Кожата на новороденчињата е нешто посебно — нежна, мека и мириса на нов живот. Но, зад таа совршено мазна површина се крие еден мошне чувствителен и незрел систем кој сè уште не е целосно подготвен да се справува со надворешниот свет. Од моментот кога бебето ќе се роди, неговата кожа почнува да се адаптира на сосема поинаква околина од онаа во мајчината утроба. Тоа значи дека иако изгледа совршено, кожата на бебето е далеку понежна и почувствителна од кожата на возрасен човек. Затоа, правилната грижа, особено хидратацијата, е од суштинско значење.

Она што ја прави бебешката кожа толку ранлива е нејзината градба. Таа е значително потенка од кожата на возрасните, што значи дека побрзо губи влага и полесно се иритира. Воедно, заштитната функција на кожата сè уште не е доволно развиена – нејзината способност да задржи влага и да се одбрани од надворешни штетни влијанија е ограничена. Промените во температурата, сувиот воздух, честите капења, па дури и триењето од облеката или пелените, може брзо да ја нарушат природната рамнотежа на кожата, оставајќи ја сува, иритирана или склона кон воспаленија.

Редовната хидратација игра клучна улога во заштитата на бебешката кожа од овие влијанија. Кога кожата е добро хидрирана, таа е помека, поотпорна и посилна во борбата со секојдневните надворешни предизвици. Преку нанесување на нежен, хидратантен производ веднаш по бањање, се создава бариера која ја задржува природната влага во кожата и го спречува нејзиното сушење. Овој едноставен гест не само што ја штити кожата, туку и го прави времето по бањањето пријатен ритуал на поврзување помеѓу родителот и бебето.

Можеби ќе ви се допадне:   Зошто сертифицираната органска козметика е вистинскиот избор за вас?

Моментот кога родителот нежно ја мачка кожата на бебето со крема претставува многу повеќе од рутина – тоа е интима, допир исполнет со внимание, љубов и сигурност. Бебето преку кожата го доживува светот околу себе, а преку допирот – чувствува безбедност. Затоа, овие мали моменти на нега не треба да се потценат. Тие не само што ја штитат кожата туку и ја јакнат емоционалната врска меѓу родителот и детето, градејќи чувство на доверба уште од најрана возраст.

Кога бебешката кожа е сува, тоа не е само козметички проблем – туку нешто што може да предизвика вистинска нелагодност кај бебето. Сувата кожа често се лупи, затега и чеша, што кај бебињата може да предизвика раздразливост, немирен сон и зголемена чувствителност. Ако сувоста е подолготрајна или занемарена, може да доведе до појава на егзема – воспалителна состојба која се манифестира со црвенило, груби делови од кожа, ситни меури или ранички. Егземата е често придружена со силно чешање, што за бебето значи постојана неудобност, а за родителите – предизвик да го смират и заштитат. Во такви случаи, кожата лесно може да стане подложна на инфекции поради чешање и оштетување на нејзината површина. Превенцијата преку редовна хидратација и нежна нега е најдобриот начин да се избегне ваквиот циклус на иритација и воспаление.

Хидратацијата не значи само нанесување крема. Таа е дел од поширок пристап кон нега, кој започнува со користење на благи средства за капење, млака вода, кратки туширања и облека направена од природни, дишливи материјали. Сето тоа помага кожата да остане балансирана, здрава и мека како што природно треба да биде.

Можеби ќе ви се допадне:   Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС)

Во суштина, грижата за бебешката кожа не е само прашање на убавина – тоа е прашање на здравје, удобност и љубов. Со неколку внимателно избрани чекори, секој родител може да создаде рутинa која ќе го заштити најголемиот орган на своето бебе – кожата – и ќе му помогне да расте во удобно и негувано тело.

Bellina предлог: Смирувачка крема за бебиња 5 во 1 со органски состојки и активни природни екстракти.

Оваа крема е идеална за секојдневна нега на чувствителната кожа кај бебињата. Благодарение на нејзината богата, но лесна формула, таа не само што ја хидрира кожата, туку делува и смирувачки, овозможувајќи чувство на удобност и заштита.

Активни состојки со природна моќ:

  • Сибирски бор (органски хидролат) – ја смирува кожата, го опушта телото и го подобрува квалитетот на сонот.
  • Азијски тегавец (Plantago asiatica) – делува заштитно и смирувачки, помагајќи при иритации и црвенило.
  • Алтаи волчји трн (морски орев) – богат со витамин Ц и антиоксиданси, ја штити кожата од штетни надворешни влијанија.
  • Д-Пантенол – помага да се одржи природниот воден баланс на кожата, овозможувајќи ѝ да остане свиленкаста, мека и хидрирана.

Како се користи:

Нанесете мала количина крема на чиста и сува кожа. Масирајте нежно со кружни движења додека не се впие целосно. Погодна е за лице и тело.

  • Погодна од првиот ден (0+)
  • Нежна формула за чувствителна кожа
  • Секојдневна употреба

Во Bellina внимателно одбираме производи кои се инспирирани од природата и создадени со љубов кон најмалите.

Овој производ можете да го најдете на физичките локации на Bellina, или на нивниот веб сајт bellina.mk

Можеби ќе ви се допадне:   “D-MER” - Dysphoric milk ejection reflex