Во моментот, сте фокусирани на грижата за новото бебе. Но, новите мајки мора да се грижат за своите тела по раѓањето и доењето. Тоа ќе ви помогне да ја вратите енергијата и силата. Кога ќе се грижите за себе, можете најдобро да се грижите и да уживате со своето бебе.

Одморете

Првите неколку дена, откако вашето бебе е дома, е време за одмор и заздравување – физички и емоционално. Треба да ја фокусирате енергијата на себе и да го запознаете вашето ново бебе. Иако можеби сте многу возбудени и сите сакаат да ве посетат, обидете се да ги ограничите посетителите и колку што можете да одмарате. Ќе забележите дека се што можете да направите е да јадете, да спиете и да се грижите за вашето бебе. И тоа е совршено во ред. Научете како да го фатите темпото од првиот ден кога ќе пристигнете дома. Обидете се да легнете или одморете додека бебето спие. Не обидувајте се да се заморувате премногу околу куќата. Дозволете им на другите да ви помогнат и не двоумете се да побарате помош за чистење, перење, оброци или грижа за бебето.

Физички промени

По раѓањето на вашето бебе, вашиот лекар ќе разговара со вас за работи кои ќе ги почувствувате кога вашето тело ќе почне да закрепнува.

  • Ќе имате вагинален исцедок наречен лохија. Ткивото и крвта се таложеле во матката за време на бременоста. Во првите неколку дена ќе биде со светлоцрвена боја, после се намалува протокот а бојата е посветла, до целосно закрепнување целост.
  • Исто така може да се јави оток во нозете и стапалата. Можете да го намалите отокот со кревање на нозете.
  • Може да се јави и запек/затвор. Пијте многу вода и јадете свежо овошје и зеленчук.
  • Менструалните грчеви се чести, особено доколку доите. Вашето мајчино млеко ќе дојде во рок од три до шест дена по породувањето. Дури и ако не доите, млекото ќе истекува од вашите брадавици, а вашите гради ќе бидат полни и чуствителни.
  • Следете ги упатствата на вашиот лекар за тоа во какви активности, како што се качување по скали или одење, можете да се вклучите за следните неколку недели.
Можеби ќе ви се допадне:   “КОВИД-19”- Вакцинација кај доилки

Вашиот лекар ќе го провери вашето закрепнување при вашата постпартална посета, околу шест недели по раѓањето. Прашајте за продолжување на нормалните активности, како и планови за јадење и фитнес за да ви помогнат да се вратите на здрава тежина. Исто така, прашајте го вашиот лекар за гинеколошка контрола. Вашиот месечен циклус може да се врати за шест до осум недели, или порано доколку не доите. Доколку доите, вашиот месечен циклус нема да се врати повеќе месеци. Сепак, користењето на контарцепција е најдобриот начин да се спречи бременост сè додека не сакате да имате ново бебе. НО,при изборот на контрацепција доколку доите консултирајте консултант за лактација или консултирајте го  вашиот матичен лекар.

Некои жени имаат проблеми со тироидната жлезда во првата година по раѓањето. Ова се нарекува постпартален тироидитис. Често започнува со хиперактивна тироидна жлезда, која трае од два до четири месеци. Повеќето жени потоа развиваат симптоми на недоволна активност на тироидна жлезда (хипотироидизам), која може да трае до една година. Проблемите со тироидната жлезда можат лесно да се превидат бидејќи се јавуваат многу симптоми, како што се замор, проблеми со спиењето, слаба енергија и промени во телесната тежина. Разговарајте со вашиот лекар доколку имате симптоми кои не исчезнуваат. Хипотироидизмот треба да се третира. Во повеќето случаи, функцијата на тироидната жлезда се враќа во нормала за време терапијата. Но, некои жени развиваат постојана неактивност на тироидната жлезда, наречена Хашимото, и потребна е доживотна терапија.

