Витамин К

Според светските протоколи за работа во болниците за раѓање сите новороденчиња треба  да добиваат витамин К  кој се аплицира во горниот дел од ногата. Новороденчињата обично имаат ниско ниво на витамин К во нивните тела. Овој витамин е потребен за коагулација на крвта. Ниското ниво на витамин К може да предизвика редок, но сериозен проблем со крварење. Истражувањата покажуваат дека аплицирањето на витамин К го спречува опасното крварење кај новороденчињата.

Новороденчињата веројатно чувствуваат болка кога се аплицира инјекција. Но, потоа, бебињата не изгледаат вознемирени. Бидејќи тоа може да биде непријатно за бебето, можеби ќе сакате да ја одложите апликација на инекција за некое време. Но, секако препораката е да се прими ова доза на витамин  К која го штити вашето новороденче во првите осум дена.

Неонатален  скрининг на новороденче

Лекарите или медицинските сестри го боцкаат петичето на вашето бебе за да земат примерок од крв. Тие ја користат оваа крв за тестирање за многу болести. Сите бебиња треба да бидат тестирани, бидејќи некои бебиња може да изгледаат здрави, но имаат редок здравствен проблем. Анализата од крвта е единствениот начин да дознаете за овие проблеми. Доколку се откријат веднаш, можат да се спречат сериозни проблеми како што се пречки во развојот, оштетување на органите, слепило, па дури и смрт.

Сите држави имаат одредена програма за неонатален скрининг. Но, многу држави редовно тестираат до 30 различни болести.Неонаталаниот скрининг претставува популациона програма за грижа на секое новороденче, со цел за намалување на морбидитетот и морталитетот од биохемиски и генетски заболувања.

Во нашата држава неонаталниот скрининг опфаќа: метаболен скрининг за повеќе од 40 вродени грешки во метаболизмот (рано откривање на грешки во метаболизмот на аминокиселините,органските и масните киселини),која е воведен во 2013 година ,од 2002 година како пилот проект е спроведен скрининг за конгенитален хипотироидизам а во 2007 се спроведува кај сите новороденчиња, и скрининг за цистична фиброза од 2018 година.

Можеби ќе ви се допадне:   Како да ги заштитиме децата од сонце?