Дефиниции на термини кои се користат во овој артикл:

  • Спиење заедно. Мајката и / или нејзиниот партнер (или било која друга личност) спијат заедно со бебето.
  • Одделно спиење. Бебето спие во посебна соба од родителите или старателите.
  • Споделување на постела. Земање на бебето на спиење во ист кревет со вас, без разлика дали спиењето е наменето или не.
  • Спиење во иста соба. Бебето спие во колевка или друга посебна спијна површина во истата просторија како и родителите.

Спиење во ист кревет/спална. Ова ги вклучува практиките на делење на креветот и спиење заедно на иста површина за спиење. Оваа терминологија овозможува диференцијација на ризиците поврзани со одделното спиење (спиење на бебето во посебна просторија), споделување на просториите и средините во кои бебето и старателите ја делат истата површина за време на спиењето.

Ненадејна неочекувана смрт кај доенчиња (СУДИ). Ненадејна, неочекувана смрт на бебе, при што причината за смртта не е веднаш воочлива. СУДИ е истражувачка класификација која вклучува и СИДС и фатални несреќи при спиење.

Фатална несреќа при спиење. Смрт на бебето која се јавува во текот на спиењето, како резултат на несреќа како што е пад, задушување или прекривање.
Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС). Ненадејна и неочекувана смрт на бебе под 1 година, со појава на смртоносна епизода, која се појавува во текот на спиењето, останува необјаснета по темелна истрага, вклучувајќи и извршување на комплетна аутопсија и преглед на околностите на смртта и клиничката историја.

Доењето има заштитен ефект против СИДС

Постојат неколку теории за тоа зошто доењето има заштитен ефект од ненадејни неочекувани смртни случаи во детството. Тие вклучуваат:

Доените бебиња полесно се разбудуваат од сон за разлика од бебињата на 2-3 месечна возраст кои се хранат со формула, која е во рамките на максималната возраст од 2-4 месеци за време на која се јавува СИДС.

Доењето ги обезбедува бебињата со важни имунолошки фактори (на пример, антитела и бели крвни клетки). Овие имунолошки својства на мајчиното млеко можат да помогнат за да се заштитат бебињата од СИДС.

Спиењето заедно со бебето е честа појава

Многу родители сметаат дека спиењето на бебето заедно со нив им помага да се грижат за своето бебе ноќе. Дури и кога родителите, пред раѓањето на своето бебе, немаат намера да спијат заедно со своето бебе, сепак е вообичаено родителите да го сторат тоа барем во одреден момент преку ноќ. Една австралиска студија покажа дека 80% од бебињата извесно време спиеле заедно со своите родители во првите 6 месеци од животот.

Доење и спиење заедно

Бебињата треба да се хранат во текот на ноќта и многу нови мајки заспиваат додека го хранат своето бебе. Спиењето заедно помага да се намали нарушувањето на спиењето и за мајката и за нејзиното бебе.

Можеби ќе ви се допадне:   Одбивање на вашето бебе

Доењето и спиењето заедно, меѓусебно се поддржуваат. Погодноста на спиењето заедно со своето бебе, дава можност за доење во текот на ноќта и таа е причината која родителите најчесто ја даваат за спиењето заедно. Мајките кои делат кревет со своето бебе имаат тенденција да дојат повеќе и да го одржуваат ексклузивното доење подолго од оние кои не спијат заедно со своето бебе.

Доењето штити од СИДС. Понатаму, заштитувајќи го своето бебе, мајката која спие заедно со своето бебе и дои најчесто ја прифаќа позицијата која го олеснува блискиот физички контакт и набљудување на нејзиното бебе. Таа има тенденција да го држи бебето на ниво на градите со раката помеѓу главата на бебето и перницата. Таа, исто така, инстинктивно ги свиткува нозете со што прави заштитнички простор околу бебето, што значи невозможно е друго лице да се истркала врз бебето без да дојде во контакт со нозете.

Мајката која доела и спиела со своето бебе (и не консумирала алкохол, нелегални или лекови кои предизвикуваат спиење или екстремен замор), исто така, има тенденција да биде многу одговорна за потребите на нејзиното бебе. Истражувањата покажуваат почести пробудувања кај мајките и бебиња, кога тие спијат заедно, а некои истражувачи сугерираат дека ова може да биде заштитен фактор од ненадејни неочекувани смртни случаи кај доенчиња. Бебињата се проверуваат од страна на нивната мајка и почесто се дојат кога спијат заедно отколку кога делат соба.

Фактори на ризик за СИДС кога спиете заедно

Во одредени околности, некои студии покажале зголемен ризик од СИДС кај бебиња кои спијат заедно со мајката. Идентификувани се следниве фактори на ризик:

Пушењето

Бебето кое е изложено на чад од цигари (на пример, ако мајката или таткото пушат, или мајката пушела за време на бременоста) го зголемува ризикот од СИДС, без разлика каде спие бебето. Родителите кои пушат (или мајка која пушела за време на бременоста) никогаш не треба да заспиваат со своето бебе. Родителите кои пушат можат да делат просторија додека просторијата во која спие бебето се чува беспрекорно чиста, бидејќи нивните бебиња имаат зголемен ризик од ненадејна смрт кај новороденчиња и затоа бараат поблиска опсервација.

