Доаѓањето на бебе на овој свет не претставува лесна задача за родителите. Штом ќе го земете во вашите раце, сомнежите за грижата на вашето бебе се зголемуваат, а поинтензивни се доколку станува збор за вашето првородено бебе. Ние во Laboratorios BABÉ добивме впечаток дека една од темите кои задаваат најмногу главоболки е хигиената кај новороденчињта, а ние нудиме комплетно решение!
Доколку ја знаете кожата на вашето бебе многу полесно ќе може да ги разберете нејзините потреби. За почеток, добро е да знаете дека слоевите на кожата кај новороденчината се една петтина од дебелината на кожата кај возрасните што ја прави нивната кожа поосетлива на надворешни влијанија.
Деликатноста на кожата кај новороденчињата прави да многу татковци одлучуваат да не се вклучат во процесот на бањање на нивните бебиња или пак тоа да го прават што поретко стравувајќи од нивната кревкост и нежност. Нашето мислење е дека квалитетот на бањањето е многу поважен од честотата, нешто што практично зависи од производите кои ги користиме. Дали производите кои ги користиме се специфични за бебиња? Која е нивната pH вредност? Кои се нивните активни компоненти?… На овој начин би можеле да наведеме долга листа со прашања поврзани со компонентите на прозиводите. Меѓутоа, не би сакале да го трошиме вашето време, знаејќи дека на крајот на денот не ви останува премногу време за читање и споредување. Наша задача е да ги предочиме основите за што треба да содржи еден добар производ за хигиена на новороденчиња.
Ние во Laboratorios BABÉ започнуваме со принцип на хидратација и омекнување, а потоа преминуваме на хипоалергени компоненти и на крајот ги комплетираме производите со нивното регулаторно педијатриско и дерматолошко тестирање. Производите од нашата педијатриска линија се согласно горенаведените базичните принципи.
BABÉ маслената купка е погодна за новороденчиња, не содржи вода, туку е збогатена со омега 3, 6 и 9. На овој начин производот не содржи pH вредност бидејќи водата не е составен дел од него, не дозволувајќи да дојде до сушење на кожата на вашето бебе, а притоа овозможува висок степен на омекнување.
BABÉ Extra Mild шампонот е погоден и за новороденчиња. Овој производ ја почитува pH на кожата и не ги иритира очите. pH која се препорачува за производ кој се користи за хигиена на косата е 7.0. Во составот на овој производ е Baby-Care BABÉ комплексот кој се состои од невен, мимоза и алое вера.
Како дополнение во хигиената на бебињата нивните нокти пак се сосема поинаква приказна: потребно е да бидете особено внимателни кога користите ножички со заоблен врв. Најдобар и најпрактичен период за сечење на ноктите на вашето бебе е веднаш по бањањето, бидејќи во тој момент ноктите се помеки од влијанието на водата која прави краткотрајно омекнување на ноктите.
Се надеваме дека помогнавме во дел од вашите сомнежи за хигиената на бебињата, сега е време да ги вметнете овие совети во праса! Знаеме дека на почетокот бањањето делува засташувачки, меѓутоа ви гарантираме дека по неколку пати ќе станете експерт!