Програма на часовите за психофизичка подготовка на трудници
Часовите за психофизичка подготoвка на трудниците се едно прекрасно едукативно дружење на трудници кое понатаму прераснува во едно убаво пријателство. Досегашните посетители-трудници имаат прекрасно искуство и одлично дружење со најмилите и после породувањето. Учиме како најлесно да го поминеме родилниот период, и што не очекува, учиме и како да се грижиме за своето новородeнче, доење и развој на лактација, безброј совети кои ќе ви ги олеснат првите денови после породувањето.
Теми кои ги опфаќаат часовите за психофизичка подготовка на трудниците се:
- Знаци кои го најавуваат раѓањето на бебето (кога ќе знам дека раѓањето започнува).
- Кога треба да тргнам во болница (како да бидам сигурна дека е време за да тргнам во болница).
- Како треба да бидам подготвена за во болница, што треба да понесам со себе.
- Родилен период – фази на родилниот период (што ме очекува кога ќе започне породувањето).
- Техниките на дишење и релаксација за време на родилниот период – зошто е важно да ги совладаме и употребуваме техниките за дишење.
- Вежбање на напонот за породување.
- Што треба да запомнам и внимавам при прегледот на прием во родилиште и зошто е тоа важно.
- Вежби за зајакнување на мускулатурата на грбот и карлицата, вежби за подобрување на циркулацијата на нозете (како да се справам со отоци на нозете).
- Доење и развој на лактација (што треба да знам за успешен почеток на мојата доенечка приказна).
- Зошто е важно доењето и исхраната со мајчино млеко (здравствени придобивки за мајката и бебето).
- Исхрана кај доилките.
- Измолзување, чување и складирање на мајчино млеко.
- Нормални физиолошки појави кај секое новороденче (физиолошка жолтица, пеленски дерматит, milia, lanugo, soor).
- Нега на новороденче, бањање, повивање, нега на папоче.
- Нега на епизиотомија, нега кај мајка породена со царски рез.
- Подготовки за бебето пред породувањето.
- Зачувување на матични клетки (информирајте се повеќе на biosave.mk)
Освен основните теми опфаќаме теми кои Вас ве интересираат и кои ќе ви помогнат да ја зголемите самодовербата, полесно да пристапите кон породувањето и новата улога-мајка.
Часовите се одржуваат со динамика од два часа неделно. Времетраење на еден час е 90 мин. Термините за одржување на часовите се во договор со трудниците и едукаторот кој ги одржува истите.
Еден циклус опфаќа 6 часа (еден час со времетраење од 90 мин).
Часовите можат да ги посетуваат трудниците после 28ГН од бременоста.
Едукатор: Јасна Апостолски Николов – дипл.мед.сестра, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници, IBCLC – сертифициран меѓународен консултант за доење.
НАПОМЕНА: Поради пандемијата со Ковид-19 групите се со редуциран број на посетители. Пријавувањето на трудниците кои сакаат да ги посетуваат часовите е на e-маил: info@zdarvobebe.mk или закажете онлајн на следниот линк: Вежби за трудници