За време на бременоста нашата коса зачудувачки, станува прекрасна, здрава и сјајна. И токму кога мислиме дека сѐ е совршено се соочуваме со огромно разочарување!!!

Од третиот/четвртиот месец по породувањето, а уште повеќе доколку вашето бебе е на ексклузивно доење, нашата коса почнува да опаѓа, до тој степен да ние сме немоќни да го спречиме истото и се прашуваме дали некогаш ќе прекине тоа опаѓање.

Што го предизвикува опаѓањето на косата по породувањето и за време на доењето?!

Како во телото се зголемува нивото на естроген и прогестерон, а тоа е за време на бременоста, косата е во постојана фаза на раст. Потоа, нашите хормони се израмнуваат во месеците по породувањето, а некои од нив и нагло опаѓаат, со самиот раст на окситоцинот, кој се лачи во изобилие кај доилките. Косата практично останува во оваа фаза на „одмор“ приближно три месеци пред да опадне и да се појави нов раст.

Но, дали некогаш сме се запрашале колку опаѓање на косата е нормално по породувањето?!

Ако наоѓате премногу влакна на перницата или кога се чешлате мислите дека “ќе останете без коса”, верувале или не, се тоа е нормално. Истражувањата покажуваат дека и да не сте тазе родилка или доилка, губењето на околу 80 влакна дневно е нормално. А пак за тазе мајките тоа изнесува околку 400 влакна на ден. До шестиот или седмиот месец по породувањето, опаѓањето на косата треба да се намали до онаа некоја “нормална количина” колку што опаѓала пред бременоста. Доколку сметате дека опаѓањето не се забавува, големи се шансите да имате други здравствени проблеми. Бременоста може да го промени вашето ниво на феритин (протеин на крвни зрнца кој му помага на вашето тело да складира железо) и може да ја забави функцијата на тироидната жлезда. Така што доколку се соочувате со прекумерно опаѓање на косата и по стабилизација на поспартум хормоните, добро е да си направите една рутинска крвна слика за да се открие причината за прекумерно опаѓање.

Можеби ќе ви се допадне:   Погрижете се за сензитивната бебешка кожа, но и за кожата на мама!

Дали постои третман за опаѓање на косата после породувањето?

Свесни сме дека грижата за новороденче е стресно, исцрпувачко време и може многу да го оптовари вашето тело. Истото се случува и со доењето. Поради тоа, за да не предизвикувате дополнителен стрес на организмот започнете со правилна исхрана. Со регулирање на нивото на шеќер во крвта. Внесувајте храна богата со железо. Потрудете се колку што е можно да го минимизирате стресот (дефинитивно полесно е да се каже отколку да се направи кога се грижите за новороденче). Јадете избалансирани оброци со големо количество на протеини за да го помогнете процесот на раст на косата. И за крај не плашете се да ја миете косата почесто. Обично се смета дека ако не се мие толку често со шампон ќе се минимизира губењето на косата, но вистината е дека фреквенцијата со која ја миете косата нема да влијае на количината на косата што ја губите“. „Косата што е подготвена да падне ќе падне“.

Заклучок: Иако губењето купчиња коса изгледа сè освен нормално, за повеќето жени во плодните години, тоа навистина е нормално за секоја родилка. Самото треба да се регулира кога телото целосно ќе се “опорави” по бременоста! Со минимизирање на стресот, вежбањето и правилната исхрана е доволно да го намалите оној период на опаѓање на косата. Не ви требаат некои посебни и скапи препарати. Секако, доколку немате дополнителни здравствени потешкотии.

Марија Циривири
дипл. молекуларен биолог
сертифициран нутриционист