Преднаталниот развој на човекот се однесува на периодот од зачнувањето до раѓањето истиот има многу важна улога во понатамошниот живот на детето. Додека бременоста преставува едно специфично живoтно искуство, проследено со многу бурни и интензивни промени во животот на идната мајка.  Во овој период  мајчината утроба е  единствена животна средина за плодот, каде што ќе расте и се развива. Од самиот зачеток  преку крвта на мајката плодот ги добива сите потребни хранливи материи кои му се неопходни. Физичката, емоционалната состојба на жената пред бременоста и за време на истата се значајни, бидејќи начинот на кој мајката го чувствува плодот, мислите и емоциите кои и се јавуваат во голема мера детето по раѓањето ќе ги чувствува и мисли за себе. Тоа уште во преднаталниот  период чувствува дали е сакано или не. Откако ќе се роди веќе има одредено животно искуство кое го стекнало во утробата на мајката. Ова искуство длабоко продира во несвесното и ја креира нашата животна приказна на еден суптилен начин. Во овој интензивен и бурен период жената се подготвува и прилагодува за една нова животна улога, која поради спецификите може да биде многу стресна, станува свесна за одговорноста која ја има кон плодот кој расте, но исто така е свесна дека по раѓањето на детето нејзиниот живот нема да биде ист. Стресот доколку  изразен како блага вознемиреност која не е честа, може и стимулативно да влијае на плодот и тој да почне да гради одбрамбени механизми. Но, доколку во текот на бременоста мајката била изложена на хроничен континуиран стрес, овие деца по раѓањето најчесто јавуваат стомачни проблеми: слаб апетит, чести проливи итн. Негативните влијанија, вознемирувања  кон трудницата неопходно  е да намалат и да се овозможи едно смирено, стимулирачко и поддржувачко опкружување. Дополнително многу значајно влијание има и ставот на мајката кон нероденото дете. Во 70-те години од 20 век G. Rothmann  го испитувал ова прашање на 141 трудница.  Идните мајки ги поделил во 4 групи. Идеални мајки ги нарекол оние кои свесно и несвесно го прифаќале и му се радуваме на детето. Идеалните мајки имале помирни бебиња, добро цицале,  децата биле по здрави постигнувал поголем успех итн. Студени мајки кои свесно го одбивале, но несвесно го прифаќале детето. По раѓањето овие деца покажале апатичен синдром. Амбивалентни мајки кои свесно го прифаќале несвесно го одбивале детето. Новороденчињата на овие мајки имале хиперактивен синдром. И последните од групата се Катастрофални мајки кои и свесно и несвено го одбивале детето. Кај овие мајки се забележани поголем број на недоносени деца, породувањето во повеќе случаи било тешко, кај децата се забележани нагли промени во расположението кои варирале од хиперактивност до апатичност.

Можеби ќе ви се допадне:   "8-миот Конгрес за доење во Сплит во организација на Европската Асоцијација на Медицина за доење"

Овие податоци само ни го потврдуваат фактот за влијанието и значењето на преднаталниот развој во целокупниот раст и развој на детето. Сите истражувања потврдуваат дека несаканите и непланираните децата имаа повеќе проблеми, нарушено поведение, побрзо умираат изложени ни се насилство,  занемарени се во секој поглед. Додека посаканите деца се раѓаат поздрави, постигнуваат успех, живеат во хармонија во склад со своите потреби развивајќи ги сопствените капацитети.

Свесноста за ова влијание ја зголемува и нашата одговорност во  животните одлуките кои ги носиме. Само искреноста кон себе и потребите кои ги имаме може само да ни ги олесни изборите кои ги правиме.

Јана Зенговска – гешталт психотерапевт во едукација и психолог во Психотерапика