Ако одбивањето е бавно и постепено, не е вообичаено да имате многу непријатност или болка. Одвикнувањето одеднаш може да предизвика болни гради. Ако вашето бебе е сеуште многу мало, а вие доите или честопати го измолзувате млекото, и се обидувате наеднаш да го прекинете доењето, одбивањето може да биде непријатно или болно.

Обидете се со овие совети за да ја намалите непријатноста.

  • За да го отстраните притисокот измолзете малку млеко рачно или со пумпа.
  • Не ги врзувајте вашите гради. Со тоа може да предизвикате блокирање на  каналите или инфекции на градите.
  • Разговарајте со вашиот лекар дали може да користите нешто за болка, како што е ибупрофен или парацетамол.

Можам ли да користам листови од зелка или други природни лекови за да се ослободам од болката при одвикнување од доење?

Можеби. Некои жени за ослободување од болка употребуваат листови од зелка или други билки или лекови. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар или консултант за лактација пред да се обидете со било какви хербални лекови или алтернативни терапии за да бидете сигурни дека тие се безбедни за вас и вашето бебе.

  • Ладните листови зелка можат да ви помогнат при преполнети и болни гради. (Консултирајте се со вашиот лекар пред да користите листови од зелка доколку сте алергични на зелка или сулфамиди). Изладете ги листовите од зелка и измијте ги пред употреба. Омекнете го секој лист со рака за да ги скршите вените на зелката. Потоа ставете ги листовите во вашиот градник над вашите гради и под пазувите. Оставете ги зелените листови додека не се исушат. Нанесувајте нови листови колку што ви е потребно за удобност.
  • Чајот од жалфија содржи природен естроген (женски хормон) кој може да го намали снабдувањето со млеко. Други билки кои можат да помогнат при одвикнување се мента, магдонос и јасмин. Ајдучката трева исто така може да помогне со одбивање, но тоа исто така може да предизвика спонтан абортус доколку се користи во почетокот на бременоста. Бидете сигурни дека не сте бремени пред да користите ајдучка трева. Антихистамините или хормоналната контрацепција можат исто така да помогнат во намалувањето на снабдување со млеко.
Можеби ќе ви се допадне:   Како доењето делува на намалување на ризикот од појавата на рак на дојката?