Како да спречите појава на осип кај вашето бебе?
Осипот кај пеленската регија е тип на дерматитис кој изгледа како воспаление на бебешкото газе, бутови и гениталии. Овој осип може да биде предизвикан од мокри или нечисти пелени, кои не доволно често се менуваат. Или пак, може да биде резултат на сензитивна кожа или триење. Оваа појава е честа кај бебињата, но може да се јави кај секој кој користи пелени.
Осипот од пелени најчесто се прочистува со едноставна домашна нега, како често проветрување на газето, почесто менување пелени и користење крема за пеленска регија.
Симптоми на осип кај пеленска регија се:
- Воспаление на бебешкото газе, бутови и гениталии
- Чешање и рани во оваа област
- Неудобност, кенкање или плачење, особено за време на промена на пелената
Кога да посетите доктор?
Доколку осипот не се повлече по неколку дена домашен третман, разговарајте со вашиот доктор. Можеби ќе биде потребен медицински третман, или пак ќе се воочи дека осипот е резултат на поинаков проблем како себореичен дерматит, атопичен дерматит, псоријаза или нутритивен недостаток.
Посетете доктор доколку осипот:
- Е проследен со температура
- Е невообичаен
- Опстојува или се влошува и покрај домашната нега
- Крвари, чеша или е загноен
- Предизвикува печење и болка кога бебето врши нужда
Причина за појава на осип кај пеленската регија
- Нередовно менување на пелените. Кожата може да развие осип доколку нечистите и мокри пелени подолго време не се променат. Бебињата се особено склони кон осипи доколу имаат честа столица или дијареа. Bambo Nature е одличен избор кој може да ви помогне со овој проблем, бидејќи индикаторот за влажност кај нивните пелени и гаќички навремено ќе ве извести кога да ја промените пелената!
2. Триење. Тесните пелени и облека кои што се тријат од кожата може да предизвикаат осип.
3. Употреба на нов производ. Кожата на вашето бебе може да реагира на нов бренд бебешки влажни марамчиња, пелени, прашок за перење или омекнувач. Состојките во лосионите, пудрите и маслата може да додадат на проблемот, па затоа е важно какви производи ќе одберете за вашето бебе. Со Bellina.mk ви ги препорачуваме следниве производи за нега на пеленска регија:
- No perfume baby / антиалергенска крема за пеленска регија со цинк оксид – 75 мл.
- Baby & kinder / крема со цинк за пеленска регија – 50 мл.
- Little siberica / крема за пеленска регија – 75 мл.
- Alga natis / крема за пеленска регија со цинк оксид – 75 мл.
- Alga natis / oleocalcareous лосион за пеленска регија – 200 мл.
4. Појава на бактериска или габична инфекција. Што започнува како едноставна инфекција, може да се прошири и на остатокот од кожата. Областа покриена со пелена е ставена на ризик бидејќи е топла и влажна, правејќи го ова совршена околност за појава на бактерија и габи. Овие осипи може да се најдат и во деловите каде кожата се преклопува.
5. Запознавање со нова храна. Како што бебињата започнуваат со внесување цврста храна, така и содржината на нивната столица се менува. Ова ја зголемува шансата за осип кај пеленската регија. Доенчињата може да развијат осип и поради нешто што мајката го консумирала.
6. Сензитивна кожа. Бебињата со атопичен дерматит, себореичен дерматит, или други кожни состојби може да бидат повеќе склони кон појава на пеленски осип. Иритираната кожа кај атопичен дерматит често може да биде и во регии кои не се покриени со пелена.
7. Употреба на антибиотици. Антибиотиците може да допринесат за појава на осип, убивајќи ги бактериите кои спречуваат создавање габична инфекција. Употребата на антибиотици ја зголемува и шансата за појава на дијареа. Доенчињата чии мајки користат антибиотици исто така се подложни на зголемен ризик за појава на осип.
Превенција
- Често менувајте ги пелените. Променете ги мокрите и нечисти пелени веднаш штом можете. Доколку вашето дете е во градинка, побарајте го ова и од вработените. Bambo Nature се одличен избор за вашето бебе, тие имаат:
- Ултра-апсорбирачко јадро
- Индикатор за влажност кој менува боја секогаш кога треба да ја промените пелената
- Еластична лента на половината и отворите за нозе која не содржи латекс, ја држи пелената на место за удобност на бебето, а сепак овозможува слобода на движењата.
- Пелените се дерматолошки тестирани.
2. Исплакнете го газето на вашето бебе со топла вода при секоја промена на пелена. Можете да користите лавабо, када или пак шише со вода за оваа намена.
3. Нежно тапкајте ја бебешката кожа со чиста крпа или оставете природно да се исуши. Не тријте го бебешкото газе.
4. Нанесете крема, лосион или маст. Доколку вашето бебе често има осипи, нанесете крема, лсоион или маст при секоја промена на пелена.
5. По промена на пелената, задолжително измијте ги вашите раце. Миењето раце може да спречи дополнително ширење на осипот на други делови од кожата.
6. Овоможете воздух во пелените. Осигурајте ја пелената, но не прецврсто. Воздухот во пелената и помага на кожата. Пелените кои се презатегнати на бебето, се тријат од кожата.
7. Овозможете му на бебешкото газе што е можно повеќе време надвор од пелена. Кога е возможно, оставете го вашето бебе да биде без пелена. Изложување на кожата на воздух е природен и нежен начин за нејзино сушење.
Препорачаните производи можете да ги пронајдете на физичките локации и веб сајтот на www.bellina.mk , а дел од нив и во дрогериите на ДМ.