Многумина сметаат дека хемиските средства за перење на алиштата им го поедноставуваат животот и успешно ги отстрануваат сите флеки, меѓутоа мора да сфатиме дека производ кој е агресивен со флеките истовремено е агресивен најнапред со околината, а и нас самите. Хемиските состојки во голем број на комерцијални производи за оваа намена може да имаат иритантно дејство врз кожата и да предизвикаат алергиски реакции, а да не говориме за штетното дејство врз околината во домовите, особено во присуство на деца.

Кога купуваме еколошки производ, наизглед ни изгледа скапо (пакувањето е помало од комерцијалните производи, а цената повисока), меѓутоа не сме ни свесни колку заштедуваме, со оглед на тоа што доволна е многу помала количина од обично, а импактот врз околината е многу помал, нешто што би требало да нема цена.

Голем е бројот на жените (особено мајките со мали деца) кои ми бараат совет за прашок или средство за перење на алишта кое најнапред е природно, без алергени и нема да предизвика никакви реакции врз кожата на децата или возрасните (особено оние кои имаат премногу чувствителна кожа). Токму затоа, драги мои, ја пишувам оваа статија, каде ќе ви претставам еден фантастичен прашок за перење кој лично го истестирав и за кој гарантирам дека најнапред е комплетно екобио, а потоа и сигурен за употреба дури и за перење на алиштата на вашите најмили. Станува збор за прашокот за перење Cleen.

Кога станува збор за средствата за перење и импактот кој го имаат врз околината важни се три аспекти и тоа:

  • составот на средството за перење;
  • пакувањето;
  • начинот на употреба.
Можеби ќе ви се допадне:   Чекори што можете да ги направите веднаш по раѓањето, за да ве одведат до одличен почеток на доењето

Како што може да забележите од декларацијата, овој прашок содржи само 4 состојки и тоа сите комплено биоразградливи:

Sodium carbonate – која е за нијанса поразлична од сода бикарбона. Има способност да ги сапунифицира мастите, а со оглед на тоа што прљавото е од маслена природна се врзува со нив и го овозможува чистењето на текстилните материјали;

Sodium sesquicarbonate, се користи секогаш во комбинација со сода карбона или сода бикарбона со оглед на тоа што најнапред ја контролира екстремната пХ вредност, а потоа и ја омекнува (разбажнува) водата;

Glycereth-6 Cocoate е биоразградлив сурфактант на база на кокосово масло.

Кога станува збор за опаковката мора да напоменам дека голем број на средства за перење на алишта кои се еко компатибилни, доаѓаат во пластични опаковки кои не се воопшто биоразградливи и добри за околината. Овде како што може да забележите опаковката е картонска, мала и лесна за носење дома. Што е најважно не станува збор за пластика која потоа завршува во отпадот и останува во околината уште многу години.

Користењето на овој прашок е многу едноставно. Доколку алиштата не се претерано валкани, доволна е една супена лажица од овој производ за перење на 4,5 кг на облека. На овој начин верувајте ми доста заштедувате, со оглед на тоа што ова пакување од пола килограм е доволно за 35 перења.

Според мене, ова е најдобриот и најсигурниот прашок за перење кој досега го имам сретнато. Комбинацијата на овие состојки прават да крајниот резултат се алишта кои се перфектно чисти и меки (како што претходно напоменав нема да имате потреба од омекнувач).

Можеби ќе ви се допадне:   Психолошкиот аспект на абортусот

Овој прашок не содржи вештачки мириси, така да вашите алишта ќе имаат природна свежина

Со овој прашок може да бидете сигурни дека по перењето вашите алишта нема да содржат никакви хемикалии или алергени. Одличен е како за бели така и за шарени алишта и воопшто нема да има потреба од користење на омекнувач.

Драги мои, доколку сте во потрага по производ кој не содржи алергени, комплетно биоразградлив и еко компатибилен со околината, кој е одличен како за вашите алишта, така и за оние на вашите најмили, во тој случај дајте му шанса на овој производ. Верувајте ќе бидете воодушевени од крајниот резултат.

Цената на овој производ е 360 мкд. и истиот може да го купите во Bellina или во ДМ маркетите низ републикава.

Статијата е превземена од блогот на Biodevojka.