Се ближи еден од најважните денови во вашиот живот, а се уште не знаете што се треба да направите за да бидете подготвени?!

Големиот избор на производи како идни мајки може да ве збуни повеќе. Дали ќе го направите вистинскиот избор за вашето бебе? Неколку совети за вас идни мајки и наша топла препорака на одредени производи. Овие насоки ќе ви бидат од корист во подготвување на кошницата за вас и вашето бебе.

Подгответе го вашиот ум.

Избегнувајте ги страшните приказни и лошите искуства кои ќе ви предизвикуваат дополнителен стрес. Дури и доколку самите веќе сте имале лошо искуство, потрудете се да останете со позитивна мисла. За да го надминете стравот од породувањето препорачуваме да посетувате часови за психофизичка подготовка за трудници.

Подгответе го вашето тело.

За лесно породување потребно е да имате силно и издржливо тело, па секои вежби кои ќе ги правите одобрени од докторот кој ја води вашата бременост е добредојдени и на овој начин нема да го подготвувате само вашето тело, туку и ќе се ослободите од стресот.

Ослободете се од стрес.

За ослободување од стрес можете да истражите и испробате различни техники кои ќе ви помогнат и при самиот чин на пораѓање, за лесно да се смирите и полесно да се справите со болката. Техниките за дишење кои се учат на часовите за подготовка на трудници се вашиот најголем пријател во надминување на породилните болки.

Направете план за породување.

Една од најважните работи е секако да имате и план за пораѓајот кој ќе биде корисен начин преку кој ќе ги искомуницирате сите ваши идеи и желби, грижи и избори. Со овој план ќе избегнете да се ставите себеси во активни и долги дискусии во најблиските моменти до пораѓањето. Кога велиме “план на породување” се насочуваме кон избор на болница во која ќе се одвива породувањето.

Подгответе кошница за вас и вашето новороденче.

Она што во последниот триместар го размислува секоја мајка “што е потребно за бебето, а што за мене”?

Можеби ќе ви се допадне:   1ви Март - Меѓународен ден на IBCLC консултантите за доење

Доколку посетувате часови за трудници може да добиете конкретни насоки. Можеби и од останатите трудници во групата ќе добиеме некој совет или препорака од искуство на нивни блиски мајки кои веќе имаат поголеми бебиња.

Во продолжение, со Bellina.mk ви нудиме неколку предлози за некои основни производи што треба да ги подготвите, за мирно да го пречекате вашето најмило.

За мама:

Да одвоите време за себе е круцијалниот чекор кој ќе направи да се чувствувате добро во вашата нова улога на мајка. Бидете нежни со себе и одберете производи кои ќе ги пресретнат основните потреби на вашата кожа.

Обновувачка крема која заштитува и спречува појава на стрии

Оваа крема е комбинација од две природни состојки против стрии. Таа ја храни, омекнува и зајакнува кожата, поттикнувајќи повлекување на стриите. Истовремено спречува и чувство на чешање и скокоткање.

Клинички докажана ефективност*

Намалено црвенило на стриите кај 82,1%* од жените.

85,7%* од жените потврдиле намалена видливост на стриите.

100%* од жените ја чувствувале својата кожа помека, поеластична и помазна.

*Клиничко испитување извршено кај 30 жени, во времетраење од 56 дена. Под дерматолошки надзор.

Обновувачки балсам за гради

Овој балсам спречува појава на пукнатини, ги омекнува и заштитува брадавиците и ја намалува нивната сензитивност.

Клинички докажана ефективност*

100%* од жените се задоволни:

Смирена иритација и затегнатост.

Непосредно ослободување од чувство на непријатност кај сензитивни брадавици.

Обезбедено чувство на добробитие и удобност.

*Дерматолошки контролирано тестирање кај 11 жени.

Органски влошки и гаќички за родилки.

Дали знаете од што се направени влошките кои досега сме ги користеле?

Повеќето не се направени од памук. Многу познати брендови на влошки се изработени главно од синтетика, како вискоза. Тие содржат и САП (Супер Апсорбирачки Полимери) кои се добиени од сирова нафта.

