Како мајчиното млеко го менува развојот на мозокот кај недоносените бебиња?

Истражувачите вклучиле 135 предвремено родени бебиња и откриле дека при испитување на мозокот на бебињата (Neonatal magnetic resonance imaging (MRI) кои примиле поголеми количества мајчино млеко, било од својата маjка или млеко од мајка донор, имаат поголемо созревање на церебралниот кортекс.

Тие заклучиле дека колку повеќе предвремено родените бебиња се хранат со мајчино млеко тоа му помага на предвремено родениот мозок повеќе да наликува на мозокот на термински роденото бебе, а резултатите од развојот на мозокот се чини дека зависат од дозата, што значи дека колку e поголема количината на мајчино млеко во исхраната на предвремнородените бебиња, толку повеќе допринесува за церебралниот кортикален развој.

Оптималниот внес на макронутриенти по предвремено породување може да го модифицира растот на главата и да ги подобри невроразвојните резултати, но студиите имаат тенденција да се фокусираат на парентералната исхрана во непосредниот постнатален период и релативно помалку внимание е посветено на влијанието на исхраната во неделите по почетокот на ентерално хранење, но пред испуштање од единиците за интензивна нега, што може да биде од 2 до 3 месеци за време на критичниот прозорец на развој. Ексклузивното хранење со мајчино млеко е “поврзано” со намалена брзина на раст кај недоносените доенчиња во споредба со оние кои се хранети со вештачко млеко и тоа може да влијае на клиничкото одлучување во врска со дополнувањето на мајчиното млеко со формулата. Сепак, големите кохортни студии покажаа дека хранењето со мајчино млеко е поврзано со намален ризик од нарушување на невролошкиот развој во детството и покрај повисокиот ризик од неоптимално зголемување на телесната тежина за време на неонаталниот период.

Можеби ќе ви се допадне:   Доење кај деца со расцеп на усна или меко непце

Мајчиното млеко содржи различни состојки кои можат да го поддржат здравиот кортикален развој, вклучувајќи оптимален состав на протеини и липиди, достапност на микронутриенти и ненутритивни фактори, како што се имуноглобулин, лактоферин, лизозим, олигосахариди од човечко млеко (HMOs) и микроРНК (miRNAs) со корисни ефекти врз развојот на имунолошкиот систем и воспоставувањето на цревниот микробиом. Полинезаситените масни киселини со долг ланец (LCPUFAs), вклучувајќи докосахексаеноична киселина и арахидонска киселина, се присутни во мајчиното млеко и се клучни за здрав развој на мозокот со улоги во растот на невронските клетки, сигнализацијата, и диференцијација. Неодамнешните МРИ студии за изложеноста на LCPUFA во раниот живот покажаа асоцијации со подобрување на растот, структурата и функцијата на мозокот во детството. Претходните истажувања покажа дека когнитивните придобивки од исхраната со мајчиното млеко по предвремено породување може да бидат поврзани со намалување на воспалението поради инфекција или некротизирачки ентероколитис. Ефикасниот ефект на мајчиното млеко врз кортикалниот развој може да биде поврзан со имуномодулација преку неколку различни механизми. Мајчиното млеко е богато со miRNAs мали некодирачки РНК кои ја регулираат генската експресија и синтезата на протеините на ниво по транскрипцијата. Овие се специфични состојки кои не можат синтетски да се произведат во формулата.

Според нашите сознанија, ова е прва студија која го испитува ефектот на раната изложеност на мајчиното млеко врз развојот на кортексот кај предвремено родените бебиња.

Млекото навистина му прави добро на телото, кога е специфично за видот! (Саливан, 2022)

Пишува: Јасна Апостолски – Николов дипл.мед.сестра, IBCLC консултант за доење, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници