Baby Bio е првиот француски органски бренд на нашиот пазар. Зошто да се одлучите за него?

Овој бренд е пионер со 25 годишно искуство во производство на органска бебешка и детска храна кој поседува сопствени фарми за производство на суровини (овошје, зеленчук и месо) кои работат по највисоките стандарди за органско производство.

Toj се прилагодува на денешните потреби и нуди иновативни производи направени по оригинални рецепти и строги критериуми за висок квалитет, бидејќи она со што ги храниме нашите бебиња и деца, останува со нив цел живот!

Житарки

Baby Bio житарките се подготвени од органски сертифицирани состојки – оризово брашно, пченица, овес и киноа, без додадени шеќери, со овошје и природни вкусови на ванила и какао во прав. Тие можат да се користат кај доенчиња од 6 месеци, или пак 8 месеци доколку содржат какао во прав, може да ги додадете директно во шишето на бебето или да ги зготвите во каша.

Житарките се идеална придружба за малите деца за време на различните фази на диверзификација на храната.

Бисквити

Baby Bio бисквитите се направени од квалитетни суровини, пред се од француски производители. На овој начин секоја состојка е внимателно селектирана, со цел да се развијат рецепти кои ќе го разбудат детското непце со вкусни органски бисквити и ќе ја обезбедат потребната енергија на дневна основа за да појдат кон откривање на светот.

Со својата крцкава текстура и облик се наменети за употреба при никнување на забите од 8 месечна возраст, за да се развие рефлексот на џвакање кај детето. Бисквитите може да се консумираат самостојно и растопени во млеко.

Можеби ќе ви се допадне:   Погрижете се за сензитивната бебешка кожа, но и за кожата на мама!

Baby Bio нуди бисквити со едноставни и вкусни рецепти кои се богати со витамин Б1:

  • Бисквити со есенцијално масло од сладок портокал
  • Бисквити со ванила
  • Бисквити со лешници

BABYBIO Зеленчукови и овошни каши

Baby Bio кашичките се подготвуваат во Франција од овошје и зеленчук кое е произведено на нивните фарми, по најстроги правила за органско производство.

Бидејќи овошјето и зеленчукот се првите намирници што бебето може да ги консумира на почетокот од периодот на диверзификација на храна кој започнува од четвртиот или шестиот месец или според препораките на вашиот педијатар, доколку сакате на вашите најмали да им понудите здрава и вкусна храна која е најблиску до домашната, овие кашички се вистинскиот избор за вас!

Во Baby Bio се става акцент на овошјето и зеленчукот и нивните рецепти се: без млеко, без житарки, без јаткасти плодови.. На овој начин вашето бебе ќе има време и можност да го открие вистинскиот вкус на овошјето и зеленчукот!

Што ги прави овие кашички поразлични? Сите се без додаден шеќер, сол и без глутен!

BABYBIO Главен оброк – ручек и вечера

Кои рецепти да ги одберете за главен оброк на вашето бебе?

Baby Bio ви нуди разновидни оброци за ручек или вечера кои се секогаш извор на изненадување и задоволство. Развиени во Франција тие го запознаваат вашето малечко со нови вкусови секој ден, уште од рана возраст! Нивните рецепти може да бидат со и без животински протеин, со зеленчук и овошје или пак специфични состојки како сирење и билки. Во нив не се содржани алергени, вештачки вкусови, додадени шеќери и сол. Дополнително се достапни во неколку формати прилагодени на возраста, може да бидат во стаклена тегличка, чинија, кесичка..

Можеби ќе ви се допадне:   Нашите врвни совети за наоѓање безбедна и оддржлива пелена за бебиња

Вкусните оброци може да се понудат на бебињата од 6 месеци, но да го придружуваат и во менито на 8, 12, 15 месеци и повеќе…

За да им се пренесе оригиналниот вкус на намирниците, како за зеленчукот и овошјето, така и при изборот на месо и риба Baby Bio се придржува до француските производители.

Вашето бебе развило алергија на храна? Baby Bio нуди голем број рецепти без алергени, способни да ги задоволат различните диети без мелко, глутен, јајца, риба или јаткасти плодови.

BABYBIO Десерти и ужинки

Да ги воодушевиме малите гурмани и со вкусни млечни десерти.

Baby Bio го употреби целото свое знаење за да произведе јогурт со кремаста текстура и автентични вкусови блиски до домашното.

За да се излезе во пресрет на сите потреба на малите гурмани и да се зголеми задоволството, Baby Bio подготви вкусни млечни рецепти комбинирани со вкус на овошја од францускиот регион. Десертите се спакувани во мали теглички или кесенца и лесно се користат во секоја пригода!

Млечните десерти може да бидат со кравјо, овчо или козјо млеко, а дополнително на содржат круша, цимет, банана, малини, крем од какао и гриз.. тие се без додадени шеќери и се одличен извор на калциум. И да, Baby Bio мисли и на малите грумани интолерантни на протеин од кравјо млеко, па создаде и густи јогурти од 100% растителен пијалак од ориз, овес, или кокос.

Млечни десерти можете да му понудите на вашето бебе од 6 месеци, со исклучок на кремот од какао и гриз кој се нуди само од 8 месеци. Овие десерти ќе му помогнат на вашето бебе да открие нови текстури, вкусови и сензации за време на периодот на диверзификација на храна.

Можеби ќе ви се допадне:   Грижа и безбедност на новороденчиња

Производите на Baby Bio може да ги најдете во Bellina Bioshop Nastel, bellina.mk, paket.mk и korpa.mk.