Што треба да знам за здравата исхрана додека дојам?

Хранете се здраво, додека доите:

  • Пијте многу течности за да останете хидрирани. Честа сугестија е да пиете чаша вода или друг пијалок секој пат кога ќе доите.
  • Ограничете пијалаци со додадени шеќери, како што се газирани пијалоци и овошни напитоци.Газираните пијалоци избегнувајте ги во првите три месеци,во периодот кога гасовите можат да ги потенцираат грчевите кај новороденчето.
  • Пиењето на умерено количество (до 2 чаши дневно) на кафе или други пијалаци со кофеин не предизвикуваат проблем кај повеќето доилки. Но, премногу кофеин може да го вознемири бебето или да има проблеми со спиењето.

Дали е безбедно да пушите, да пиете или да употребувате наркотици додека доите?

Краткиот одговор е не. Кога вашето бебе ја добива целата своја храна од доење, бебето исто така добива што јадете, пиете и дишите. Советот е  доилките да  избегнуваат цигари,алкохол и употреба на недозволени супстанци(наркотици).

Некои жени кои дојат може да имаат потреба од мултивитамински и минерални додатоци. Разговарајте со вашиот лекар за да дознаете дали ви треба додаток. Вашиот лекар може да препорача да продолжите да го земате вашиот пренатален витамин додека доите.

  • Ако пушите, најдоброто нешто што можете да го направите за себе и вашето бебе е да се откажете што е можно поскоро. Ако не можете да се откажете,  подобро е да продолжите да доите, затоа што доењето го штити вашето бебе од респираторни проблеми и синдромот на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС). Немојте никогаш да пушите во близина на вашето бебе и променете ги вашите алишта за да го зашитите бебето од хемикалиите на вашата облека.
  • Не пијте алкохол во големи количини. Според Американската академија за педијатрија (ААП), повремено пиење е во ред. ААП препорачува доколку конзумирате алкохол  да почекате  два или повеќе часа пред да го доите вашето бебе. Исто така можете да одмолзите млеко пред да пиете за да го нахраните вашето бебе подоцна.
  • Не е безбедно да користите нелегална дрога. Дрогите како што се кокаин, марихуана, хероин и останатите наркотици можат да му наштетат на вашето бебе. Некои пријавени несакани ефекти кај бебиња вклучуваат напади, повраќање, слабо хранење и тремори.

Може ли бебето да биде алергично на мајчиното млеко?

Не. Но, бебињата можат да бидат чувствителни на некои видови храна кои ги јадете. Истражувањата покажуваат дека она што го јадете може да влијае на вашето млеко. Бебињата ги сакаат вкусовите на храна што доаѓаат од млекото. Понекогаш бебето може да биде чувствително на нешто што мајката јаде, како што се јајцата, млекото и лута храна или одредени зачини.

Дали на моето бебе му треба повеќе витамин Д?

Можеби. Витаминот Д е потребен за да се изградат силни коски. Сите доенчиња и деца треба да добијат најмалку 400 меѓународни единици (IU) на витамин Д секој ден.

За да се задоволат овие потреби, лекарот на вашето дете може да препорача да му давате додаток на витамин Д од 400 ИЕ, секој ден. Со додатокот треба да започнете во првите неколку дена од животот.

Можеби ќе ви се допадне:   Доењето и неговата улога од една друга страна

Иако сончевата светлина е главен извор на витамин Д, тешко е да се измери колкава количина на сончева светлина добива вашето бебе, а изложувањето на сонце може да биде штетно. Откако вашето бебе е одбиено од мајчиното млеко, разговарајте со докторот на вашето бебе за тоа дали вашето бебе уште има потреба од дополнување на витамин Д. Некои деца не добиваат доволно витамин Д од храната што ја јадат.

Дали моето бебе има посебни потреби ако сум веган?

Ако сте на вегетаријанска исхрана или онаа која не вклучува никакви форми на животински протеини, можеби вие или вашето бебе нема да добиете доволно витамин Б12.

