На децата им е потребно сонце. Тоа генерира витамин Д, промовира здрав циклус на спиење и ги прави среќни. Но, преголема изложеност на сонце може да претставува ран здраствен ризик. Кај децата со пеги, светли очи, светла коса или бледа кожа има и поголем ризик од изгореници и сончево оштетување, дури и кај ограничено изложување на сонце.

Сончевото оштетување се јавува преку изложување на УВА и УВБ зраци. И изгорениците и раните причинители за рак на кожа може да се резултат на прекумерно изложување на сонце во детството. Родителите може да им помогнат на своите деца да уживаат во сончевите денови, со тоа што ќе направат само мал план за заштита од сонце. Спречете болни изгореници и намалете го ризикот за рак на кожа со тоа што ќе го заштитите вашето дете секогаш кога си игра на сонце.

Кои се најбезбедните производи за заштита од сонце?

Дерматолозите советуваат дека производот за заштита од сонце треба да има минимум 30СПФ за да пружи адекватна заштита, независно од возраста. Но, 50СПФ може да биде подобар избор, бидејќи најчесто при употребата на производот луѓето нанесуваат потенок слој од она што самиот произведувач препорачува и користел при тестирање на самиот производ за постигнување на потребната заштита.

Исто така важно е да побарате производ за деца кој што ќе има широкоспектарна заштита, односно кој заштитува од УВА зраци кои го предизвикуваат потемнувањето и предвременото стареење на кожата, но и од УВБ зраци кои предизвикуваат изгореници и рак на кожата.

Минерални филтри vs. Хемиски филтри

Дерматолозите советуваат да се задржиме на минералните (исто така познати како физички) филтри наспроти хемиските кои се апсорбираат во кожата и може да предизвикаат иритации. За новороденчиња и мали деца особено се препорачува употреба на производи со Zinc Oxide или Titanium Dioxide – тие се постабилни, помалку ја иритираат сензитивната кожа и кожата склона на алергии.

Можеби ќе ви се допадне:   Биолошка - Природна положба - Почетна положба за доење - Biological nurturing

Како да нанесете СПФ на вашето дете?

Децата, особено помалите се потпираат на своите родители кога станува збор за нанесување производ за заштита од сонце. Најдобро е да се следи правилото на 9 кафени лажички: 1 лажичка за лицето и вратот, 1 лажичка за грбот, по 1 лажичка за двете раце и по 2 лажички за двете нозе.

Начин на кој исто така можете да забележите дали доволно сте го намачкале вашето дете е доколку производот не може целосно да се впие (особено доколку користите крема или лосион), па ќе имате бели траги на кожата, во спротивно доколку нема траги значи нека не сте нанеле доволно.

Топ 3 предлози од Bellina за заштита на вашето најмило од сонце

  1. ALGA MARIS / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО ЗА ДЕЦА И БЕБИЊА СО SPF50+ – 50 МЛ.

Кремата е хипоалергена, не содржи презервативи и додадени мириси. Нуди целосна зажтита од УВА/УВБ зраци и има висока отпорност на вода. Може да се користи од 6 месечна возраст.

100% состојки од природно потекло

20.5% состојки од органско земјоделство

2. SPF 50+ / МЛЕКО ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР ЗА ДЕЦА И БЕБИЊА – 100 МЛ.

Млекото е целосно составено од 100% гарантирани минерални филтри. Обезбедува високо ниво на заштита (SPF50+) и ги штити вашите деца од целиот спектар на УВА и УВБ. Веднаш штити и не е леплив. Новата формула нема парфем.

99% од состојките се од природно потекло

30,23% од состојките се од органско земјоделство

3. SPF 50+ / КРЕМА ЗА БЕБИЊА СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР – 50 МЛ.

100% минерална крема за сончање погодна за бебиња и за чувствителна кожа, која обезбедува широк спектар на заштита од УВА/УВБ зраци.

Можеби ќе ви се допадне:   "Кога бројките не се важни"- од серијата успешни доенечки приказни

100% од состојките се од природно потекло

Производите можете да ги најдете на сите продажни локации на Bellina, како и на нивниот веб сајт www.bellina.mk