Алкохол, дрога или екстремен замор

Бебињата имаат зголемен ризик од СИДС доколку спијат со некој кој консумирал алкохол или нелегални дроги или лекови кои предизвикуваат спиење или родител кој се соочува со екстремен замор. Родителот не треба да спие со своето бебе доколку консумирал алкохол или нелегални или лекови кои индуцираат сон, или кога се крајно уморни.

Можеби ќе ви се допадне:   Затоа што за моето бебе го бирам само најдоброто!

Спиење со брат или сестра или домашно милениче

Бебињата се изложени на зголемен ризик од смрт ако спијат со повеќе лица отколку (на пример, други браќа и сестри) или со милениче. Со спиењето со брат или сестра се зголемува ризикот за СИДС. Бебињата не треба да заспиваат со некој друг, освен со нивниот родител.

Прекумерна згоеност на родителите

Родителите кои се со прекумрна згоеност можеби нема да можат да почувствуваат точно каде и колку блиску е нивното бебе и затоа можеби подобро е да делат соба со нивното бебе.Прекумерно згоените родители не треба да спијат со своето бебе.

Бебиња кои се хранети со формула

Д-р Џејмс Мекена препорачува новородените бебиња кои се хранат со формула да споделуваат соба со нивните родители, наместо да спијат заедно, бидејќи мајките кои ги хранат своите деца со формула не ги покажуваат истите одговорни практики во текот на ноќта како мајките кои дојат.

Спиење заедно на софа

Користењето на троседот, каучот или фотелјата како место за спиење за бебето го зголемува ризикот од фатална несреќа при спиење. Старателите никогаш не треба да спијат со бебе на троседот, каучот или фотелјата. Бебињата можат да се задушат со перничиња или да се заглават помеѓу седиштето и задниот дел од софата, без разлика дали со нив спие возрасно лице.

Прегревање или покривање на главата на мало бебе

Се смета дека ризикот од смрт кај едно мало бебе кое спие со родител може да се зголеми доколку бебето се прегрее или доколку главата на бебето е покриена. Некои студии покажале поголем ризик од смрт кога детето ( односно на возраст под 12 недели) дели кревет со родител. Овие студии, сепак, не ги земаат предвид сите познати фактори на ризик, како што се употребата на алкохол или дрога или повеќе луѓе на еден кревет. Покрај тоа, максималната возраст за СИДС отсекогаш била во овој опсег, без разлика каде спие бебето.

Бебе без надзор на кревет за возрасни

Оставањето на бебето без надзор на кревет за возрасни, исто така, го зголемува ризикот од фатална несреќа при спиење.

Завиткување и повивање на новороденчиња

Не го завиткувајте бебето доколку делите иста површина на спиење бидејќи тоа го ограничува движењето на рацете и нозете.

Спиење во иста соба

Постои помал ризик од СИДС кога бебто спие во иста соба со родителите во споредба со бебето кое спие само во друга просторија (одделно спиење). Спиењето во соба со други деца нема заштитен ефект. Една европска студија од 2004 година објави дека околу 36% од случаите на СИДС во оваа студија се припишуваат на спиењето на бебето само и 16% може да се припише на заедно спиење.

Можеби ќе ви се допадне:   Психолошкиот аспект на абортусот

Спиење заедно со непушачи и трезни родители

Главните ризици на спиење заедно со непушачи и трезни родители се смета дека се прегревање и покривки на главата. Не треба да се користат електрични ќебиња. Креветот треба да биде поставен така што бебето не е близу до перница, ниту пак главата е покриена со ќебе, прекривка или перница. Бебињата секогаш треба да бидат поставени на грб. Не треба да се превртуваат или да се завиткаат, туку да бидат слободни да се движат. Душекот треба да биде цврст и рамен, и не треба да има можност за бебето да биде заглавено меѓу ѕид или друг кревет или помеѓу страните на креветот и душекот.

Резиме

  • Повеќето смртни случаи на СИДС се случуваат кога бебето спие само без надзор на посветен возрасен.
  • Родителите кои спијат заедно со децата треба да бидат свесни за ризиците и да го организираат просторот за спиење за да ги минимизираат овие ризици.
  • Заедно спиење со родителот кој пуши го зголемува ризикот од СУДИ, вклучувајќи го СИДС родителите кои пушат (или мајката која пушела за време на бременоста), никогаш не треба да спијат со своето бебе.
  • Родителите кои се во алкохолизирана состојба, дрога или екстремен замор не смеат да спијат со своето бебе додека се под влијание на тие состојби.
  • Софата не е безбедно место за спиење за бебето со или без присуство на родител, бидејќи го зголемува ризикот од смрт на доенчињата.
  • Спиењето заедно има за цел да е корисно за бебиња со тоа што го поддржува доењето и со тоа и  здравјето на бебето.
  • Исто така им помага на родителите да се наспијат.
  • Предизвикот е да се намалат стапките на смртност на новороденчиња без да се загрози доењето.
  • Малку е веројатно дека делењето кревет сам по себе е  фактор на ризик за СУДИ, но и конкретните околности кои се случуваат при спиењето.

Шест начини да се намали ризикот од ненадејна неочекувана смрт кај доенчиња и бебето да спие безбедно

  1. Бебето да спие на грб од раѓање, а не на стомакот или на страна
  2. Бебето да спие со главата и лицето откриени
  3. Чувајте го чадот подалеку, не пушете пред породување и по раѓање
  4. Обезбедете безбедна средина за спиење
  5. Бебето да спие на своето место за спиење во иста просторија заедно со родителите во првите шест до дванаесет месеци
  6. Доите го бебето