Дефицитот на Б12 кај бебето, може да предизвика симптоми како што се:

  • Губење на апетит
  • Бавен моторен развој
  • Уморност
  • Слаби мускули
  • Повраќање
  • Крвни проблеми

Можете да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашето бебе со земање на витамин Б12 додека доите. Разговарајте со вашиот лекар за вашите потреби од витаминот Б12.

Дали физичката активност ќе влијае на моето доење?

Активниот начин на живот ви помага да останете здрави, да се чувствувате подобро и да имате повеќе енергија. Тоа не влијае на квалитетот или количината на вашето мајчино млеко или растот на вашето бебе.

Следете ги овие совети за да ви помогнат да ви биде поудобно кога вежбате додека доите:

  • Носете удобен градник или спортски градник и градни влошки во случај да ви истекува млеко за време на вежбањето.
  • Одмолзете се или дојте пред да вежбате.
  • Пијте многу течности.
  • Консултирајте  со вашиот матичен гинеколог за тоа како и кога полека да започнете да вежбате по породувањето.

Може ли стресот да влијае на доењето?

Да. Стресот може да ја направи поголема веројатноста да се разболите или да имате проблеми со спиењето, проблеми со стомакот, главоболки и проблеми со менталното здравје. Но, доењето може да им помогне на мајките да се релаксираат и подобро да се справат со стресот. Контактот кожа на кожа со вашето бебе често има смирувачки ефект. Стресот исто така негативно се одразува на лактацијата. Вашата вознемиреност ја чувствува и вашето бебе. Обидете се да избегнувате стресни мигови. Но, доколку се неизбежни доењето ќе ви помогне да се смирите.

Преземете ги овие чекори за да го намалите стресот додека доите:

  • Прифатете ги фактите. Првите неколку недели од доењето се најтешки, но станува полесно. Запознајте се со сите придобивки од доењето и како да го прилагодите за да ви помогне да ги поминете критичните точки.
  • Опуштете се. Обидете се да најдете мирно, удобно, релаксирачко место за доење. Ова ќе ви помогне да го направите доењето пријатно за вас и вашето бебе. Користете го ова време да се поврзете со вашето бебе, да слушате добра музика, медитираате, или да прочитате некоја книга.
  • Читајте му на глас на вашето бебе. Вашето бебе растело во вас девет месеци, слушајќи го вашиот глас. Вашиот глас е познат и смирувачки за вашето бебе.
  • Спијте. Вашиот стрес може да се влоши ако не спиете доволно. Со доволно спиење, полесно ќе се справите со предизвиците и ќе ви помогне да останете здрави. Обидете се да спиете секогаш кога ќе можете.
  • Опкружете се луѓе кои ве поддржуваат. Навистина е потребна поддршка од семејството  за да се израсне дете. Прочитајте ги овие предлози за тоа како вашето семејство и пријателите можат да помогнат во постигнувањето на вашите цели за доење.
  • Движете се. Физичката активност го подобрува вашето расположение. Кога вежбате вашето тело лачи одредени хемикалии, наречени ендорфини (вид невротрансмитер). Тие го одстрануваат стресот и го подобруваат вашето расположение. Ако сте нова мајка, прашајте го вашиот лекар кога е во ред да започнете со вежбање по породувањето.
  • Не се справувајте со стресот на нездрави начини. Ова вклучува пиење премногу алкохол, користење дрога или пушење, сите тие би ви наштетиле на вас и вашето бебе. Исто така и прејадувањето е нездрав начин за да се справите со стресот.
  • Добијте помош од професионалец. Терапевтот или советникот може да ви помогне да се справите со стресот и да најдете здрави начини за справување со проблемите. Лековите можат да помогнат да се олеснат симптомите на депресија и анксиозност и да се помогне во спиењето. Но, не сите лекови се безбедни за време на доењето. Разговарајте со вашиот лекар или фармацевт пред да земете некој лек. Прочитајте повеќе за стресот во делот за стрес и ментално здравје. Прочитајте повеќе за лекови кои се безбедни за време на доењето.
Можеби ќе ви се допадне:   Неконтролирано мокрење во бременоста

Може ли да земам лекови додека дојам?