Зошто ги препорачуваме Organ(y)c влошките за родилки? Тие се изработени од 100% органски памук, и овозможуваат на кожата да дише, се високо-апсорбирачки, хипоалергени, имаат анатомски дизајн и биоразградливи компоненти. Производите Organ(y)c содржат 89% состојки од органско потекло сертифицирани согласно најреномираниот стандард ICEA.

Можеби ќе ви се допадне:   Кога доењето не функционира

Ви нудиме и втор избор, а тоа се влошките на Abena. Нивните влошки се големи за поголема сигурност и со самолеплива лента со која може да се залепат на Arbi-Fix мрежастите гаќички за родилки. Особеност на овие влошки се што се поголеми и подолги од останатите влошки на пазарот. Тие се специјално дизајнирани за мајки кои по породувањето доживуваат постпородилно чистење или проблем со инконтиненција.

Arbi-Fix Net гаќичките се практичен избор за време на бременоста и постпородилниот период. Тие се изработени од материјали кои овозможуваат удобност при движење и ја задржуваат влошката на своето место. Поради начинот на кој се направени, гаќичките одлично прилегаат на телото и половината и допринесуваат за вентилација, чувство на свежина и сувост во аногениталната регија. Гаќичките се достапни во три големини (M, L, XL) и се практични за машинско перење на 60°C.

За бебето:

Органски пелени.

Пелените на Bambo Nature одлично прилегаат на телото и имаат супер апосорптивно јадро кое ја одржува кожата сува и со ова спречува појава на осип од пелената и ја зголемува удобноста. Дополнително тие имаат и индикатор за влажност кој ја менува бојата кога пелената е влажна и треба да се смени. Кога станува збор за вашето дете, само најдоброто е доволно, па затоа Bambo Nature пелените и гаќичките се исклучително меки; имаат прилагодливи ленти за полесно прилагодување на телото, мек заден дел, индикатор за влажност; пропуштаат воздух за да дише газето; не содржат парабени, парфеми, лосиони и конзерванси; дерматолошки се тестирани и имаат сертифицирана гаранција за еколошки пелени.

Пелените Bambo Nature ги опфаќаат сите возрасни групи како и останатите конвенционални пелени, но Bambo Nature ја препознава и потребата за создавање на нова 0 или XXS големина за оние бебиња кои се вистински борци – недоносените бебиња (1кг до 3кг) кои бараат посебна нега за нив.

Можеби ќе ви се допадне:   Опстипација (запек) во текот на бременоста

Основни производи за одржување хигиена.

При изборот на козметика за бебиња и деца, како и за нас самите секогаш најдобриот избор е органска сертифицирана козметика. Кои се клучните причини зошто секој родител треба да ги земе во предвид органските бебешки производи? Тие се понежни кон бебешката кожа, претставуваат помал здраствен ризик, намалуваат ризик од иритација, овозможуваат нежна хидратација и вашето најмило не е изложено на штетни токсини.

Замена за најчесто употребуваниот производ – павловичева крема.

Сертифицираната органска формула на Oleo calcareous лосионот за пеленска регија е направена од 100% состојки од природно потекло и 50.9% состојки од органско потекло. Тој е есенцијален при промена на пелени, неговата сертифицирана формула деликатно ја чисти кожата на вашето бебе, ја храни и создава заштитен слој кој штити од надворешни иританти (урина, фецес, триењето од пелената). Алкалната pH вредност на лосионот ја неутрализира киселоста на урината со што воспоставува pH вредност најблиска до онаа на кожата. Благодарение на уникатната комбинација од состојки, овој лосион храни, смирува и спречува иритации и црвенила кај кожата на вашето бебе.

Неговата хипоалергена формула не содржи додадени парфеми, алкохол, или други контроверзни состојки како вазелин, талк и парафински масла, гарантирајќи ви највисока можна толеранција кај бебешката кожа.

 

Дополнително, она што дома можете да го направите пред да заминете на породување е да потготвите детергенти и средства кои не содржат хемикалии од брендовите Cleen и Organic People, а се сепак ефективни, за да ги одржувате облеката, играчките и цуцлите на вашето бебе чисти.

Ви посакуваме лесна подготовка за еден од вашите најважни денови во животот и  непрекинато уживање во моментите со вашето најмило!

Сите наведени производи може да ги најдете на продажните локации на Bellina и на нивниот веб сајт www.bellina.mk. Дел од производите се достапни и во дрогериите на dm.