Светската кампања “Roses revolution day” за прв пат е основана во 2011 година врз основа на идејата на активистката за раѓање Хесус Рикој. На 4-ти ноември 2013 година на третата конференција за човекови права при породување “Human Rights in Childbirth Conference” одржана во Бланкенберге, Белгија и другите активисти за човекови права се запознаа со идејата за “мирната револуција на розите” и правото за достоинствено породување, така и оваа идеја ја донесоа и во нивните земји.

Во рок од три недели, денот на одбележување на оваа акција беше одржан во неколку земји меѓу кои и Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Словачка, Чешка, Мексико, Бразил и Колумбија.

Оваа година по повод Светскиот ден на одбележувањето на Револуцијата на Розите под иницијатива на неколку активистки од нашата земја е организиран настан со цел да се види кој е интересот да се разговара на оваа тема кај нас во нашата држава.

Бидете и вие дел од овој настан.

Линк за испраќање приказни (комплетно анонимно) 
Линк за регистрација на настанот на ZOOM

 

 

 

 

Можеби ќе ви се допадне:   Што е рефлекс на исфрлање на млеко за време на доењето?