Опстипацијата во текот на бременоста е честа појава со која се соочуваат половина и повеќе од трудниците. Некои од нив со опстипација се соочуваат и пред бременоста, а самата бременост дополнително ја отежнува состојбата на празнење на цревата. Доколку имате запек и планирате да останете бремени обидете се да го промените начинот на исхрана вклучувајќи повеќе здрава храна богата со растителни влакна, пијте повеќе вода во текот на денот, вежбајте умерено, пешачете – се совети кои ќе ја подобрат перисталтиката на цревата.

Зошто опстипацијата може да се појави во бременоста или состојбата да се влоши доколку постои пред бременоста?

Причината за појавата на опстипацијата во текот на бременоста е високото ниво на хормонот прогестерон кој ја поддржува бременоста. Ова предизвикува релаксирање на мускулите во целото тело, меѓу нив и мускулите во цревата и доведува до намалена гастрична подвижност. Храната, течностите и другите отпадни материи се движат побавно низ гастроинтестиналниот тракт. Ова доведува до поголема апсорпција на водата од изметот и тој станува сув и тврд. Лаксативите кои се користат треба да бидат на основа на овој механизам, осмотски лаксативи кои можат да се користат во текот на бременоста и доењето.

Друга причина за појавата на запек во бременоста се лековите, суплементите кои ги конзумираат трудниците. Суплементите со железо, калциум, некои лекови против гадење и повраќање, лекови за хипертензија, аналгетици исто така можат да предизвикаат запек. Како причина за појавата на опстипацијата во текот на бременоста е и растотот на плодот како и притисокот на матката кој ја отежнува перисталтиката на цревата.

Можеби ќе ви се допадне:   Што претставуваат синдетски производи?

Дали запекот влијае на бебето?

Запекот нема никакво влијание на бебето, непријатноста од недоволно и ретко празнење на цревата ја чувствува мајката. Како компликација кај мајката можат да се појават хемороидите кои најчесто поминуваат после породувањето или често може да перзистираат и подолг временски период. Доколку во столицата се појави крви или слуз секако треба да се консултирате со вашиот лекар.

Дали трудницата може да користи лаксативи во текот на бременоста?

Лаксативите кои се користат треба да бидат на база на осмотски лаксативи кои ја привлекуваат водата во цревата (натриум бисфостат, магнезиум хидроксид) и шеќери (лактулоза и полиетилен гликол).

Останатите лаксативи чиј механизам на дејство е да делуваат на нервите кои ги инервираат цревата, суплементи кои се користат како омекнувачи на изметот можат да предизвикаат гасови и грчеви кои ќе доведат до уште понепријатно чувство кај трудницата. Препорака е овие препарати да се избегнуваат во текот на бременоста.

Доколку одбрете некој лаксатив консултирајте го вашиот лекар кој ќе ви помогне во изборот.

Еден од препаратите кој е безбеден за трудници и доилки е Effecol Epsilon Health 3350 – кој содржи макрогол (полиетилен гликол), осмотски лакстатив кој може да се користи за акутна и хронична опстипација кај возрасни и деца над 12 год. Макроголот има моментална ефективност и веднаш ја подобрува подвижноста на цревата. Безбеден е поради неговото изоосмоларно дејство, не се метаболира во цревата од цревната флора, ја намалува појавата на подуеност и непријатност без да предизвика нагли загуби на вода и електролити од цревата. Effecol 3350 ја регулира подвижноста на цревата за 24-48 часа.

Можеби ќе ви се допадне:   Психофизичка подготовка на трудниците за породување

Лаксативот EFFECOL 3350 (MACROGOL) е препорачан од лекари, фармацевти и гастроентеролози во САД и ЕУ .

Најголемата и најнова систематска анализа во областа на запекот, „Ефикасност и безбедност на традиционалните медицински терапии за хроничен запек“, беше објавена во Американскиот журнал за гастроентерологија во 2005 година. Тaа покажува дека меѓу лаксативите на пазарот денес, EFFECOL 3350 макрогол е единствениот што стигна Ниво 1 на докази, степен на препорака А.