Зошто бебињата икаат? Дали икањето е нормално кај бебињата? Што го предизвикува икањето и што можеме да направиме за да спречиме да икаат?

Икањето кај бебињата се јавува заради контракција на дијафрагмата и затварање на гласните жици. Икањето е нормална рекација кај бебињата бидејќи тие икаат и додека се во стомакот на мајката. Многу трудници во текот на бременоста го чувствуваат икањето на своето бебе. Икањето кај новороденчето може да трае и до 10 мин, и се додека бебето е спокојно и не е вознемирено не треба да ве загрижува. Предвремено родените бебиња се особено склони кон икање, тие поминуваат 1% од времето или приближно 15 минути во денот во икање.

Што може да го предизвика икањето?

Неодамнешна студија направена од University College of London покажува дека икањето се јавува како резултат на активноста на мозокот кај новороденчињата. Лорензо Фабризи еден од постарите автори на студијата, во својата изјава вели  дека оваа активност на мозокот може да им помогне на бебињата “да научат да ги следат мускулите на дишењето” што понатаму им овозможува сами да го контролираат дишењето. Тој додава и дека “одредени биолошки циклуси во организмот кои обработуваат чувства сеуште не се доволно развиени, па самиот постепен  физиолошки развој на одредени органски системи е клучна развојна пресвртница за новороденчињата.

Други причини за икањето после доењето можат да бидат:

  • Прејадување” – заради загриженост на мајките дали бебето доволно цица и дали тоа млеко му е доволно често пати бебињата се прејадуваат или мајките после доењето додаваат млеко. Ова предизвикува чувство на неудобност и вознемиреност кај бебето и најчеста реакција е икањето. Желудничето на бебето е мало, со тоа што го прејадуваме му создаваме мачнина и вознемиреност. Новородените цицаат почесто и помалку. Честото цицање ги збунува мајките кои мислат дека бебето е гладно.
  • бебето се храни многу брзо” – ова може да се случи и кај доењето доколку мајката има силен рефлекс на исфрлање на млекото и голема количина на млеко. Кај бебеињата кои се хранат преку шишенце тоа се случува заради голем проток на млекото преку цуцлата.
  • голтаат воздух за време на доењто” заради неправило поставување на града. Доколку се храни со шишенце голтаат воздух  заради тоа што цуцлата на шишето не е цело време исполнета со млеко.
Можеби ќе ви се допадне:   Дали доењето е лесно или на мајките им треба поголема поддршка?

Што можеме да направиме за да го спречиме или намалиме икањето? Неколку совети кои делуваат на причините кои го предизвикуваат икањето.

  • Секогаш хранете го бебето кога тоа ќе поска да јаде, следете ги раните знаци на глад – Тоа значи хранете го бебето кога тоа ќе сака да јаде, не го следете часовникот кога треба да јаде. Бебето самото ви покажува знаци на глад кога сака да јаде. Реагирајте на раните знаци на глад.
  • Позиционирајте го правилно на градата – корегирајте ја положбата за доење, внимавајте дали е овозможено движење на вратот на бебето (преголема рестрикција на ова движење може да предизвика одбивање на градата, па доколку правилно го позиционирате на града, заради рестрикција на движењето на вратот  бебето само ја пушта градата и потоа неправилно ја фаќа). Внимавајте на носето на бебето, секогаш да е само допрено до градата заради дишењето на бебето. Особено треба да внимаават мајките со големи гради, а бебе со мала уста кога го позиционираат на града.

Правилното позиционирање на града го намалува голтањето на воздух за време на доењето.

  • Подригнување после доење – дали се хранат со доење или преку шишенце подригнувањето е можност бебето да го исфрли воздухот што му е во стомачето. Практикувајте да го држите исправено неколку минути после доење или хранење со шишенце. Често пати родителите кажуваат дека колку и да го држат исправено бебето не подригнува. Доколку било правилно поставено на града или правилно се хранело преку шишенце и не голтало воздух во тој случај не подригнуваат. Доволно е само неколку минути да го држите исправено.
  • Доколку бебето се храни преку шишенце внимавајте на  аголот на шишето, цуцлата треба секогаш да е исполнета со млеко.
Можеби ќе ви се допадне:   Рефлуксна болест

Икањето е нормална реакција кај новороденчињата, честото искање исчезнува после првиот месец. Горенаведените совети можат да ја намалат честотата на икање, а со тоа и вознемиреноста кај родителите која се јавува заради икањето на бебето.