Некои бебиња развиваат гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕР). ГЕР се случува кога мускулот на отворањето и затварањето  на желудникот  се отвара во погрешни периоди или сеуште не е доволно развиен за да може да се затвори. Ова им овозможува на млекото и храната да се вратат во хранопроводот.

Некои симптоми на ГЕР вклучуваат:

  • Млазно плукање или плукање по секоја исхрана или часови по јадењето
  • Повраќање на млекото
  • Неутешно плачење, како во непријатност
  • виткање (во лак позиција) на грбот, како во тешка болка
  • Одбива да јаде или да не сака да цица
  • Често будење во текот на ноќта
  • Бавно зголемување на телесната тежина
  • Давење или гушење или проблеми со голтањето

Многу здрави бебиња може да имаат некои од овие симптоми и да немаат ГЕР. Исто така, некои бебиња со само неколку од овие симптоми имаат тежок случај на ГЕР. Не сите бебиња со ГЕР плукаат или повраќаат. ГЕР можеби ќе треба да се лекува  ако бебето одбие да цица, добива само мало зголемување на телесната тежина или губи телесна тежина, или има периоди на давење или гушење. За сето ова соодветни совети ќе добиете од лекарот на вашето бебе. Колку време после секој подој треба да го држите исправено, како да го легнувате во полулегната положба и сл.

Посетете го лекарот на вашето бебе ако вашето бебе повраќа по секое доење и има некој од останатите симптоми наведени во овој дел. Ако вашето бебе има ГЕР, продолжете со доењето. Формулата за новороденчиња потешко се вари отколку мајчиното млеко. Редовно следење од страна на педијатар е најважно за да не се дијагностицира погрешно.Педијатарот точно според одредени параметри и изгледот на столицата може да се посомнева и да ве препрати на понатамошни иследувања и испитувања за да се потврди дали станува збор за рефлукс. Често пати бљуцкањето на бебињата после секој подој родителите го поврзуваат со оваа болест. Не брзајте, одете на педијатар.

Можеби ќе ви се допадне:   Моето бебе има 12 недели - оддеднаш одбива да дои!?