Двете најчести појави со кои се справува жената штом тргне на патот да стане мајка, се стриите кои може да се јават уште во почетокот на бременоста и сензитивните брадавици кои се најчесто резултат на доењето.
Со Bellina ви ги претставуваме двата совршени производи за оваа намена од линијата Alga Cicosa!
Крема за регенерација на стрии
Оваа крема има двојно дејство врз стриите: дејствува превентивно преку подобрување на еластичноста и цврстината на кожата и регенерирачки преку стимулирање на реконструкција на ткивата.
Mаксималниот ефект се постигнува благодарение на комбинацијата од две природни состојки против стрии, со научно докажана ефикасност: Alga Sendatu® – патентирана активна супстанца од црвена морска трева, и екстракт од Sapotaceae. Хранливите состојки кои ја комплетираат формулата помагаат во подобрување на флексибилноста на кожата и спречуваат пецкање и чешање. Дополнително кремата не содржи парфеми, со што го намалува ризикот од алергии, односно е хипоалергена и е совршена за користење за време на бременоста, пубертетот или за време на флуктуации во тежината.
Докажана ефикасност
71,4%* од жените ги оцениле своите стрии како помалку видливи
92,9%* од нив откриле дека изгледот на нивната кожа е подобрен
85,7%* жени оцениле дека нивните бели стрии се помалку видливи
Кожата на 100%* од жените била потонирана, поеластична, помазна
*Клиничко испитување на 30 жени – 56 дена, под дерматолошко надгледување, два пати на ден
Како се користи: Нанесете наутро и навечер на афектираните регии: колкови, стомак, гради, задникот, рацете. Благодарение на својата кремаста текстура, кремата против стрии е лесна за нанесување, дури и на големи делови од телото.
Состав: Aqua, Butyrospermum Parkii Butter*, Cocos Nucifera Oil*, Olus Oil, C10-18 Triglycerides, Glycerin, Glyceryl Stearate Citrate, Polyglyceryl-6 Distearate, Hydrogenated Castor Oil, Cetyl Alcohol, Propanediol, Gelidium Sesquipedale Extract, Manilkara Multinervis Leaf Extract*, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder*, Bisabolol*, Sodium Levulinate, Xanthan Gum, Jojoba Esters, Glyceryl Caprate, Sodium Anisate, Polyglyceryl-3 Beeswax, Helianthus Annuus Seed Oil, Tocopherol, Maltodextrin, Citric Acid.
* : Состојки од органско земјоделство
100% природно потекло
44,5% од вкупните состојки се од органско земјоделство
Обновувачки балсам за гради
Доењето често е предмет на загриженост кај новите мајки. Сертифицираниот органски балсам за нега при доење помага да се подготвите и да продолжите со доењето, без компликации.
Во неговата формула се вклучени Alga Sendatu® – репаративен екстракт од црвена морска алга кој ги омекнува и штити брадавиците за да спречи испукување. Ги смирува и регенерира чувствителните брадавици и создава заштитен слој кој ви овозможува да продолжите со доењето. Органското маслиново масло и сончогледовото масло се додадени за негување, хидрирање и заштита на областа.
Хипоалергената формула на балсамот за нега при доење е минималистичка и неговите состојки се 100% од природно потекло.
Неговиот неутрален мирис и отсуството на вкус го прават тоа да остане незабележано од вашето доенче.
Докажана ефикасност – 100%* од жените се задоволни
Ја смирува иритацијата и затегнатоста
Веднаш ги смирува осетливите брадавици
Овозможува чуство на добросостојба и комфорт
*Тестирано при дерматолошко надгледување на панел од 11 жени
Како се користи: Нанесете на брадавиците после секое доење – Непотребно е измивање
Состав: Helianthus Annuus Seed Oil , Olea Europaea Fruit Oil *, Glyceryl Stearate , Hydrogenated Castor Oil , Gelidium Sesquipedale Extract , Propanediol , Aqua, Tocopherol.
* : Состојки од органско земјоделство
100% природно потекло
81,6% од вкупните состојки се од органско земјоделство
Производите од линијата Alga Cicosa можете да ги најдете на физичките локации на Bellina и во нивната онлајн продавница www.bellina.mk.