Постојат неколку вакцини против новиот Коронавирус КОВИД-19 со кој се соочуваме веќе три години. Нов за лекарите, за истажувачите, за биолозите, биохемичарите, епидемиолозите. Постојано се работи на истражувања, се надградуваат претходно дадените ставови, се презентираат резултати од студии. Ако на почетокот заклучоци се донесуваа на база на претпоставки, сега веќе постојат и студии со кои можат да се докажат одредени работи.

Често поставувани прашања од доилките дали да се вакцинираат, кога да се вакцинираат, која вакцина е безбедна за доилки?

Да видиме хронолошки кое се податоците околу вакцините против Коронавирусот КОВИД – 19, а се поврзани со доилките:

  • СЗО-25.01.2021 година – “Се препорачува вакцинација со вакцина против КОВИД-19 кај доилки кои се дел од здравствениот тим, медицински работници. Не се препорачува да се прекине со доењето после примената вакцина.

Според СЗО, 26.01.2021 година, развиени се неколку вакцини од различни производители.

  • Messenger ribonucleic acid vaccines (mRNA): BNT162b2, Tozinameran-Comirnaty (Pfizer-BioNTech), MRNA-1273 (Moderna & NIH) and CVnCoV (Cure Vac)- Вакцините од овие три производители, овој тип на вакцини користат делови од мРНА реплицирана од Коронавирусот n-19 со цел да се поттикне синтеза и производство на површински протеини на коронавирусот n-19 од мускулните клетки на местото на инјектирање на вакцината, кои потоа делуваат како предизвикувачи на производство на антитела против коронавирусот од имунолошкиот систем.
  • Вакцини засновани на вирусни вектори  Vaxzevria Oxford-AstraZeneca vaccine (Covishield in India), Gam-COVID-Vac (Gamaleya-Sputnik V), Cansino vaccine and Janssen COVID-19 Vaccine (Johnson & Johnson). Овој тип на вакцини користат непатоген вид на човечки аденовирус кој е модифициран да содржи генетски материјал кој наликува на дел од Коронавирус 2019 – nCoV кој може да го поттикне имунолошкиот систем да реагира на начин сличен на она што беше претходно опишано со mRNA вакцините.
  • Inactivated virus vaccines: Coronavac from Sinovac, Covaxin (BBV152-Bharat Biotech) and Sinopharm Овие вакцини се произведени со мртви вируси кои немаат капацитет да се размножат или заразат. Овие вакцини предизвикуваат нашиот имунолошки систем да реагира и да започне со прозиводство на антитела против KOVID-19.
Можеби ќе ви се допадне:   Измолзување на мајчино млеко

-Доилките се исклучени од клиничките испитувања. (Palacios 2020, Costantine 2020, CDC 2020/12/15, ABM 2020/12/14).

Не се региситрирани значајни разлики меѓу доилките и жените кои не дојат во однос на несаканите ефекти после примената вакцина и во однос на стапката на антитела генерирана после примената вакцина против КОВИД-19. Да проследиме резултати од неколку студии:

  • Вакцините против КОВИД-19 предизвикуваат ретки и минимални несакани дејства кај доенчето или доилката (Falsaperla 2021/10, ​​​​​​Low 2021/10, McLaurin 2021/06)
  • Кај доенчињата на вакцинирани мајки не се детектирани сериозни проблеми кои можат да се поврзат со вакцинацијата.  (Low 2021/10, Perl 2021/04, Gray 2021/03).
  • Регистирирани се неколку случаи на минливо зголемување или намалување на производството на мајчино млеко, промена на бојата на млекото (сино-зелена), како и плачливост кај доенчето. Овиe неколку несакани дејства се забележани после примена на втората доза. (Bertrand 2021/09)

Како што е очекувано (Baird 2021/02, InfantRisk 2020/12, ABM 2020/12) и после вакцинација против други вируси, во млекото на мајките доилки вакцинирани со вакцина против вирусот КОВИД-19, се појавуваат антитела (особено IgA И IgG), генерирани од вакцината кои го штитат доенчето од вирусот КОВИД-19. Falsaperla 2021/10, Valcarce 2021/08, Collier 2021/05, Perl 2021/04, Kelly 2021/03, Gray 2021/03). Колку подолго трае доењето (повеќе од 23 месеци) толку повеќе се зголемува стапката на IgA и IgG антителата во мајчиното млеко кај доилки вакцинирани со вакцината против вирусот КОВИД-19.  (Ramírez 2021/08)

Не се очекува некоја од компонентите на вакцината да помине во мајчиното млеко. Дури и да се случи тоа таа компонента ќе помине низ дигестивниот тракт на доенчето и ќе помине низ процесот на варење (дигестија). (InfantRisk 2020/12)  По вакцинацијата, во мајчиното млеко не е откриен РНА месинџер поврзан со вакцинацијата против КОВИД-19. (Golan 2021/10)

Можеби ќе ви се допадне:   Кафе додека доите: Дали е во ред?

Ниту една од вакцините против КОВИД-19 кои во моментов се произведуваат не содржат живи вируси во нивните компоненти, затоа и неможат да ја стимулираат болеста или да предизивикаат промени во генетскиот материјал на нивниот домаќин. (CDC 2020/12/18 y 2020/12/13).

ИСКЛУЧОК: Освен три живи атенуирани вирусни вакцини (вакцината за мали сипаници, орална полио вакцина-Sabin и вакцината против жолта треска за кое е познато дека при примена вакцина регистирирани ретко но, дале минимални несакани ефекти кај дончето, СИТЕ ОСТАНАТИ вакцини се безбедни и компактибилни со доењето (CDC 2020/02) .

Доилките не се сметаат за високоризична група за КОВИД-19, најчесто затоа што се млади, здрави. Досега нема конкретна оправдана причина која би потенцирала дека доилките како група мора да се вакциниараат. Исклучок доколку станува збор да спаѓаат во ризик група заради одредени хронични болести или се здравствени работници или постои друг фактор кој го зголемува ризикот од заболување и можни компликации. (Mayo 2021/03, Davanzo 2021/02, Saus 2021/02, Chervenak 2021/02, WHO 2021/01, Sax 2021, IHAN 2021, AELAMA 2021, NHS 2021, HIFN 2020, MS España 2020/12, ACOG 2020/12, CDC 2020/12 y 2020/12). Заради сеуште актуелната епидемиолошка состојба низ светот и добиените резултати дека вакцината е безбеда за доилките преопрака е да се вакцинираат.(SZO 2022/01).

Вакцинирањето против КОВИД-19 не треба да биде пречка ниту за отпочнување на доењето и лактацијата ниту да биде причина да се прекине доењето (Davanzo 2021/02, Chervenak 2021/02, ACOG 2020/12). На крајот на 2020 година AstraZeneca, Moderna и Pfizer од упатството за употреба го избришаа делот во кој препораката беше  “не се препорачува за доилки” (Moderna 2021, AstraZeneca 2021, Pfizer 2020.

Можеби ќе ви се допадне:   Доење на барање или според однапред утврден распоред?

Како што се случај после примени други вакцини секој од нас може да забележи зголемени палпабилни аксиларни лимфни жлезди. Доколку сте доилка можете да направите еден контролен преглед кај вашиот матичен лекар но, посебни и дополнителни испитувања не се потребни. Ова е нормална појава и исчезнува за неколку дена и не е причина да се прекине доењето.

Извор: https://e-lactancia.org/breastfeeding/covid-19-vaccine/product/

Пишува: Јасна Апостолски-Николов,IBCLC