
Во неделата кога се одбележува денот на IBCLC консултантите за доење да го прочитаме интервјуто на водечкиот автор на изјавата на Академијата на медицина за доење, Лори Фелдман-Винтер, MD MPH FABM која беше поврзана со советите за значењето на ексклузивното доење во првите шест месеци. Иницијатор на интервјуто е Пола К. Шрек, MD IBCLC FABM.
Прашање:
Д-р Фелдман-Винтер, присуствував на вашата презентација пред многу години на годишниот состанок на ABM (Академијата за медицина за доење) со наслов „Зошто не само едно шише?“ на кои сè уште се сеќавам. Имаше големо влијание врз мене. Како еволуираа пораките за ексклузивнотот доење откако првпат почнавте да ја поучувате важноста на ексклузивноста?
Одговор:Најпрво се заинтересирав за важноста на ексклузивното доење поради моето потекло како истражувач во молекуларната имунологија и мојата желба подобро да ја разберам онтогенезата на имунолошкиот систем. Нашето разбирање за сложената интеракција помеѓу мајката и бебето и раното потекло на нашиот имунолошки систем продолжува да се развива, со толку многу празнини што сè уште треба да ги затвориме. Воодушевена сум што гледам дека ова истражување продолжува да цвета и дека секоја година се вклучуваат нови научници. Доказите продолжуваат да го поддржуваат концептот дека цврсто избалансираниот имунолошки систем се потпира на ексклузивното доење и е тесно поврзан со други системи во развој како што се микробиомот, гастроинтестиналниот, респираторниот и нервниот систем. Она што стана уште појасно во изминатата деценија е влијанието на макро-ниво на ексклузивното наспроти дополнителнaта дохрана. Користејќи софистицирани епидемиолошки методи, сега можеме да го процениме зголемувањето на веројатноста за додадавање на додатоци/замена за мајчино млеко во болницата (рано) која е над два и пол пати повеќе од ексклузивно доење. Повеќето суплементи дадени во првите неколку дена не се медицински индицирани, што доведува до прекумерно хранење. Прекумерното хранење потоа води до низа тешкотии при доењето.
Прашање:
Можете ли да ни помогнете да го претпоставиме одговорот на ниво на пациент? Што би му порачале на родителот кој вели дека неговото бебе САКА да јаде поголем волумен и затоа е оправдано?
Одговор: Бебињата сакаат често да цицаат и да се хранат. Ова не треба да се протолкува погрешно, дека заради тоа бебињата се гладни. Бебињата учат како да добиваат млеко додека дојат и како да цицаат од градите без да го вадат млекото. Производството на мајчиното млеко е поврзано со тоа колку млеко се отстранува од градите. Некои дијади од мајка-бебе се хранат поретко, но ја пренесуваат истата количина на млеко како друга дијада мајка-бебе која се храни почесто и отстранува помалку млеко секој пат.
Во повеќето случаи, секоја поединечна дијада мајка-бебе ќе научи да се храни доволно за да избегне недоволно хранење. Сепак, треба да се направат проценки за да се провери само за да се увериме. Броењето влажни и валкани пелени и следењето на тежината на бебето во текот на првата недела помага да се увериме во тоа.
Прашање:
Дали сметате дека комерцијалното хранење со млеко промовира прекумерно хранење? Ако е така, како?
Одговор: Не сите додатоци треба да вклучуваат комерцијална млечна формула; ако мајката прави млеко, таа може да го издои сопственото млеко за да го користи како додаток ако бебето не може да издои доволно млеко директно од градите. Меѓутоа, ако производството на мајчиното млеко е неоптимално за потребите на бебето, тогаш треба да се препорача или млеко од донатор или комерцијална млечна формула. Премногу често, комерцијалната млечна формула се дава „за секој случај“ поради загриженоста дека бебето не добива доволно млеко директно од градите. Некои од овие пораки се промовирани од комерцијалната индустрија за млечни формули со нивните маркетинг тактики. Затоа е неопходно да се рашири веста за важноста на ексклузивно доење и да се осигура дека сите дијади на доењето се поддржани, како и соодветно проценети, особено во првите недели од доењето.
Прашање:
Како предлагате оваа изјава на Академијата за медицина на доење да се користи од членовите и пријателите на “ABM” кои го читаат овој блог?
Одговор: Како членови на “ABM”, ние сме идеално позиционирани да ја шириме оваа изјава и да го подобриме разбирањето на прекумерното и недоволното хранење. ABM има ресурси за да им помогне на лекарите да бидат подобро подготвени да поддржат ексклузивно доење и да ги препознаат ризиците и од прекумерно и недоволно доење. Изјавата, исто така, може да биде катализатор за охрабрување на повеќе лекари да бараат образование и обука во медицината за доење.
Како лидер во доењето, лактацијата и хранењето со мајчиното млеко, Академијата на медицина за доење обезбедува експертиза, ресурси и протоколи за соодветно проценување и управување со ексклузивно доење, како и идентификување на потребата и поддршка на сите одлуки за доење, вклучително и дополнување.
Интервјуто е превземено од:
https://abm.memberclicks.net/index.php?option=com_dailyplanetblog&view=entry&year=2025&month=02&day=20&id=31:recommendation-for-exclusive-breastfeeding-q-a-with-the-lead-author&fbclid=IwY2xjawIq29xleHRuA2FlbQIxMQABHTtVkKIyeHXWDYsO4nYN8wHoxNbz7hFLzcCsX3WyJWSy43F1L990b_oDkQ_aem_PkKWm6a5zTwAHpZptH5g3Q&sfnsn=mo