
Одбележувањето на Светската недела на доење секоја година од 01.08.-07.08. првата недела од Август е еден глобален настан кој секоја година го поддржуваат над 120 земји од светот. За прв пат овој тренд запчнува во 1992 година со иницијатива на WABA ( World alliance for breastfeeding), WHO (Светската здравствена организација) и UNCEF.
Во нашата земја веќе шеста година по ред во органзицаија на “Бебелогија”- Школото за трудници и доење и “Доење со љубов” едукативна веб платформа се организираат настани за одбележување на СНД.
Нашите настани низ годините се повеќе се преознаваат како едукативни содржини кои допринесуваат за подигнување на свесноста за доење и исхрана со мајчино млеко. Горди сме што овој настан годинава е поддржан од “Комитетот за доење” при Министерството за Здарвство на РСМ, Неонатолошкото здружение и ПАГНИА, ПЗУ “Јуниор Мед” и “ПЗУ Манолев” чии членови завземаат активно учество како предавачи.
Настаните изобилуваат со едукативни содржини за трудници, доилки, мајки и здравствени работници. Нашето искуство во изминатите шест години покажа дека овој вид на настани и настани кои ги одржуваме теквно во годината за поддршка и промоција на доењето се повеќе од потребни.
Оваа година исто така настаните ке бидат со богата содржина од наши предавачи како и од странски предавачи кои се експрети во својата област.
Програмата за настаните можете да ја погледнете на нашата веб страна, а секојдневно ке известуваме и на нашите социјални медиуми bebelogija.mk и doenje_so_ljubov.
За настаните задолжително е пријавување на doenjesoljubov@yahoo.com


































