Секоја мајка која дои знае колку е вредно мајчиното млеко – има причина зошто се нарекува течно злато! Вашето тело е неверојатно и прави голем напор за да створи храна за вашето бебенце и затоа е многу важно да ја сочувате секоја капка!

Затоа и е создадена Haakaa пумпата-целосно силиконска и едноделна пумпа која и дозволува на мајката да дои и собира млеко истовремено, млеко кое инаку би истекло, односно би било изгубено. Создадена од мајка од Нов Зеланд, Haakaa пумпата е лесна за употреба, ефикасна, компактна и го има олеснато процесот на доење на многу мајки ширум светот.

Haakaa пумпата ви овозможува да доите и измолзувате во исто време лесно и едноставно!

Како функционира Haakaa пумпата?

Haakaa пумпата е едноделна и 100% силиконска, се става на градата и со континуиран вакуум  ја собира и последната капка-без да ги користите рацете!

Нема кабли и не ви треба струја така да лесно може секаде да ја носите и да се измолзете било каде и било кога – на работа, во автомобил, додека бебето спие…

Тоа што е неверојатно за нашата пумпа е што може да ви служи само за собирање млеко или како пумпа за измолзување. Сигурно ви е познато дека кога доите се случува од другата града да ви протече млеко. Едноставно ставете ја пумпата на спротивната града од која доите и дозволите секоја капка да истече директно во пумпата. За да креирате благ вакуум ќе го стиснете долниот дел на пумпата и така ќе ја ставите на градата и таа ќе си стои самостојно. Што е посилен стисокот толку посилно ќе биде и измолзувањето. Потоа само треба соодветно да го складирате млекото.

Можеби ќе ви се допадне:   Придобивки од хидротерапија и масажа во развој на новороденче и дете

Исто така е одлична доколку сакате да ја зголемите количината на млеко која вашето тело ја создава бидејќи додека доите со Haakaa пумпата на другата града додатно ја стимулирате таа града со благо измолзување.

Доењето и измолзувањето никогаш не биле поедноставни заедно.

СОВЕТ ЗА ЗАПУШЕНИ МЛЕЧНИ КАНАЛИ:

Наполнете ја Haakaa пумпата со топла вода и 2-3 лажички горка сол. Со благ вакуум поставете ја на градата која ви е запушена и оставете да делува 10-15 минути. Ќе осетите како ви олеснува градата и млекото како се испушта и ќе повторувате колку што имате потреба во текот на денот.