Вообичаената настинка е вирална инфекција на бебешкото носе и грло. Назалното запушување и растечениот нос се главните знаци на настинка.

Бебињата се особено склони кон настинки, најчесто бидејќи се во околината на постари деца. Исто така, тие се уште немаат развиено имунитет на многу од вообичаените инфекции. За време на првата годинка, повеќето бебиња имаат 6 до 8 настинки, а може да имаат и повеќе, доколку ги носите во градинка.

Третманот за настинка кај бебиња вклучува ублажување на нивните симптоми, како редовно внесување на течности, одржување на влажен воздух и одржување на назалните патишта отворени. Младите новороденчиња задолжително треба да посетат доктор за да настинката не премине во кашлица, пневмонија или друга посериозна болест.

Симптоми:

Првите знаци на настинка кај бебиња се најчесто:

  • Затнат или растечен нос
  • Назален исцедок кој на почетокот иако е транспарентен, може да стане погуст и да ја промени бојата во жолта или зелена

Други знаци и симптоми на настинка кај бебиња може да бидат:

  • Треска
  • Кивање
  • Кашлање
  • Намален апетит
  • Иритабилност
  • Потешкотии во спиењето
  • Потешкотии во цицањето поради назално запушување

Кога можете да ги користите You&Oil?

Еликсирите Ki Kids стимулираат одредени точки на телото преку допир и лесна масажа, со цел да се разбудат внатрешните извори на енергија во телото. Тие се:

  • Есенцијални масла формулирани за деца и бебиња
  • Може да се апсорбираат преку кожата, или да се вдишуваат
  • Погодни се за деца од 3 месеци до 6 години

За овој период познат по чести настинки ги издвојуваме следниве масла:

  1. KIDS / NOSE МАСЛО ЗА ДЕЦА ПРОТИВ РАСТЕЧЕН НОС – 10 МЛ.

Овој еликсир е мешавина од екстракт од кора од камфорово дрво и масла од еукалиптус и нане со широк лист. Инфузирани во бадемово масло тие спречуваат постназална дренажа предизвикана од иритација и воспаление на назалните ткива. Есенцијалното масло од екстракт од кора од камфорово дрво содржи природни антимикробни својства кои можат да го зајакнат имуниот систем, обезбедувајќи ефективен третман за респираторните инфекции, додека неговата арома слична на еукалиптус и високата концентрација на камфор го ублажуваат назалното запушување. Маслата од еукалиптус и нане со широки листови се ценети по нивните антивоспалителни својства. Тие олеснуваат запушени синуси, додека нивниот ефект на ладење нуди ослободување од болка.

Како да се користи: Капнете неколку капки од мешавината на есенцијални масла на вашите прсти, или ушалка. Избегнете директен контакт на пипетата со кожа.

  1. За деца од 3 месеци до 1 година: нежно втријте 1 капка на градите и/или близу ноздрите 3-4 пати на ден.
  2. За деца од 1 до 2 години: нежно втријте 1 капка во назалната регија со прст или ушалка, 3-4 пати на ден.
  3. За деца од 2 до 6 години: нежно втријте 2 капки во назалната регија со прст или ушалка, 3-4 пати на ден.
Можеби ќе ви се допадне:   Физиолошка жолтица

 

  1. KIDS / TEMPERATURE МАСЛО ЗА ДЕЦА ПРОТИВ ПОКАЧЕНА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА – 10 МЛ.

Овој еликсир е мешавина на есенцијални масла како еукалиптус и лаванда. Инфузирани во бадемово масло, оваа комбинација може да се искористи за да се ублажи треската. Го зајакнува имунитетот за борба против инфекцијата. Есенцијалното масло од еукалиптус има антиоксидантни, антивоспалителни, антимикробни и својства за ублажување на болката. Помага во намалување на телесната температура и симптомите на треска. Исто така, ги охрабрува белите дробови и носот да се исчистат од слузта, што му помага на вашето малечко да се чувствува подобро. Помешано со есенцијалното масло од лаванда кое е познато по неговите смирувачки ефекти и способноста да го намали крвниот притисок, го олеснува заспивањето кога симптомите на треска го попречуваат одморот на детето.

Како да се користи: Капнете неколку капки од мешавината на есенцијални масла на вашите прсти или рака. Избегнете директен контакт на пипетата со кожа.

  1. За деца од 3 месеци до 1 година: нежно втријте 1 капка на стапалата, 3-4 пати на ден. Користете неколку дена.
  2. За деца од 1 до 2 години: нежно втријте 2 капки на градите и горниот дел од грбот, 3-4 пати на ден. Користете неколку дена.
  3. За деца од 2 до 6 години: нежно втријте 4-5 капки на градите и горниот дел од грбот, 3-4 пати на ден. Користете неколку дена.

 

  1. KIDS / DRY COUGH МАСЛО ЗА ДЕЦА ПРОТИВ СУВА КАШЛИЦА – 10 МЛ.

Овој еликсир е мешавина од масла од чемпрес, ниаули, еукалиптус и естрагон, инфузирани во бадемово масло, подобрувајќи ги симптомите поврзани со сува кашлица. Есенцијалното масло од чемпрес содржи камфен кој помага да се намали респираторното запушување. Есенцијалното масло од еукалиптус ги поддржува белите дробови и го зајакнува имуниот систем за време на настинка или напад на грип. Исто така може да ослободува од болка и да ја смирува мускулната тензија која е резултат на настинка. Есенцијалното масло од ниаули го поддржува имуниот систем за време на сезоната на грип и настинки и промовира белодробно и синусно здравје. Длабоко смирувачкото масло од естрагон помага да се намали сериозноста на спастична кашлица.

