, следете го бебето и давајте му да цица кога и да поска. Не го следете саатот и не ги броите подоите. Гледајте и следете ги потребите на бебето. Рутинските прегледи кај педијатар и редовно следење на растот на бебето е доволен одговор на прашањето “дали имам доволно млеко”.

Јасна Апостолски – Николов