Интересни факти кои ги истакнуваме во пресрет на месецот Октомври – месец на борбата против ракот на дојката.

Доењето и исхраната на вашето бебе со мајчино млеко претставува здрав почеток за вашето бебе. Но, тоа не е единствената здравствена придобивка. Доењето исто така го намалува и ризикот од појава на ракот на дојката.

Во студија на Колаборативна група за испитување на хормонални фактори при рак на дојката истажувањето покажало дека секоја мајка која дои за секои 12 месеци доенечки стаж го намалува ризикот за појавата на рак на дојката за 4,3%. Временскиот период од 12 месеци може да биде за едно дете или вкупно месеци поминати во доење за повеќе деца. Студијата ги споредувала мајките кои дојат и мајките кои не доеле.

Истражувањата исто така покажуваат дека доењето го намалува ризикот од појавата на рак на дојката пред и после менопаузата. Kолку е подологотрајно доењето толку повеќе се намалува ризикот од појава на рак на дојката.

Поголемиот процент од мајките доилки се соочуваат со одредени хормонални промени кои го одложуваат менструалниот циклус. Ова го намалува периодот на изложеноста на жената на хормоните, посебно на естрогенот-хормонот кој всушност го поддржува растот на канцерогените клетки на ракот на дојката (доењето е посилно поврзано со естроген-рецептор-негативен рак на дојката отколку со естроген-рецептор-позитивен рак на дојката). Покрај тоа за време на бременоста и лактацијата, жлезденото ткиво расте и се развива, сето тоа допринесува да при овој раст се отстранат клетките со потенцијално ДНК оштетување и со тоа се намалуваат шансите за развој на рак на дојката.

Можеби ќе ви се допадне:   Фебрилност кај децата

“Schedin et all “ сугерираат дека начините на кои бременоста и лактацијата влијаат на некои подтипови на рак на дојката можат да бидат поврзани со инволуцијата која се јавува после породувањето. Доказите укажуваат дека доењето ја поддржува диференцијатацијата на млечните клетки по бременоста, а различните клетки се со помала веројатност за да станат канцерогени.

“Viktora et all” процениле дека моменталните статистички податоци за стапката на доење на глобално ниво годишно спречуваат по 20 000 смртни случаи како резултат на рак на дојката. Со зголемување на стапката на доење ќе се намали смртноста од оваа болест.

Интересен податок имаат и Австралиските истражувачи кои во една студија пронашле дека доколку една мајка има повеќе од 13 месеци доенечки стаж шансите за развој на рак на јајници се за 63% помали споредено со жените кои доеле помалку од 7 месеци. Исто така жените кои доеле повеќе деца повеќе од 31 месец ( вкупен доенечки стаж) шансите за развој на рак на јајниците се 91% помали од жените кои доеле помалку од 10 месеци.

Постојат безброј студии кои докажуваат дека колку е подолго доењето толку е помала веројатноста за развивање на рак на дојката. Истовремено доењето го намалува и ризикот од пoјавата на рак кај децата. Доените деца неможат да развијат обезитас-болест која е еден од ризик факторите за појава на рак.

Во месецот посветен на оние храбри жени кои се борат со рак на дојката се надеваме дека овие факти и податоци од неколку истражувања ќе допронесат за зголемување на стапката на доење што индирекно ќе ја намалува стапката за заболени од рак на дојката.

Можеби ќе ви се допадне:   Складирање на мајчино млеко - зошто наидуваме на различни насоки?

Пишува: Јасна Апостолски Николов дипл.мед.сестра, Меѓународен консултант за доење IBCLC, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници

Изворhttps://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6069526/

Breast Cancer Awareness Month