Сакате да ја замените павловичевата крема со органски сертифициран производ кој е еднакво ефективен, но не сте сигурни кој производ да го одберете?!
Oleo calcareous лосионот за пеленска регија е вистинскиот избор за вас!
Сертифицираната органска формула на Oleo calcareous лосионот за пеленска регија е направена од 100% состојки од природно потекло и 50.9% состојки од органско потекло.
Клучните четири состојки се:
- Alga-Paisium ексклузивен екстракт од кафени алги на Laboratoires de Biarritz: смирува и спречува иритации на кожата
- Органско ладно цедено маслиново масло кое е антиоксидант (богато со олеична киселина – Омега 9, стероли, витамин Е): храни, заштитува, смирува
- Органски пчелин восок: заштитува
- Вода од лимета: ја регулира pH вредноста на кожата
Oleo calcareous лосионот е есенцијален при промена на пелени, неговата сертифицирана формула деликатно ја чисти кожата на вашето бебе, ја храни и создава заштитен слој кој штити од надворешни иританти (урина, фецес, триењето од пелената).
Овој изолирачки слој, во комбинација со нашиот ексклузивен екстракт од кафени алги спречува вцрвување кај пеленската регија.
Алкалната pH вредност на лосионот ја неутрализира киселоста на урината со што воспоставува pH вредност најблиска до онаа на кожата.
Благодарение на уникатната комбинација од состојки, овој лосион храни, смирува и спречува иритации и црвенила кај кожата на вашето бебе.
Неговата хипоалергена формула не содржи додадени парфеми, алкохол, или други контроверзни состојки како вазелин, талк и парафински масла, гарантирајќи ви највисока можна толеранција кај бебешката кожа.
Нежниот бебешки лосион е предвиден за чистење на пеленската регија и за спречување појава на осип од пелените.
Тој е:
- Тестиран по педиатриски надзор на група од 20 бебиња на возраст од 3 до 36 месеци, во период од 14 дена користен како дебел слој.
- Формулиран за да го минимизира ризикот од алергии.
- Може да се користи од самото раѓање, освен кај предвремено родените бебиња.
Во рутината на вашите најмили, можете да ги вклучите и останатите органски производи од линијата Alga Natis кои се сертифицирани органски и лесно можете да ги препознаете по сертификатот кој е изложен на самата амбалажа:
- Крема за пеленска регија со цинк оксид
Оваа крема за пеленска регија делува комплементарно со Alga Sendatu® – патентирана активна состојка од природно потекло која ја подобрува обновата* на кожата. Благодарение на нејзината хипоалергена** формула, кремата за пеленска регија создава заштитен штит која ја спречува појавата на црвенило. Доколку кожата е веќе иритирана, оваа крема непосредно ќе ја смири, санира и регенерира. За максимална удобност, употребувајте ја во комбинација со Oleocalcareous лосионот за пеленска регија.
*Обновува надворешни слоеви на кожата. ** Формулирано за да се минимизира ризикот од алергиски реакции.
2.Хранлив прочистувачки гел
Улта богатиот прочистувачки гел ги чисти бебешката кожа и скалпот – елиминира пот, себум, корупки и воедно не ја вознемирува кревката хидро-липидна бариера на кожата кај новороденчињата. Тој смирува и заштитува благодарение на состојката Alga-Paisium – ексклузивен екстракт кој спречува иритација кај кожата. Може да се користи за телото, скалпот и косата и не ги иритира очите. Составот на овој гел не содржи додадени мириси и е хипоалерген*.
Докажана ефективност:
100%** од испитаниците потврдиле дека хранливиот прочистувачки гел ја прави кожата мека по употреба.
100%** потврдиле дека производот лесно се измива и не ги иритира очите.
95%** потврдиле дека производот ја прави косата мека.
*Формулирано за да се минимизира ризикот од алергиски реакции. **Испитување спроведено под дерматолошки и офталмолошки надзор кај сензитивна кожа (20 испитаници).
- Хидратантна крема
Хидратантната крема ја хидрира, храни и смирува кревката кожа на бебето. Нејзината лесна и мазна текстура е совршена за масажи и за добробитието на нашите најмили и зајакнување на врската дете-родител. Составот на оваа крема не содржи додадени мириси и е хипоалерген*.
Докажана ефективност:
95%** од испитаниците потврдиле дека кожата е помега, подобро хидрирана и нахранета по употреба.
95%** потврдиле дека кожата е заштитена од надворешен стрес (ладни температури, ветер, климатизација) и дека е поотпорна.
*Формулирано за да се минимизира ризикот од алергиски реакции. **Испитување спроведено под дерматолошки и офталмолошки надзор кај сензитивна кожа (21 испитаник).
Овие производи можете да ги најдете во сите продажни локации на Bellina, на нивниот сајт www.bellina.mk и во сите dm дрогерии.