
Неш Кин е актуелниот носител на Гинисовиот рекорд за најрано предвремено родено бебе, роден во 21 недела (133 дена порано). Тој е роден на 5 јули 2024 година во Ајова и го прослави својот прв роденден во јули 2025 година. Со тежина од само 283 грама при раѓањето, тој преживеал многу предизвици и сега е препознаен од Гинисовите рекорди како најмало најрано родено бебе!

“Силен почеток за надежна иднина”!
Околу 1 од 10 бебиња во светот е недоносено – родено пред 37-та недела од бременоста. Без соодветна медицинска грижа, тие се изложени на висок ризик од здравствени состојби опасни по живот, како што се респираторен дистрес, инфекции и хипотермија, некротизирачки ентероколитис кои заедно доведуваат до стотици илјади смртни случаи што може да се спречат секоја година.
Владите, здравствените системи, заедниците и поединците имаат заедничка одговорност да ги заштитат овие мали бебиња и да обезбедат нивните семејства да ја добијат потребната поддршка.
Овој ден е прв пат означен во 2008 година од Европската фондација за грижа на новороденчиња (сега Глобална фондација за грижа на новороденчиња, или GFCNI) и многу родителски организации, Светскиот ден на предвремено родените денес прераснува во глобално движење.
Во 2025 година, Светската Здравствена Организација официјално го додаде Светскиот ден на предвремено родените деца во меѓународниот здравствен календар на СЗО, признавајќи ја неговата клучна важност за подобрување на преживувањето и благосостојбата на предвременородените бебиња.
Виолетовата е официјалната боја на месецот за подигање на свеста за прематурност бидејќи претставува чувствителност.
Да им дадеме поддршка на најмалите, а најголеми борци!



































