Оваа група на витамини имаат важна улога во нашиот организам.

Луѓето внесуваат одредена количина Б-витамини преку исхраната бидејќи се наоѓаат во поголем број на намирници кои секојдневно ги конзумираат.

Но, одредени фактори или моментални состојби како што се возраста, бременоста, избор при исхраната, медицински состојби, генетика, употреба на одредени лекови ја зголемуваат потребата за внес на овие витамини. Во вакви околности потребно е да се внесуваат дополнително.

Најдобро е да се внесуваат суплементи “Б-комплекс” кои ги содржат сите осум Б-витамини.

Кои се својствата и делувањето на Б-витамините?

-Четири витамини од групата на Б-витамините: Б1, Б2, Б3 и Б5 делуваат во процесот на создавање на енергија. Затоа на секој организам на кој му е потребно дополнително количество енергија потребно е дополнително да се венсуваат Б-витамините.

За здрава кожа: Б-витамините се неопходни за одржување на здрава кожа, коса и нокти. Затоа и неможе да се издвои кој од овие витамини се најнеопходни да се внесуваат дополнително бидејќи витаминот Б2 ја штити кожата од пукање, витаминот Б3 помага при сува и воспалена кожа, витаминот Б5 помага при осетлива кожа, а Биотинот спречува перутање на кожата.

-Кај трудниците неопходен е внес на Б-витамините особено на витаминот Б12 и фолната киселина кои се неопходни за развој на фетусот.

-Кај доилките, особено оние кои се на вегетаријанска исхрана суплементирање со витаминот Б12 е неопходно.

-При стареење, спосбноста за ресорпција на витаминот Б12 се намалува, слабее и апетитот што го отежнува потребниот дневен внес на витаминот Б12 преку исхраната.

-Б-Витамините се заштитници и на кардиоваскуларниот систем.

Можеби ќе ви се допадне:   Плачливо и вознемирено бебе во попладневните часови?

-Постојат бројни докази дека Б-витамините се важни за развој и зачувување на менталните функции кај човекот.

-Ублажување на симптомите на предменструалниот синдром– витаминот Б6 помага во регулацијата на задршката на течности, го подобрува протокот на крвта низ женските полови органи, го регулира нивото на естроген и го намалува чувството на депресија.

Дали може да се внесе преголема количина која штетно би влијаела на оргазнимот?

Б-витамините се раствараат во вода. Нашето тело неможе да ги складира затоа е потребно секојдневно да се внесуваат со храна или да се суплементираат. Б-витамините не се токсични дури и ако се внесуваат во поголеми дози. Во секој сумпелент на Б-компекс витамините се регистрира нормална доза за дневен внес која му е потребна на секој организам.

За поедноставна употреба, а и за најмалите ги препорачуваме моно дозите со одличен вкус на чоколадо кој ке му се допадне на секое детенце.

Бевиплекс Б гранулите се наменети за:

  • Деца за правилен раст и развој
  • Лица со зголемена потреба за витамини од групата Б (редукциони диети, диети богати со јаглени хидрати, рековалесценти, акутни и хронични заболувања)
  • Лица изложени на тешки физички и психички напори (спортисти, ученици)
  • Лица после долга употреба на антибиотици

.Употреба:

  • Возрасни и деца над 1 година: еднаш дневно да се испие напиток направен од содржината на 1 кесичка гранули, разматени во вода или млеко.

Совет: За секој суплемент е потребна консултација со вашиот матичен лекар или матичниот педијатар на вашето дете.