Како да се користи: Капнете неколку капки од мешавината на есенцијални масла на вашите прсти или рака. Избегнете директен контакт на пипетата со кожа.

  1. За деца од 3 месеци до 1 година: нежно втријте 1 капка на стапалата, 3-4 пати на ден. Користете неколку дена.
  2. За деца од 1 до 2 години: нежно втријте 2 капки на градите и горниот дел од грбот, 3-4 пати на ден. Користете неколку ден.
  3. За деца од 2 до 6 години: нежно втријте 4-5 капки на градите и горниот дел од грбот, 3-4 пати на ден. Користете неколку дена.
Можеби ќе ви се допадне:   Успешна приказна со Мелиха Умер

 

  1. KIDS / WET COUGH МАСЛО ЗА ДЕЦА ПРОТИВ ВЛАЖНА КАШЛИЦА – 10 МЛ.

Овој еликсир е мешавина од екстракт од камфорово дрво и масло од инула. Инфузирани во бадемово масло, оваа комбинација може да се користи за намалување на симптомите на воспаление на грлото, засипнатост и мокра кашлица. Есенцијалното масло од екстракт од кора од камфорово дрво содржи природни антимикробни својства кои можат да го зајакнат имуниот систем на детето. Исто така е ефикасен третман за респираторни инфекции. Аромата на екстрактот од кора од камфорово дрво слична на еулкалиптус, со својата висока содржина на камфор, ја олеснува кашлицата. Есенцијалното масло од инула е проценето како најсилниот муколитик во ароматерапијата, подобрувајќи ги внатрешните функционални нерамнотежи како кашлица и синузитис. Есенцијалното масло од инула е богато со естер борнил ацетат и монотерпенол борнеол и се користи поради неговите седативни, антивоспалителни, антибактериски и експекторантни својства.

Како да се користи: Капнете неколку капки од мешавината на есенцијални масла на вашите прсти или рака. Избегнете директен контакт на пипетата со кожа.

  1. За деца од 3 месеци до 1 година: нежно втријте 1 капка на стапалата, 3-4 пати на ден. Користете неколку дена.
  2. За деца од 1 до 2 години: нежно втријте 2 капки на градите и горниот дел од грбот, 3-4 пати на ден. Користете неколку дена.
  3. За деца од 2 до 6 години: нежно втријте 4-5 капки на градите и горниот дел од грбот, 3-4 пати на ден. Користете неколку дена.

 

  1. KIDS / THROAT МАСЛО ЗА ДЕЦА ПРОТИВ БОЛКИ И ИРИТАЦИИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД СУВО ГРЛО – 10 МЛ.

Овој еликсир е мешавина од есенцијални масла како равинцера, камилица, лаванда и сладок риган. Инфузирани во бадемово масло, тие помагаат да се намалат симптомите на воспалено грло. Есенцијалното масло од равинцера го поддржува здравјето на белите дробови и зајакнувањето на имуниот систем, корисно кога се доживува воспаление на грло. Слаткиот риган исто така помага телото да се бори со вирусни и бактерицидни инфекции. Дифузирајќи слатка хербална арома, есенцијалното масло од римска камилица може да создаде мирна атмосфера и да помогне да се смират симтомите на воспалено грло. Се верува дека чистото фрагрантно масло од лаванда промовира смиреност. Тоа е ценето по својата способност да создаде опуштеност и смиреност, дури и кога детето пати од отечени крајници.

Можеби ќе ви се допадне:   Се што е потребно за една мајка доилка за измолзување, чување и складирање на мајчиното млеко

Како да се користи: Капнете неколку капки од мешавината на есенцијални масла на вашите прсти или рака. Избегнувајте директен контакт на пипетата со кожа.

  1. За деца од 3 месеци до 1 година: нежно втријте 1 капка на стапалата, 3 пати на ден.
  2. За деца од 1 до 2 години: нежно втријте 2 капки на вратот, 3-4 пати на ден.
  3. За деца од 2 до 6 години: нежно втријте 4-5 капки на вратот, 3-4 пати на ден.

Кога да посетите доктор

На имунолошкиот систем на бебето му е потребно време за да созрее. Ако тоа има настинка без компликации, таа треба да помине за 10 до 14 дена. Повеќето настинки се едноставно само непријатност. Но, важно е да не ги земете здраво за готово симптомите на вашето бебе. Доколку тие не се подобрат, или пак дополнително се влошуваат, време е да зборувате со вашиот доктор.

Доколку вашето бебе е помладо од 3 месеци, посетете доктор уште во почетокот на настинката. Кај новороденчињата, особено е важно да не дозволите посериозна болест да е присутна, особено во случај на треска.

Доколку вашето бебе е 3 месеци, или постаро, посетете доктор доколку тоа:

  • Не мокри ист број на пелени како и вообичаено
  • Има температура повисока од 38С
  • Дава знаци на болка во увото или е невообичаено иритабилно
  • Има црвени очи, или лачи жолта или зелена течност од очите
  • Има проблем со дишењето
  • Има кашлица која не се повлекува
  • Има густ, зелен назален исцедок во период од повеќе денови
  • Има други знаци и симптоми кои ве загрижуваат, како невообичаен алармантен плач или пак бебето не се буди за јадење

Побарајте итна медицинска помош веднаш доколку вашето бебе:

  • Одбива да јаде или внесува течности
  • Кашла доволно силно за да предизвика повраќање или промена на бојата на кожата
  • Искашлува крвав слуз
  • Има тешко дишење или пределот околу усните добива сина боја
  • Има невообичаено ниско ниво на енергија и постојано му се спие

Производите од брендот на You&Oil можете да ги најдете на сите физички локации на Bellina.mk и на нивниот веб сајт www.bellina.mk.