
Многу мајки велат дека нивните гради се чуствителни кога првпат почнуваат да дојат. Ова се случува, доколку мајката и бебето не пронајдат удобна положба или додека не научат како бебето правилно да цица од градата.
Што треба да направите
- Добриот зафат е клучот, затоа посетете го делот за детални инструкции за добар зафат. Ако доењето боли, вашето бебе може да ја цица само брадавицата, а не и ареолата (потемната кожа околу брадавицата). За да го тргнете, немјојте да го влечете. Наместо тоа, нежно ставете го прстот на аголот од неговата уста, помеѓу непцето и градата и обидете се повторно. За да дознаете дали вашето бебе ја цица само брадавицата, проверете како изгледа вашата брадавица кога излегува од устата на вашето бебе. Вашата брадавица не треба да изгледа рамно или компресирано. Треба да е во форма на круг и долга или со иста форма како што била и пред хранењето.
- Ако го одложувате хранењето, доколку доењето е болно, побарајте помош од консултант за лактација. Одложувањето на хранењата може да предизвика повеќе болка и да се намали снабдувањето со млеко.
- Обидете се со менување позиции секој пат кога ќе доите. Делот за положби при доење ги опишува различните положби кои можете да ги испробате.
Помогнете им на испукани брадавици да останат влажни, за да можете да продолжите со доењето. Пробајте еден или сите од овие совети:
- По доењето, измолзете неколку капки млеко и со чисти раце нежно тријте ги брадавиците. Млекото има природни лековити својства и содржи масла кои смируваат.
- Употребете прочистен ланолин крем кој е наменет за болни брадавици при доење.
- По доењето оставете ги вашите брадавици да се исушат сами или носете мека памучна облека.
- Побарајте помош од вашиот лекар или консултант за лактација пред употребата на креми, хидрогел влошки (влажна обвивка за брадавиците за да помогне при олеснување на болката) или штитник за брадавица (пластичен уред кој ја покрива брадавицата за време на доењето). Во некои случаи, не треба да ги користите овие производи. Вашиот лекар или консултант за лактација ќе ви помогнат да го направите најдобриот избор.
- Немојте да носите градници или облека која е премногу тесна бидејќи така ги притискате брадавиците.
- Промена на влошки (може да употребите влошки кои се перат или влошки за еднократна употреба во градникот за да го апсорбира протекувањето на млеко), најчесто за да се избегне влажноста која може да предизвика испукани брадавици. Избегнувајте јаки сапуни или масти кои содржат адстрингенти (како тонер). Миењето со чиста вода е се што е потребно за да ги одржите вашите брадавици и гради чисти.
- Ако имате многу болни брадавици, можете да побарате од вашиот лекар за користење на не-аспирински лекови за ослободување од болката.