Враќање на здрава тежина и форма

И бременоста и трудот можат да влијаат врз телото на жената. По раѓањето, веднаш ќе изгубите околу 10 кг, дури и повеќе за време на губењето на нивото на телесните течности. Не очекувајте или не се обидувајте да изгубите дополнителната тежина на бременоста веднаш. Постепеното губење на тежината во текот на неколку месеци е најбезбедниот начин, особено доколу доите. Доејќи, мајките можат безбедно да изгубат умерена количина на тежина без да влијаат на нивното снабдување со млеко или растот на нивните бебиња.

Можеби ќе ви се допадне:   Се што треба да знаете пред да го направите соодветниот избор за влошки за родилки

Здравиот план за исхрана, заедно со редовната физичка кондиција, е се што ви е потребно за да се вратите на здрава тежина. Доколку не губите од телесната тежина или губите телесната тежина премногу бавно, намалете ја храната со додадени шеќери и масти, како безалкохолни пијалоци, десерти, пржена храна, маснотии и алкохол. Имајте на ум, доилките треба да избегнуваат алкохол. Со скратување на “екстра”, можете да се фокусирате на здрави, добро избалансирани избори за храна кои ќе го задржат нивото на енергија и ќе ви помогнат да ги добиете хранливите материи кои ви  се потребни за добро здравје вам и на вашето бебе. Консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете било каков тип на исхрана или план за вежбање.

Постпартална депресија

Неколку дена по породувањето можеби ќе се чувствувате тажно, плачливо и чуствително. Многу нови мајки имаат ” постпородилна депресија” по раѓањето. Промената на хормоните, вознемиреноста околу грижата за бебето и недостатокот на спиење влијаат на вашите емоции.

Бидете трпеливи со себе. Овие чувства се нормални и обично брзо исчезнуваат. Но, доколку тагата трае повеќе од  две недели, посете го вашиот лекар. Немојте да чекате за постпартална лекарска посета. Може да имате сериозна, но лекувачка состојба наречена постпартална депресија. Постпартална депресија може да се јави во секое време во првата година по раѓањето.

Знаците на постпартална депресија вклучуваат:

  • Чувство на немир или нервоза
  • Тажно, депресивно чувство или многу плачете
  • Немате енергија
  • Имате главоболки, болки во градите, срцеви палпитации (срцето е забрзано и чувствувате како да прескокнува), вкочанетост или хипервентилација (брзо и плитко дишење)
  • Не можете да спиете, многу сте уморни, или и двете
  • Не можете да јадете и губите на тежина\
  • Се прејадувате и зголемувате на телесната тежина\
  • Се фокусирате на проблемите
  • Премногу сте загрижени за бебето
  • Немате интерес за бебето
  • Се чуствувате безвредно и виновно
  • Сте без интерес или без задоволство за активности како што се секс и дружење
  • Имате мисли за повредување на вашето бебе или самоповредување
Можеби ќе ви се допадне:   Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС)

Некои жени никому не кажуваат за нивните симптоми, бидејќи тие се чувствуваат непријатно или виновно за тоа што го чувствуваат во време кога треба да бидат среќни. Не дозволувајте тоа да ви се случи! Постпарталната депресија може да ја отежне грижата за вашето бебе. Кај доенчињата со мајки со постпартална депресија можат да се јават доцнења со говорот. Тие можат да имаат проблеми со емоционалното поврзување. Вашиот лекар може да ви помогне да се чувствувате подобро и да се вратите на уживањето со вашето ново бебе. Терапијата и / или лековите можат да ја третираат постпарталната депресија.

Новите истражувања покажуваат дека 1 од 10 нови татковци можат да доживеат депресија за време на или по бременоста на својата сопруга. Иако се потребни повеќе истражувања, депресијата може да го отежни татковството и може да влијае врз развојот на бебето. Депресијата, исто така, може да биде поврзана со депресијата на мајката. Идните или новите татковци со емоционални проблеми или симптоми на депресија треба да разговараат со своите лекари. Депресијата е излечива болест.