Многу често доилките знаат да се загрижат забележувајќи дека мајчиното млеко се намалува во втората половина од денот.

Мајчиното млеко е динамична течност која се менува во составот во текот на лактацијата и варира во и помеѓу доењето и помеѓу мајките. Неговиот состав, исто така, варира помеѓу доносени и недоносени доенчиња.

Наутро имаме зголемен волумен на мајчино млеко заради големото ниво на пролактинот кој се лачи во текот на ноќта. Како одминува денот, количината на мајчино млкео се намалува.

Оваа промена е нормална, бидејќи нивото на хормонот пролактин го следи 24 часовниот циклус, сличен на нашиот циркадијален ритам.

Она што е важно е дека за исхраната на бебето на мајчино млеко е важен 24 часовниот внес на волуменот на мајчиното млеко кое бебето го добива при доење, не е важна количината на мајчино млеко кое бебето би требало да го прима при секој подој. Ова е добро да го запомнат доилките бидејќи искуството во работата како консултант за доење кажува дека секоја од нив понекогаш се запрашува дали секој подој градата произведува доволно количество на мајчино млеко за да го задоволи своето бебе (стравот е особено изразен кога се споредува со количината на млеко што би требало да ја испие бебето доколку е на адаптирано млеко). Исто како и кај возрасните, секој оброк по количина е различен, така и кај бебињата кои дојат, секој подој е различен по количина на издоено мајчино млеко.

Како варира по количина и состав мајчиното млеко во текот на денот?

Наутро количината на мајчино млеко е поголема, а во составот помалку доминираат мастите и млекото е со помалку калории.

Можеби ќе ви се допадне:   Чување на мајчиното млеко

Попладне количината на мајчиното млеко е помала, млекото е покалорично, а количината на  мастите е поголема.

Млекото во вечерните часови во својот состав содржи Триптофан кој му помага на бебето да заспие побрзо. Оваа компонента е всушност перкусор на мелатонинот, хормон кој е важен за индукција на сонот.  Триптофанот е исто така перкусор на серотононот, невротрансмитер одговорен за функцијата на мозокот, развојот и расположението.

Ноќните подои ја поддржуваат целокупната продукција на млеко, зголемувајќи го нивото на прлактинот, хормонот кој го започнува целиот процес одново наредниот ден.

Бидете безгрижни и верувајте во она што физиологијата го докажала.