Една од многуте успешни доенечки приказни но, секоја вредна за мотив на посебен начин!

Ника е нашиот јунак која докажа дека бројките за напредокот не се причина да не продолжат со ексклузивно доење. Пример кој го потври тврдењето на Dr. Jack Newman, исклучителен експерт од областа на доењето и лактација кој вели дека вагата не е секогаш показател дали мајчиното млеко е доволно за вашето бебе.

Ника е родена на 27.01.2023 година, прва бременост на мама Милена. И оваа мама доењето го прифатила како спонтан и едниствен начин за исхрана на своето бебе. После доаѓањето од родилиште започнува со доење на барање на бебето. Во ниту еден момент не се посомневала во себе и не се запрашала дали нејзиното млеко е доволно за Ника ниту пак Ника покажувала знаци дека е гладна. Уживале во овој миг се до првата посета на педијатар кога напредокот во тежина кај Ника за еден месец бил 120 грама. И тука започнува нивната борба со советите за додавање на дохрана. Мама Милена сигурна во себе одлучува да се советува со консултант за доење за да види дали има доволно млеко и дали навистина има потреба од дохрана. Остваривме неколку консултации во кои утврдивме дека мама Милена има навистина доволно млеко да го нахрани своето бебе. Во тековните консултации кои се довиваа наредниот месец ние бевме сигурни дека одиме по вистинскиот пат. Но, секоја посета на педијатар на мама Милена и носеше нови грижи. И секој пат се враќаше со совет за дохрана. Напредокот на Ника одеше линеарно, речиси минимално, но Ника беше едно среќно и весело бебе кои преспиваше повеќе часови во ноќта и сите бевме убедени дека мајчиното млеко и е довлно. За да бидеме сигурни дека нејзиниот напредок е во ред мама Милена одлучи да се консултира и со субспецијалисти од детската клинка. Направени се детални испитувања и утврдено е дека Ника е здрава, нема никакво органско нарушување, мајчиното млеко е довлно и нема потреба од дохрана.

Можеби ќе ви се допадне:   Algoral Infant - суплемент за ублажување на симптоми на ГЕР кај бебиња на ексклузивно доење

Тогаш мама Милена одлучува дека ќе направи промена на матичниот педијатар и бебе Ника станува матичен пациент во нашата ординација. Понатамошниот раст и развој на Ника го следи Др. Драгана Емел Маркоска, спец. педијатар.

Да напоменам на првата посета во нашата ординација Ника имаше 2,5 месеци и тежина од 3820 грама (нејзината родилна тежина беше 3190 грама). Ова покажува дека Ника за два и пол месеци има напреднато 630 грама на исхрана со мајчино млеко. На возраст од 3 месеци тежината на Ника изнесуваше 3960 грама. Овие бројки ќе изненадат многу мајки но, ние ја следевме Ника и бевме среќни што мама Милена ги следеше нашите совети. Во целата приказна морам да го споменам и таткото кој беше безрезервна поддршка на нашата работа и во ниту еден момент не се посомнева дека некаде грешиме.

По совет на матичниот педијатар Ника од 4-от месец почнува со дохрана по еден оброк. На перцентилната крива за раст (која ја има во прилог на овој текст) можете да видите дека и покрај воведување на оброците напредокот на Ника беше минимален или како што знаевме да се нашалиме “Ника е нашата манекенка”.

Сликата е во сопственост на "Здраво Бебе- Центар за мајки"
Сликата е во сопственост на “Здраво Бебе- Центар за мајки”

Ника сега има 7 месеци, таа е едно весело и пргаво бебе кое веќе стои, се исправа и седи. Нејзината тежина на оваа возраст е 7000гр. Сеуште се на исхрана со мајчино млеко и додавање на комплементарна исхрана. Во тек на овие седум месеци ниту еднаш не е додадено адаптирано млеко!

Голема благодарност до мама Милена за огромната доверба која ми ја довери! Се надевам дека оваа нивна успешна доенечка приказна ќе биде мотив за сите мајки кои сакаат да дојат дека патот можеби е тежок но, резултатот е повеќе од задоволство. Пред се да ја испочитуваме желбата на мајката, а и да бидеме истрајни и трпеливи во целиот процес.

Можеби ќе ви се допадне:   Придобивки од хидротерапија и масажа во развој на новороденче и дете

Пишува: Јасна Апостолски Николов- дипл.мед.сестра, IBCLC-Меѓународен консултант за доење, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници