Дали знаете што претставува рефлекс на исфрлање на бебето при породувањето – “Ferguson reflex”?

Можеби некаде низ литературата сте сретнале но, за идните родилки би било убаво да се запознаат со моќта на рефлексот на исфрлање на бебето при породувањето наречен “Рефлекс на Фергусон”.

Породувањето е спонтан, физиолошки чин во кој подеднакво допринесуваат и мајката и бебето, но и физиологијата на процесите на органзамот на мајката која го раѓа бебето.

Терминот “фетален рефлекс на исфрлање на бебето” (fetal ejection reflex), датира уште од многу одамна кога Фергусон (по кого и го добил името “Ferguson reflex”) сфатил дека породувањето е повеќе спонтан процес отколку намерна акција. Ова ќе го потврдат многу родилки кои своето бебе го донеле на свет при природно и спонтано породување.

Нo, за жал повеќето од родилките раѓањето го поврзуваат со чин кој предизвикува болка, наместо да се препуштат на природниот и спонтан процес како што бебето го доживува и води целиот процес. Во некој миг секој од нас погледнал сцена или видео каде што родилката без посебно напрегање спонтано го раѓа своето бебе.

Во ерата на лесно достапната епидурална анестезија сосема се заборава дека природниот рефлекс кој помага при породувањето е една Божја креација на физиологијата на организмот на мајката.

Како функционира рефлексот за исфрлање на бебето – Дали треба да вежбате?

Како се приближувате до терминот на раѓање на бебето густината на рецепторите на окситоцин во матката се зголемуваат до 200 пати. Тоа значи дека матката е подготвена да реагира на овој хормон. За време на породувањето телото ослободува окситоцин, кој преку рецепторите во матката предизвикува контракции. Контракциите се распоредуваат низ матката и го шират грлото на матката, а потоа го движат и насочуваат бебето низ родилниот канал. Како се зголемува притисокот врз грлото на матката, така преку нервните завршетоци се испраќа порака до мозокот за ослободување на поголема количина на окситоцин. Зголемената количина на окситоцин предизвикува две-три контракции кои го буткаат бебето на низ родлиниот канал до негово излегување во надворешната средина.

Можеби ќе ви се допадне:   Од серијата успешни доенечки приказни - доење кај предвремено родено бебе

Кои хормони се одговорни за овој процес?

Тоа е хормонот окситоцин кој е всушност е хормонот на среќата, љубовта.

Окситоцинот е вклучен при сексуалните односи, породувањето, емотивната поврзаност во текот на животот. Без наплив на хормонот окситоцин неможе да се доживее рефлексот на исфрлање на бебето. Самиот чин на породување треба да го поврзуваме со пријатен миг кој буди убави чуваства, а не страв кој само може да ни го отежни целиот процес. Самата средина во болницата, мноштво на интервенции, амбиентот допринесува да се оддалечиме од чувството на пријатност кое ни е потребно за да го доживееме овој рефлекс. Затоа и ретко која родилка го доживеала, а оние кои го искусиле пак неможат да го објаснат, неможат да го именуваат ова посебно чувство. Но, секоја идна родилка треба да се потруди да го доживее елиминирајќи ги сите дистракции.

Како да се поттикне рефлексот на исфрлање на бебето?

Рефлексот на исфрлање на фетусот не е нешто што може да се практикува. Тоа најдобро се случува во темна, тивка и непречена средина. Кога ве советуваат да се движите, “не размислувајте” и едноставно препуштете се на она што вашето тело треба да го направи за да го роди вашето бебе.

Како се чувствува рефлексот за исфрлање на бебето?

Во повеќето случаи, штом грлото на матката е отворено онолку сантимерти потребни за раѓање на бебето, се преминува во „фазата на туркање“. Никој не може да каже колку долго ќе трае ова… Некои родилки за миг веќе го држат своето бебе во рацете, кај некои оваа фаза трае подолго.

Можеби ќе ви се допадне:   COLLOID-Бебешкa пудра од нова генерација со сребрени јони и зеолит

Но, ако некогаш сте слушнале како мајка вели – или можеби сте доживеале – „Не морав ни да туркам! Бебето излета.“ тоа е рефлексот на исфрлање на фетусот!

Оваа тема како и многу други кои ќе ви помогнат во процесот на породување за едно убаво искуство поврзано со раѓањето на вашето бебе се дел од темите кои се обработуваат на часовите за психофизичка подоготовка на трудници во “Школото за трудници и доење – БЕБЕЛОГИЈА”. Препорака за идните мајки кои со запознавање на самиот родилен процес ќе го надминат стравот од породувањето.

Пишува: Јасна Апостолски – Николов – дипл.мед.сестра, IBCLC – Меѓународен сертифициран консултант за доење, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници.