Знаеме дека за време на алармантната здравствена состојба која ја искусуваме, пристапот до мислењата на експертите не e едноставен. За бројни идни мајки, особено оние кои се соочуваат со мајчинството за прв пат, сесиите и едукативните програми за подготовка за самиот чин на раѓање, доење и нега на бебињата во најмала рака се лимитирани или пак откажани. Свесни сме дека кај идните мајки се јавува изобилство на двоумење, не само пред раѓањето на малото, туку и во периодот кога бебето ќе биде во својот дом. Од Laboratorios BABÉ ви подготвивме неколку совети кои може да им помогнат на идните мајки да ги разрешат дилемите во однос на грижата за бебешката кожа. Во случаеви кога се јавуваат мали состојби на кожата, дури и доколку не се загрижувачки, потребно е да се негува со соодветни производи кои веднаш го решаваат проблемот со кожата. Се надеваме ќе ви бидат корисни!

  1. Дали е неопходно да го бањам моето бебе секој ден?

Задолжително е да знаете дека дневната хигиена на вашето бебе е фундаментална. Не е неопходно да го бањате вашето бебе секој ден, меѓутоа доколку сакате, тоа не треба да претставува проблем. Уште поважно од честотата на бањање е квалитетот на бањањето на бебињата. Ние може да го бањаме бебето и секој ден доколку користиме специфични производи за хигиена кај бебиња кои ја почитуваат pH на кожата и ја зајакнуваат природната заштита. Затоа ние ја препорачуваме BABÉ педијатриската линија за хигиена, создадена со Baby-Care BABÉ комплекс со природни екстракти од невен, мимоза и алое вера, кои ја смируваат и омекнуваат кожата – BABÉ Extra Mild Shampoo, дополнително за нега на телото ја препорачуваме маслената купка – BABÉ Oil Soap.

Можеби ќе ви се допадне:   "Утринска мачнина" во бременост
BABÉ Oil Soap

Исто така би сакале да потенцираме дека времето за бањање е совршено време за зближување со вашето бебе. Тоа се посебни моменти кои сигурно ќе сакате да ги повторувате постојано!

Babe-Extra mild shampoo
  1. Како и кај возрасните, хидратацијата е есенцијална

Детската кожа е понежна, помека и поосетлива во споредба со кожата на возрасните. Од таа причина неопходно е да се грижите за неа и да ја хидрирате. Новороденчињата немаат функционално развиена активност на потење, ниту пак целосно развиен имун систем. Овие фактори оневозможуваат бебешката кожа да обезбеди соодветна заштитна функција, правејќи ја осетлива на соларна радијација и надворешна агресија. Бебешката кожа исто така многу полесно може да дехидрира. Есенцијално е да се употребуваат специфични производи како за лицето, така и за телото. За длабинска хидратација го препорачуваме BABÉ Emollient Cream, кој во својата формула содржи омега 3, 6 и 9.

BABÉ Emollient Cream

Секако, пред се не смееме да заборавиме дека пред прошетка потребно е да се аплицира хидратант кој нуди заштита од сонце.

  1. Имајте предвид: чести состојби на кожата кај новороденчињата

Постојат одредени дермопатологии асоцирани со оваа фаза од животот кои се многу чести, како на пример појава на т.н. теменици на скалпот.

Теменците претставуваат лушпест осип кој се јавува на скалпот на бебињата. Третманот е многу едноставен, само употребете го BABÉ Cradle Cap шампонот, кој претставува нежен шампон кој помага во регулирање на создавање на себум во скалпот и елиминира перутање.

BABÉ Cradle Cap shampoo

Се надеваме дека овие совети за бебешката кожа се корисни.