Наоѓањето на вистинската личност која ќе се грижи за вашето бебе може да биде тешко и стресно. Нашите совети и ресурси можат да помогнат.

Избор и менаџирање со дадилката

Планирањето на времето пред да дојде на свет новото бебе значи дека ќе треба да пронајдете сигурна дадилка која ќе се грижи за вашето бебе исто како што би го правеле тоа и вие. Тоа може да изгледа невозможно. Но, знаејќи какви квалитети треба да има вашата дадилка, ќе ви помогне да ја пронајдете најдобрата личност која ќе се грижи за вашето дете.

Совети за запознавање на новата дадилка со безбедноста на децата и вашиот дом

Безбедност / прва помош:

  • Прашајте дали дадилката дали знае применување на вештачко дишење кај бебе/дете и прва помош.
  • Потсетете ја дадилката дека доенчињата не треба да се ставаат на кревет за возрасни од секаков вид.
  • Потсетете ја дадилката да го стави бебето на грб при спиење.
  • Бидете сигурни дека дадилката ги знае знаците на болести кај новороденчињата, вклучувајќи: промени во бојата на кожата, потење, гадење или повраќање и дијареа.
  • Покажете и на дадилката каде се чуваат апаратите за гаснење пожари и објаснете како се користат.
  • Осигурајте се  дека на дадилката ќе и покажете каде се чуваат резервите за прва помош.
  • Потсетете ја дадилката да ги чува сите балони или пластични предмети подалеку од бебето.
  • Кажете и дадилката дека децата никогаш не треба да останат сами во кадата. дадилката секогаш треба да го носи детето со себе доколку треба да ја напушти просторијата, како на пример да одговари на телефон или на вратата.
  • Потсетете ја дадилката да ја држи вратата на бањата затворена, а капакот на wc-школката спуштен кога не е во употреба.
Можеби ќе ви се допадне:   Болни и оштетени брадавици - Контролна рандомизирана студија

Запознавање со вашата куќа:

  • Направете прошетка со дадилката низ куќата.
  • Осигурајте се дека сите прозорци се затворени и дека дадилката ги држи затворени.
  • Покажете и на дадилката како да управува со безбедносните преносни врати за деца.
  • Покажете и на дадилката каде се наоѓаат резервните светилки.
  • Осигурајте се дека сте ги отстраниле сите остри предмети, вклучувајќи ножици, ножеви и други предмети кои можат да предизвикаат повреда.

Следните онлајн ресурси имаат повеќе информации за прва помош за дадилките:

  • Академски курс за дадилка на американскиот Црвен крст (надворешен линк)
  • Националниот совет за безбедност (надворешен линк) информативен лист за безбедност на вашето бебе во домот.

Избор и користење на градинка или центар за грижа на деца

Многу мајки се враќаат на работа откако бебето ќе се роди и ќе им заврши породилното боледување (некои дури и порано), и се потпираат на грижата од други лица. Роднините или членовите на семејството понекогаш преземаат обврски за детска грижа, или децата се запишуваат во програми за згрижување деца. Сите родители сакаат најдобар почеток за нивните деца. Грижата за децата е повеќе од само услуга која им овозможува на родителите да работат. Тоа е свет кој ќе влијае на развојот на детето на многу начини – физички, емоционално, интелектуално и социјално. Пронаоѓањето квалитетна грижа за деца која е прифатлива може да биде проблем. Многу родители имаат потреба од ефтина или бесплатна дневна нега каде што знаат дека нивните деца се безбедни и им помагаат да растат и да се развиваат.

Чекори за избор на квалитетна грижа за децата

  • Разгледајте – Посетете неколку градинки или центри. Посетете ја градинката или центарот повеќе од еднаш и останете колку што е можно подолго, за да можете добро да почувствувате каква ќе биде грижата за вашето дете. Продолжете да ја доаѓате дури и откако ќе почнете да ја користите градинката или центарот.
  • Слушнете – Проверете дали местото е весело и не е премногу тивко, што може да значи дека нема доволно активност. Децата со среќни звуци значи дека се вклучени и зафатени.
  • Бројте – Избројте колку деца се во групата и бројот на членови на персоналот кои се грижат за нив. Колку е помал бројот на деца за секој член на персоналот, толку повеќе внимание ќе му се посвети на вашето дете.
  • Прашајте – Возрасните кои се грижат за децата треба да имаат знаење и искуство. Прашајте за позадината и искуството на сите вработени кои ќе имаат контакт со вашето дете во градинката или центарот.
  • Бидете информирани – Дознајте повеќе за напорите во вашата заедница за подобрување на квалитетот на грижата за децата. Прашајте дали градинката или центарот е вклучен во овие активности. Размислете да се вклучите себеси.
  • Во нашата држава постојат организации кои се овластени за препорака на дадилки. Доколку имате потреба побарајте соодветна помош од истите.
Можеби ќе ви се допадне:   Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС)