Кариесот е една од најчестите хронични болести кај децата. Нетретираниот кариес може да предизвика болки и инфекции кои пак може да предизвикаат проблеми со јадењето, говорот, играњето и учењето. Децата кои имаат лоша орална хигиена почесто отсуствуваат од настава и имаат полоши оцени од оние деца кои имаат добра орална хигиена.
Повеќе од половина од децата на 6 до 8 годишна возраст имале кариес во најмалку еден од нивните бебешки (примарни) заби.
Повеќе од половина од адолесцентите на 12 до 19 годишна возраст имале кариес во најмалку еден од нивните трајни заби.
Кај децата на 5 до 19 годишна возраст кои ретко или воопшто не посетувале стоматолог има двојно поголема шанса (25%) да се појави кариес, споредено со децата кои што редовно посетувале стоматолог (11%).
Што вие како родители можете да направите?
За бебиња
- Бришете ги непцата два пати на ден со мека, чиста крпа наутро по првото хранење и непосредно пред спиење за да ги отстраните бактериите и шеќерите кои може да предизвикаат кариес.
- Кога забите ќе почнат да се појавуваат, почнете да четкате два пати на ден со мека четка за заби со мали влакненца и вода.
- До првиот роденден на вашето бебе, однесете го на стоматолог барем еднаш, за да забележите рани знаци доколку има некаков проблем.
За деца
- Четкајте ги нивните заби два пати на ден со паста за заби.
- Помагајте му на вашето дете да ги четка забите се додека не стекне правилна навика за четкање на заби.
*Ако вашето дете е помало од 6 години, гледајте го додека го додека ги четка забите. Погрижете се да користи паста во количина од едно зрно грашок и секогаш да исплука, а не да голта.
Доброто орално здравје е важно за време на бременост
Кога сте бремени може да сте повеќе склони кон заболувања на непцата и кариес, што може да влијае на здравјето на вашето бебе. Следете ги овие три чекори за да ги заштите вашите заби:
- Посетете стоматолог (безбедно е!) пред да се породите.
- Четкајте ги вашите заби два пати на ден.
- Употребувајте конец за заби.
Доколку имате гадење, исплакнете ја устата со 1 лажица сода растворена во чаша вода, откако ќе ви се слоши. Ова ќе ви помогне да ги исплакнете стомачните киселини и да ја одржите гелѓта здрава.
Кои се ризик факторите за појава на кариес?
Шансите кај вашето дете да се јави кариес се поголеми доколку:
- Членови од семејството (постари браќа, сестри или родители) имаат кариес.
- Доколку консумираат храна и пијалоци со голема концентрација на шеќер, особено помеѓу оброците.
- Доколку имаат посебни потреби за орална хигиена.
- Доколку носат протези или орални апарати.
Доколку некоја од овие точки се однесува на вашето дете, погрижете се да разговарате со вашиот стоматолог, педијатар или матичен доктор за да се осигурате дека ги земате предвид сите дополнителни чекори кои се потребни за да се зашти неговото орално здравје.
Кои се придобивките од користењето органски пасти за заби кај вашите деца?
Многу педијатри ги советуваат родителите да им даваат на своите деца не постари од 5 години паста за заби не повеќе од количина на едно зрно грашок. Ова се практикува бидејќи некои состојки во регуларните пасти за заби се алергени за децата. За среќа, органските пасти не содржат такви алергени додатоци, па можете без страв да им ги давате на вашите деца.
Регуларните пасти содржат конзерванси како saccharin, sodium lauren sulfate, вештачки засладувачи, бои итн. Некои од нив се груби за нашите заби, доколку постојано ги користиме при миење. Поради тоа, секогаш погледнувајте ги состојките во пастата за заби пред да ја купите.
Доколку барате паста за заби која не содржи вакви хемиски состојки кои му штетат на вашето орално здравје, органските пасти се вистинскиот избор за вас:
Која четка да ја одберете за вашето дете?
Добро познато е дека штом се појави првото запче во устата на детето, веќе е време да се започне со четкање. Но, како да ја одберете вистинската четка? Дали вашето бебе треба да користи иста четка како и вашето седумгодишно дете? Кога децата треба да започнат со користење на четки за возрасни?
Со бескрајно многу опции, може да биде тешко да се одбере четска за заби за вашето дете, но ние сме овде за да ви помогнеме!
Прво и најважно, независно од возраста на вашето дете, секогаш одберете четка со меки влакна. Меките влакна ефективно го отстрануваат забниот камен, но и се понежни кон детските непца и заби. Употребата на средни и тврди влакна може да предизвикаат оштетување на непцата или прекумерно абење на глеѓта (заштитниот надворешен слој на забите).
Со ова, заклучивме дека има преголем избор на четки со меки влакна. Но како да знаете која е вистинската за вашето бебе или преадолесцент?
Кога одбирате четка за вашето дете, важно е да обрнете внимание на големината на неговата уста. Малите деца имаат многу помали усти од возрасните. За ефективно и удобно да ги чистат своите заби, треба да одберете четка за заби со соодветна големина и која е соодветна на возраста на детето.
Доколку би сакале да одберете еколошка четка која е изработена од внимателно одбрани состојки, четките на The Humble Co. и Biobrush Berlin се вистинскиот избор за вас:
Сите производи можете да ги најдете на физичките локации на bellina.mk и на нивниот сајт www.bellina.mk. Дел од производите се достапни и во дрогериите на ДМ.