Болката во кружниот лигамент е непријатна сензација во абдоменот, во близина на колковите или во пределот на препоните. Тоа е „болка која прогредира“, а која е вообичаена и нормална за време на бременоста.

Кои се кружните лигаменти?

Кружните лигаменти се како две жици или јажиња на секоја страна од матката (утробата). Секој од нив е долг околу 10 до 12 сантиметри.

Лигаментите ја поврзуваат матката со карлицата и ја држат матката на соодветната положба.

Како се чувствуваат болките во кружните лигаменти?

Болката во кружниот лигамент обично се јавува во текот на вториот триместар од бременоста (од 14-27 гестациска недела). Но, може да се појави порано или подоцна во бременоста.

Жените често ја опишуваат болката во кружните лигаменти како:

  • Болки.
  • Грчеви.
  • Чувство на остри, прободување или влечење.

Болката може да се појави на едната страна од телото или на двете страни. Обично трае само неколку секунди, но може да трае и со часови. Тоа често се случува постојано во текот на вториот триместар од бременоста.

Болката во кружниот лигамент може да се влоши кога ненадејно се движите (на пример, брзо одење, седење, кивање, кашлање или смеење).

Што ја предизвикува болката во кружните лигаменти?

Телото на жената произведува хормони за време на бременоста за да овозможи лигаментите да бидат олабавени и растегливи. Ова му помага на телото да се прилагоди на бебето кои расте во текот на бременоста. Како што расте бебето во утробата, матката се шири а со тоа се оптегнуваат и кружните лигаменти. Ова истегнување може да предизвика грчеви во кружните лигаменти, што доведува до болка.

Можеби ќе ви се допадне:   Закрепнување по раѓање со царски рез

Болката во кружниот лигамент се јавува речиси исклучиво во бременоста. Но, ретко, болката во кружниот лигамент може да се појави кај жени кои не се бремени. Ова може да биде знак за ендометриоза (доколку не станува збор за бременост), кога ендометриумот на матката расте надвор од матката.

Како можете да ја лекувате болката во кружниот лигамент?

 Ако чувствувате чести болки во кружните лигаменти, обидете се:

  • Да носите еластичен појас за поддршка на стомакот во бременоста.
  • Одмарајте повеќе.
  • Консултирајте се со вашиот лекар доколку болката е поинтензивна за одредни лекови или суплементи кои би можеле да ги користите.

Како можам да спречам болка во кружните лигаменти?

Не е секогаш можно да се спречи болка во кружниот лигамент. Но, можеби ќе можете да ги намалите наглите движења кои понекогаш предизвикуваат болка:

  • Избегнувајте кревање тешки работи и долго стоење во текот на бременоста. Ова ќе помогне да се намали стресот на матката и кружните лигаменти.
  • Ако мислите дека ќе се смеете, ќивате или кашлате, обидете се прво да се наведнете напред. Обидете се да ги свиткате колковите пред да кашлате или ќивате.
  • Секој ден нежно истегнете ги колковите. Доколку посетувате часови за трудници овие вежби се вежбаат на часовите. Потоа во домашни услови секојдневно можете да ги применувате.
  • Обидете се да избегнете стоење, седење или ненадејно превртување.
  • Нанесете топлина. Грејната подлога или топлата бања може да бидат корисни. Прашајте го вашиот лекар дали е во ред да користите топлина, во зависност од вашата бременост. Премногу топлина може и да му смета на бебето.
  • Доколку претходно сте биле физички активни разговарајте со вашиот лекар дали можете и во текот на бременоста да вежбате.
Можеби ќе ви се допадне:   Опасност од задушување

Дали болката во кружниот лигамент влијае на моето бебе?

Болката во кружниот лигамент не е опасна за вас или вашето бебе. Тоа не е знак на проблем или симптом на болест или компликација.

Дали овие грчеви во бременоста поминуваат?

По бременоста, нивото на хормоните се намалува, а матката и околните лигаменти се враќаат во големината како пред бременоста. Така, болката во кружниот лигамент исчезнува по бременоста.

Кога треба да се јавам на мојот лекар доколку чувствувам болка во кружните лигаменти?

Абдоминалната болка може да биде симптом на други состојби, без разлика дали сте бремени или не. Веднаш побарајте лекарска помош ако имате болки во стомакот и други симптоми, како што се:

  • Крварење.
  • Контракции, што може да значи дека бебето доаѓа.
  • Треска.
  • Омалаксаност.
  • Гадење или повраќање кои не се поврзани со утринска мачнина.
  • Болка или притисок во долниот дел на грбот, уште еден знак за породување.
  • Тешка болка која не поминува.
  • Проблеми со одење.
  • Вагинален исцедок (секоја супстанција што истекува од вагината).

Болката во кружниот лигамент е вообичаена и нормална за време на бременоста. Како што матката и околните лигаменти се протегаат за да направат простор за бебето, тоа може да предизвика кратки, болни грчеви. Одморот и другите домашни лекови може да помогнат. Но, консултирајте го вашиот лекар доколку болката не поминува или доколку покрај болката имате и некои од горенаведеноте симтоми.