“Human milk 4 Human babies”- Од спонтана идеја до реализација и вклучени во глобалната мрежа

0
51

Human milk 4 human babies! Од идеја до реализација вклучени во глобалната мрежа!

Споделување, донирање, подарување или побарување на мајчино млеко за хранење на бебиња/дечиња!

HM4HB или во превод „човечко млеко за човечките бебиња“ е мрежа за споделување донирано мајчино млеко, виртуелно село, кое е составено од луѓе ширум светот – мајки, татковци, фамилии кои посвојуваат деца, баби и дедовци, професионалци кои работат со семејствата за време на бременост, раѓање, лактација и доење, волонтери, поддржувачи… – сите собрани со една единствена цел – да ја поддржат наједонставната идеја дека сите бебиња и дечиња имаат право да бидат хранети со наше, човечко млеко, кое е најдобро и најсоодветно за нивниот раст и развој. Меѓу другото, целта е да се „нормализира“ самиот чин, кој реално постоел и се практикувал многу одамна.

* Која е мисијата на глобалната мрежа на HM4HB?

– Мисијата е да се промовира хранењето на бебињата и дечињата ширум светот со мајчино млеко. Оваа мрежа е посветена на оформување заедница и остварување врски помеѓу семејствата кои се дел од истата, и кои одлучиле да си споделат мајчино млеко едни на други.

За повеќе информации посетете не на социјалната мрежа на линкот подолу

https://www.facebook.com/Human-Milk-4-Human-Babies-North-Macedonia-106095561844391/

Можеби ќе ви се допадне:   Семинар за трудници #1 - Октомври 2019