Во првите денови после породувањето се соочуваме со предизвикот доење. И следуваат многу прашања но, најчесто е прашањето дали доењето треба да боли и дали болката која ја чувствуваат на брадавиците е нормална болка. Следува и прашањето каква треба да биде негата на брадавиците?
Доењето треба да биде пријатно, удобно за двајцата и за мајката и за бебето. Во првите денови кога се воспоставува доењето нормално е да се почувствува нормална и транзиторна болка на брадавицата но, таа поминува. За да ги одржиме брадавиците компактни без ранички и да биде пријатно доењето треба да внимаваме на правилно позиционирање на бебето на градата но, и на негата на брадавиците.
Доилките меѓу себе споделуваат совети како ги негуваат, доминираат кремите со ланолин и секогаш истражуваат нови производи кои би им помогнале, а се едноставни за употреба и не треба да се одмиваат пред секое доење на бебето.
Од неодамна кај нас се присутни и компресите за нега на брадавиците на “Multi Mum”.
Како делуваат “Muli Mum” компресите?
- Го поддржуваат природниот процес на заздравување
- Има ефект на ладење и смирување на болните гради
- Ја оптимизира состојбата на областа/кожата на брадавиците
- Ги неутрализира штетните микроогранизми
- Базиран на природни состојки (не се штетни и ако се проголтаат)
Кога се употребуваат?
- Доколку имаме проблеми со брадавиците предизвикани од доење
- Болни и потечени брадавици
- Воспаление и лупење на брадавиците
Multi-Mam облогите се специјално дизајнирани за нега на брадавиците во текот на доењето. Multi-Mam облогите имаат директно смирувачко и разладувачко дејство на болните брадавици, оптимизирајќи ја состојбата на кожата и го намалуваат отокот.
Секоја облога е импрегрирана со гел кој содржи 2 QR – комплекс (2 QR – комплекс: патентирана прочистена состојка од Aloe Barbadensis. Оваа природна растителна состојка има единствена можност за намалување на штетните бактерии во контакт со ткивата.
Multi-Mam облогите формираат мекa и пријатна подлога на брадавиците и создаваат оптимална состојба за природно заздравување. Не е неопходно да се отстрани гелот пред доењето. Гелот содржи природни состојки и не е штетен при голтање.
Уживајте во доењето!