“Бебето често се задавува/засркнува при доење”? Што може да биде причината?

При разговор со мајки кои како анамнестички податок го прикажуваат задавувањето/засркнувањето на бебето најчесто станува збор за мајки кои имаат зголемен рефлекс на исфрлање на млекото, освен во моменти кога се работи за други анатомски и функционали пореметувања кај бебето. Имаме случај кога мајката има млеко, но заради природно зголемен рефлекс на исфрлање на млекото бебето ја одбива градата, при цицање се заскрнува.

За овој проблем при доењето мора да најдеме решение кое долгорочно ќе им помогне на оваа  двојка “мајка-дете” да уживаат во доењето. Најчесто мајките  започнуваат  со “блок подои”.

Што претставуваат “блок подој”?

Блок подој претставува рестрикција на подоите при што секој подој е на една града во период од 2-3 часа, дури во некој ситуации е потребно и подолго време. Ова е многу ефикасно за да ја намалиме продукцијата на млеко кај мајка чии гради произведуваат повеќе млеко и моментот кога самиот рефлекс на исфрлање на млекото ни прави одбивност на бебето од града. Оставајќи ја градата полна подолг временски период овозможуваме градата да добива сигнал за продукција на помала количина на млеко. Блок подоите овозможуваат да се регулира продукцијата на млеко дури и кај мајките кај кои имаат хиперлактација, често им помага на мајки кај кои заради недоволно празнење на градата се јавуваат блокирани млечни канали или преполнетост на градите.

Ова е позитивната страна на блок подојот. Но, често се случува заради намалување на продукцијата на млеко кое бебето ја цица при преглед  на тежина на бебето прирастот да не ја задоволува кривата за раст. Редовно следење на прирастот во тежина е задолжителен при ваквата промена кај мајката.

Можеби ќе ви се допадне:   IBCLC - International Board Certified Lactation Consultant

Совет за мајките кои се соочуваат со ваков проблем е да бидат трпеливи. Да им дадеме простор на  бебињата да созреат за да можат да го координираат цицањето(цица, голта, зема воздух). Доколку помине одреден период  и покрај ова проблемот е сеуште присутен тогаш се пристапува кон други алтернативни решенија кои ќе ни помогнат, а притоа нема да делуваат на лактацијата. Зголемен рефлекс на исфрање на млекото можа да се јавува периодично. Потребно е време пред да се превземаат одредени мерки. Подобро е најпрво да се почне со измолзување неколку млазови пред подој, да се почека бебето да го совлада и координира цицањето, да се одбере соодветна позиција за доење каде бебето ќе биде во поисправена положба (најподобна е биолошката полошба), па потоа да се пристапи кон блок подои.

Како мајките ќе знаат дека “блок подојот” ќе помогне, а воедно и бебето добро ќе напредува во тежина? И дали да се пристапи кон блок подој? Одговорот на овие прашања е само доколку бебето напредува добро и повеќе од просечниот напредок месечно, во координација со консултант за лактација и педијатарот на бебето се пристапува кон блок подој.

Јасна Апостолски Николов – IBCLC (сертифициран консултант за доење), дипл.мед.сестра, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудиници за раѓање