Можете да земате одредени лекови додека доите, но не сите. Речиси сите лекови преминуваат во вашето млеко во мали количини. Некои немаат ефект врз бебето и може да се користат додека доите. Секогаш разговарајте со вашиот лекар или фармацевт за лековите што ги употребувате и прашајте пред да започнете со употреба на нови лекови. Тука спаѓаат лекови на и лекови без рецепт, витамини и диететски или хербални суплементи. За некои жени со хронични здравствени проблеми, прекинувањето на лекот може да биде поопасно од ефектите што ќе ги има врз бебето.

 

Дали можам да дојам ако сум болна?

Некои жени мислат дека не треба да дојат кога се болни. Но, најчестите болести, како што се настинки, грип или дијареа, не можат да се пренесат преку мајчиното млеко. Всушност, антителата во вашето мајчино млеко ќе помогнат да го заштитите вашето бебе од истата болест. Но, ако имате грип , бидете внимателни, за да не го пренесете грипот на вашето бебе. Во тој период вашето измолзено млеко, треба да му го дадете на вашето дете, вие или некој од семејството.

Вашиот лекар може да ви каже да не доите ако:

  • Имате ХИВ или СИДА(доколку бенефитот од доењето е поголем отколку можноста болеста(вирусот) да се пренесе на бебето,се препорачува да се продолжи со доење и третман со антиретровирална терапија на новороденчето.
  • Активна туберкулоза, која не може да се третира
  • Имате Т-клеточен лимфотропен вирус тип I или тип II
  • Имате третмани со хемотерапија
  • Добивате терапија со зрачење

Дали мојот партнер ќе биде љубоморен ако дојам?

Можеби. Разговарајте со вашиот партнер за неговите или нејзините грижи пред да се роди бебето. Зборувајте заедно за тоа како вашиот партнер може да се вклучи во доењето.

Можеби ќе ви се допадне:   Зошто треба да ја имате "Haakaa" пумпата?

Пред раѓање:

  • Зборувајте колку придобивки ќе му дадете на вашето бебе со мајчиното млеко во првите шест месеци од животот. Доењето може да изгледа како нешто што само мајката може да го направи, но мајките кои имаат најголем успех во доењето добиваат поддршка од своите партнери. Откако ќе се роди вашето дете, најдобар начин за партнерот да ги поддржи вашите напори за доење е да биде тука за вас.
  • Имајќи партнер кој ги разбира придобивките од доењето може да направи поголема веројатност дека ќе можете исклучиво да доите во првите шест месеци од животот на детето. Споделете информации од оваа веб-страница, или на други места, за здравствените придобивки од доењето.
  • Доените бебиња ретко се разболуваат, што значи дека вие или вашиот партнер нема да треба да земате денови од работа. Доењето исто така ги зачувува семејните пари (бидејќи купувате формула). Доењето исто така е попогодно. Поттикнете го вашиот партнер да ви се придружи при пораѓај, доење и / или часови за родителство.

Вашиот партнер може да ви помогне:

  • Да го донесе бебето ноќе за хранење
  • Менување на пелени на бебето по хранењето
  • Да лежи кожа на кожа со бебето по хранењето

Дали треба да го ограничам мојот сексуален живот додека дојам?

Не, но можеби ќе треба да направите некои прилагодувања за да го направите сексот поудобен ако го имате следново:

Сувост на вагината. Некои жени ја чувствуваат сувоста на вагината веднаш по породувањето и за време на доењето. Ова е затоа што нивоата на естроген се пониски во текот на овие периоди. Ако имате сувост на вагината, можете да пробате повеќе предигра и масла засновани на вода.

Протекување на градите. Можете да го нахраните вашето бебе или да измолзите мала количина млеко пред да водите љубов, па така вашите гради ќе бидат поудобни и со помала веројатност  млекото да истекува. Вообичаено е женските гради да протекуваат или дури и да прскаат млеко за време на сексот, особено за време на вашиот оргазам. Ако тоа се случи, притиснете врз брадавиците или имајте пешкир при рака за да го сопрете млекото.