
Мајчиното млеко е од клучно значење за опстанокот и здравјето на новороденчето бидејќи има уникатни имунолошки и хранливи својства. Во случаи кога мајчиното млеко не е достапно за засегнатото новороденче, треба да се обезбеди млеко од друга жена. Секоја држава која има квалитетен здравствен систем треба да им обезбеди на доенчињата мајчино млеко кога има медицинска индикација.
Уште во 1980 година, Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) препорачаа дека во услови кога биолошката мајка не може да дои, следниот избор на исхрана на новороденчињата треба да биде употребата на мајчиното млеко од други извори. Достапноста на млеко за овие деца директно зависи од постоењето и активностите на банките за мајчино млеко.
Банката за мајчино млеко е институција во која мајките кои дојат измолзуваат мајчино млеко и го донираат за оние деца кои имаат потреба од истото.
Иако мајчиното млеко е најдобар извор за исхрана на новороденчето, особено за предвремено родените деца сепак нивните мајки понекогаш неможат да измолзат доволно млеко за своето бебе. Овие мајки треба да имаат помош и поддршка од консултант за лактација кој ќе им даде насоки за стимулација и развој на лактација.
Главната улога во обезбедувањето на ваквото млеко ја има Банката за млеко, која ги снабдува одделенијата за неонатална интензивна нега со безбедно, пастеризирано донирано млеко.
Банката за млеко се потпира на великодушноста на жените кои го одвојуваат своето време и вложуваат напори потребни за да го дадат и донираат млекото, помагајќи им на предвремено родените бебиња во нивната најранлива фаза од животот.
Донатори на мајчино млеко
Банката за млеко не може да функционира без донатори – без нив нема млеко за снабдување на ранлива група деца на кои им е потребно.
Ако имате повеќе млеко отколку што му треба на вашето бебе, размислете за донирање. Вашето млеко е незаменливо за лекување на предвремено родени бебиња. Банката за млеко обезбедува највисоко ниво на безбедност на млекото за децата кои ќе го користат.
Повеќето здрави мајки можат да донираат млеко, но има некои причини кои можат да ги спречат во тоа.
Мајки кои (се) не ги исполнуваат условите за донација:
- Позитивен на ХИВ, хепатитис Б или Ц или сифилис
- Нивниот партнер е изложен на ризик од ХИВ инфекција
- Пуши или користи никотински препарати
- Пијат пијалоци со кофеин
- Редовно пијат повеќе од две чаши алкохол на ден
- Користат лекови
- Добил трансфузија на орган, ткиво или крв во последните четири месеци
За да донирате млеко, Банката ќе ви земе примерок од крв за тестирање за хепатитис Б и Ц, ХИВ и сифилис. Во зависност од епидемиолошките околности, можеби ќе треба да се тестирате за други агенси на заразни болести. Откако ќе се добијат негативни резултати, ќе бидете потврдени како донатор, ќе пополните здравствен прашалник и ќе потпишете информирана согласност. Банката обезбедува контејнери за млеко и транспорт до банката.
Цели и мисија на банката за хумано млеко
- Обезбедува поддршка за доењето и дејствува систематски за да ја постигнете целта за продолжување на ексклузивното и вкупното времетраење на доењето.
- Обезбедете доволно количество донирано човечко млеко за предвремено родените бебиња и за загрозените бебиња кои немаат пристап до мајчиното млеко.
- Обезбедете ја безбедноста и квалитетот на донираното млеко.
- Обезбедете самоодржливост на системот за складирање на донираното млеко.
- Промовирајте ја употребата на донирано човечко млеко врз научно засновани докази.
- Учествувајте во научно истражување.
- Соработувајте со граѓанските организации кои работат во заедницата за да се подигне свеста за важноста на доењето.
Како банката за мајчино млеко обезбедува поддршка за доење
Банката за мајчино млеко не е само место каде мајките доаѓаат да донираат вишок млеко, туку и место каде што можат да добијат помош и поддршка при доењето. Тоа е место за советување на мајките за постигнување успешна лактација и добивање информации за донирање млеко.
Одделението за поддршка на доењето кое работи во рамките на Банката треба да го посетуваат сите мајки кои ја напуштаат породилната болница, особено оние со предвремено родени бебиња. Количината на донирано млеко директно зависи од промовирањето на доењето во заедницата.
Сите банки за мајчино млеко во светот работат по одредени критериуми. Постојат неколку здруженија на банки на мајчино млеко EMBA-European Milk Bank Association, HMBANA- Human Milk Bank Association of North Amerika, HMF- Human Milk Foundation и др.
Во нашата држава сеуште нема банка за мајчино млеко. За време на ланското учество на Конгресот на IBCLC консултантитe за лактација во Загреб, од страна на проф. Анита Павичиќ Бошњак бев повикана како гостин да ја посетам банката за мајчино млеко во Загреб. Ми беше задоволство да видам со каква посветеност работи нивниот тим, колку се трудат да обезбедат што поголеми количини на мајчино млеко и колку е истотo искористено за исхрана на предвремено родените деца во ненонаталната интензивна нега.
Резултатите од нивната работа од како постои банката неколку години можете да ги погледнете на линкот https://www.kbc-zagreb.hr/banka-humanog-mlijeka-sk-v2.aspx
Пишува: Јасна Апостолски Николов – дипл.мед.сестра, IBCLC – Меѓународен сертифициран консултант за доење


































