Оваа година на 8ми и 9ти Април од 10 до 19ч Bellina ќе земе учество на Kid Expo – првиот организиран саем за деца во Македонија! Ова е првиот настан од овој тип кој нуди разновидни активности и услуги поврзани со децата под еден покрив.

Најдобри детски производи, врвни едукативни установи, активности за градење на детскиот карактер, но и спортски, забавни и театарски дела.

Kid Expo посветено создаваат средина во која секој ќе се пронајде и ужива.

На овој саем Bellina ќе учествува со својот разновиден асортиман, овозможувајќи ви да се запознаете со придобивките на органската храна и козметика и зошто токму неа да ја одберете за вашите најмили.

Брендови и производи кои ќе бидат достапни на Kid Expo саемот:

Bambo Nature

Пелени, пелени-гаќички, подлоги за пресоблекување..

Сите Bambo Nature пелени и пелени-гаќички ги имаат следниве карактеристики:

  • Исклучително меки
  • Прилагодливи ленти за подобро прилагодување кон телото
  • Пропуштаат воздух за да дише газето на бебето
  • Индикатор за влажност
  • Ултра-апсорбирачки канали
  • Мек заден дел за поголема удобност и подобро прилагодување кон телото
  • Дизајнирани да го намалат ризикот од осип
  • 0% парабени, парфеми и конзерванси
  • Сертифицирана гаранција за еколошки пелени
  • Дерматолошки тестирани
  • Пријателски настроени кон кожата и околината
  • Одобрени од мајките (Approved By Moms)
  • Скандинавски квалитет

Пелените Bambo Nature се изработени од внимателно одбрани суровини како што е “пуфкастата” целулоза. Таа е природен материјал кој одлично впива, а е безбеден и не содржи хлор.

Втор важен елемент од секоја пелена се супер апсорбирачките полимери (SAP – Super Absorbent Polymer) кои што го одржуваат вашето бебе суво.

Можеби ќе ви се допадне:   Најчести грешки што водат до прекин на доењето

Тие се исто така тенки и лесни, што ги прави поудобни за бебето и имаат индикатор за влажност кој навремено ќе ве извести кога да ја промените пелената.

Abena

Влошки и гаќички за родилки

Abena влошките за родилки обезбедуваат сигурност, удобност, заштита од дамки и свежина на кожата во текот на целиот ден. Тие се со висока апсорпција, и овозможуваат на кожата да дише, изработени се од материјали пријатни за кожата и се дерматолошки тестирани. Влошките се големи, имаат самолеплива лента со која може да се залепат на Arbi-Fix мрежастите гаќички за родилки.

Гаќичките Abri-Fix Net се практичен избор за време на бременоста и постпородилниот период. Тие се изработени од материјали кои овозможуваат удобност при движење и ја задржуваат влошката на своето место. Поради начинот на кој се направени, гаќичките одлично прилегаат на телото и половината и допринесуваат за вентилација, чувство на свежина и сувост во аногениталната регија. Гаќичките се достапни во три големини (M, L, XL) и се практични за машинско перење на 60°C.

Органска храна

Baby Bio

Baby Bio е првиот француски органски бренд на нашиот пазар.

Овој бренд е пионер со 25 годишно искуство во производство на органска бебешка и детска храна кој поседува сопствени фарми за производство на суровини (овошје, зеленчук и месо) кои работат по највисоките стандарди за органско производство.

Toj се прилагодува на денешните потреби и нуди иновативни производи направени по оригинални рецепти и строги критериуми за висок квалитет, бидејќи она со што ги храниме нашите бебиња и деца, останува со нив цел живот!

Можеби ќе ви се допадне:   Воспоставување и одржување на лактацијата кога бебето не цица

Baby Bio нуди комплетна палета на производи за сите возрасти – од новороденче до 3 годишна возраст: формули, житарки, бисквити, зеленчукови и овошни каши, главни оброци (ручек и вечера), десерти и ужинки.

Good Gout

Бренд за 100% органска храна кој создава едноставни рецепти, најчесто “изложувајќи” 1 или 2 состојки со цел да го откријат вистинскиот вкус на овошјето и зеленчукот. Храната не содржи палмино масло, додадени шеќери*, презервативи или ГМО.

Покрај составот овој бренд се грижи и за планетата, па затоа користи рециклирачки амбалажи и 80% од произодите се направени во Франција.

Good Gout нуди комплетна палета на производи за новороденчиња, но и деца над 3 години: формули, житарки, главни оброци, бисквити, јогурт и овошни и зеленчукови каши.

Природна и органска козметика

Laboratoires de Biarritz

Овој бренд нуди органски сертифицирани производи за нега на бебешка кожа уште од самото раѓање благодарение на безбедните и природни формули со 99.5% до 100% природно потекло.

Alga Natis е линија која го почитува и заштитува природниот баланс на бебешката кожа. Таа има екслузивна активна состојка од кафени алги, не содржи парфеми и алкохол, има хипоалергена формула која е дерматолошки и офталмолошки тестирана, а одобрена е и од педиатри.

Lavera

Овој бренд создаде производи имајќи ги на ум вашите најмили. Затоа кога бираме производи за нив треба да запамтиме дека помалку е повеќе и да одбереме природни чистачи и производи за нега на кожа. Baby&Kinder е линија без додадени мириси или презервативи и со високо-квалитетни растителни масла ќе ја добиете најдобрата нега за млада и сензитивна кожа.

Madara

Како одговор на големата побарувачка за едноставност, минимализам и повеќенаменски производи овој бренд ја создаде линијата KIND која е наменета за бебиња и деца, но и за возрасни со сува, сензитивна и кревка кожа. Таа има нежни формули, смирувачки и хранливи состојки и е погодна за целото семејство.

Можеби ќе ви се допадне:   Како да ги заштитиме децата од сонце?

Natura Siberica

Линијата Little Siberica е базирана на органски сибирски хидролати и екстракти кои се грижат за деликатната бебешка кожа. Производите имаат уникатна формула – хидролат од сибирски билки и цветови. Хидролат е концентриран коктел од витамини и хидролати добиен од растенија по пат на дестилација. Бебешките производи базирани на хидролати нежно ја чистат и негуваат кожата, оставајќи ја мека и свиленкаста.

Urtekram

Од овој бренд достапни се две линии: No Perfume бебешката линија која во својот состав не содржи парфеми и е хипоалергена и детската линија Calendula која како основна состојка го користи невенот.

Одвојте дел од вашето слободно време на 8ми и 9ти Април од 10 до 19ч и посетете го штандот на Bellina на сеемот Kid Expo каде ќе најдете голем број тестери, производи кои ќе можете да ги пробате и едукативни брошури и материјали.