Новото истражување дава навистина силна причина зошто ЕКСКЛУЗИВНОТО ДОЕЊЕ е толку важно за сите бебиња, но особено за оние бебиња родени со царски рез.
Оваа нова студија го разгледала влијанието врз микробиомот на цревата кај доенчињата:
- Според начинот како се раѓале бебињата (вагинално раѓање или царски рез)
- според начинот како тие бебиња биле хранети во првите 6 месеци по раѓањето.
Новото истражување потврдува дека бебињата родени со царски рез навистина имаат променет цревен микробиом во споредба со бебињата родени вагинално.
Ова истражување повторно покажува, како што покажаа и многу претходни студии, дека начинот на раѓање на бебето (вагинално или со царски рез) е главен фактор во однос на разликите во цревната микробиота во раниот живот.
Но, оваа нова студија покажа и нешто друго…
Промените во цревниот микробиом на доенчињата поврзани со раѓањето со царски рез може да се обноват со ЕКСКЛУЗИВНО ДОЕЊЕ.
Ова е важна порака до сите здравствени работници и до сите родители.
На поинаков начин, оваа нова лонгитудинална кохортна студија од кинески истражувачи открива дека ексклузивното доење ги обновува „пертурбациите“ во цревната микробиота поврзани со начинот на породување.
Објаснување на студијата:
Истражувачите разгледале 2 временски периоди; 6 недели и 6 месеци по породувањето.
- 6 недели по раѓањето – 139 бебиња биле вклучени во студијата.
- 6 месеци по раѓањето – од 139 бебиња, 101 бебе (73%) сè уште биле во студијата по 6 месеци.
Примероците на столицата биле земени од секое од бебињата и се добиенополнителни информации од првите 6 месеци, вклучувајќи:
- Возраст на мајката
- Бременост (колку пати мајката била бремена)
- Индекс на телесна маса пред бременоста
- Дали бебето е родено вагинално или со царски рез
- Полот на бебето
- Тежина при раѓање
- Начин на хранење (дали исклучиво доење или не)
- Појава на респираторни инфекции во текот на првите 6 месеци (ако мајката пријавила дека бебето има пневмонија, бронхитис, треска – повисока од 38 °C – придружени со кивање, кашлање или отежнато дишење.)
Бебињата се поделени во две групи според начинот на хранење:
Ексклузивно доење: Дефинирано како бебето да се храни со мајчино млеко исклучиво од раѓање.
Комбинирано хранење: Дефинирано како хранење на бебето со мешавина од мајчино млеко и детска формула, во различни пропорции.
Главни наоди: Многу едноставно објаснето, на 6 недели по раѓањето:
Составот и структурата на цревниот микробиом на бебињата родени со царски рез се РАЗЛИКУВААТ во споредба со бебињата родени вагинално.
Во 6-тата недела, бебињата родени со царски рез имале:
- Намалени бактериоиди
- Намалена ешерихија-шигела
- Зголемена клебсиела
- Зголемена веилонела
- Зголемен ентерокок.
- Повторно, многу едноставно објаснето…
На 6 месеци по раѓањето, овие разлики поврзани со раѓањето со царски рез беа обновени со ексклузивно доење.
Ексклузивно доење: Ако бебињата биле исклучиво доени, цревните микробиолошки профили помеѓу вагинално родените и оние родени со царски рез БИЛЕ СЛИЧНИ.
Комбинирана исхрана: додека, ако бебињата родени со царски рез биле комбинирано хранети (не исклучиво доени), бебињата имале повеќе променливи цревни микробиолошки профили.
Дополнителни наоди: Респираторни инфекции -Студијата исто така покажа дека промените во цревниот микробиом на доенчето поврзани со царски рез се поврзани со повисоки ризици од респираторна инфекција во првите неколку месеци од животот. Но, ексклузивно доење ги ублажува промените во цревната микробиота на доенчето поврзани со раѓањето со царски рез. Ова резултираше со намалена подложност на респираторни инфекции кај бебињата родени со царски рез, доколку исклучиво дојат. Според апстрактот: „Идентификувавме дека поврзаните родови VD (вагинално породени) беа збогатени кај здрави доенчиња, додека CSD (породени со царски рез) поврзани родови беа збогатени кај доенчиња кои страдаа од респираторни инфекции“.
Заклучокот на студијата, според апстрактот: „Нашите наоди покажуваат дека ексклузивното доење може да игра улога во промовирање на здравјето со намалување на чувствителноста на респираторните инфекции кај доенчињата преку обновување на нарушувањата на цревната микробиота предизвикани од царски рез“.
Студијата на Liu, Y. et al. е објавена во Frontiers in Microbiology на 10 јули 2023 година.
Пишува: Јасна Апостолски Николов дипл.мед.сестра, Меѓународен консултант за доење IBCLC, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници