
Ризикот од недостаток на витамин Д кај доенчињата и децата е зголемен и е најизразен до 3-годишна возраст, како и во периодот на интензивен раст кај деца од предучилишна возраст и во пубертет.
Најчеста последица од недостаток на витамин Д кај децата е рахитис. Рахитисот е болест што се јавува поради несоодветна минерализација на коските, како резултат на нарушувања во метаболизмот на калциум и фосфати. Тогаш доаѓа до омекнување на коскеното ткиво и коските стануваат многу почувствителни, па затоа лесно се виткаат и се кршат. Во клиничката слика на рахитис доминираат деформации на скелетот, омекнуваат коските на черепот, фонтанелата се затвора подоцна, а доцни и никнувањето на млечните заби, кои подоцна се склони кон кариес поради недоволен развој на забната глеѓ и дентинот. Кога детето почнува да седи, се забележуваат деформитети на ‘рбетниот столб, а при првите чекори се забележуваат и деформитети на нозете во форма на буквата О или Х. Рахитисот кај доенчињат, исто така, доведува до одложен психомоторен развој.
Други симптоми на недостаток на витамин Д се намалената сила на мускулите и намалениот мускулен тонус, што дополнително го отежнува развојот на моторните вештини кај децата и совладувањето на секојдневни активности како што се седење, стоење и одење.
Децата кои имаат недостаток на витамин Д имаат зголемена подложност на инфекции, како и замор, раздразливост и немирен сон.
Дали на децата треба да им се дава витамин Д и по наполнување 1 година?
Да, особено во текот на годината со помалку сончеви денови, есенските и зимските месеци. Континуираното дополнување на витаминот Д се препорачува и кај деца со послаб имунитет (деца склони кон чести заболувања), како и кај деца кои имаат генетска предиспозиција за развој на алергии или појава на некоја од автоимуните болести.
Кои се основните улоги на витаминот Д кај бебињата и децата?
- Правилен раст и развој на коските, зачувување на коскената маса и спречување на рахитис.
- Правилна минерализација на забите и зачувување на нивната нормална структура и функција.
- Правилна функција на имунолошкиот систем.
- Правилна мускулна функција, зачувување на мускулниот тонус и спречување на развој на хипотонија.
- Намалување на заморот и раздразливоста, поквалитетен и подолг сон.
- Смирување на акутни и хронични воспалителни процеси.
За што е наменет MaxMedica Devital Junior?
Devital Junior е наменет за дневно надополнување на витамин Д кај предвремено родени деца, бебиња, доенчиња и деца. Во својот состав содржи 10µg витамин Д3 (400 IU) во една капсула со одвртување, што е препорачаната дневна доза за правилен развој на коските и забите, во согласност со европските и националните препораки на педијатрите.
Devital Junior придонесува за нормална апсорпција на калциум и фосфати, за нормален развој на здрави коски, заби и мускули кај децата и правилна функција на имунолошкиот систем.
Примена
Се препорачува користење на капсулите Devital Junior кај:
- Доенчиња од 8-миот ден по раѓањето до 1-вата година, со цел правилно да им растат и да им се развиваат коските, мускулите и забите
- Бебиња и деца во месеци со помалку сончеви денови (период октомври-март)
- Деца кои одат во градинка, особено во текот на годината кога се почести вирусни инфекции
- Деца кои имаат генетска предиспозиција за развој на алергии или појава на автоимуни болести
Препорачливо е да се конзумира 1 капсула дневно, од 8-миот ден по раѓањето до една година. Понатамошната промена на витаминот Д и неговата доза ја одредува матичниот педијатар на детето, земајќи ја во прилог и препораката од ортопедот.
Внимателно извадете ја капсулата од блистерот. Фатете го долниот дел од капсулата со едната рака и горниот дел од капсулата (капачето) со другата. Свртете го горниот дел од капсулата (капачето), повлечете го и извадете го. Држете ја отворената капсула исправена за да не се истури содржината на капсулата. Ако содржината ви се подистури, капсулата може да биде лизгава и може да ви се лизне од раката. Притиснете ја отворената капсула и исцедете ја содржината на капсулата во лажица или измешајте со млеко.
Никогаш не ставајте ја целата капсула во устата на детето. Истиснете ја нејзината содржина во лажица и така дајте му ја на бебето/детето.