
Маститис е воспаление придружено со болка или грутка во градите. Може да предизвика симптоми како што се:
- Температура или симптоми слични на грип, како што се чувство на несвестица или исцрпеност.
- Гадење
- Повраќање
- Жолтеникав исцедок од брадавицата што личи на колострум
- Града која е топла на допир и е розева или црвена
Инфекцијата на градите може да се појави и кога другите членови на семејството имаат настинка или грип. Тоа обично се случува само на едната града. Не е секогаш лесно да се препознае разликата помеѓу инфекцијата на дојката и затнатиот канал, бидејќи и двата имаат слични симптоми и можат да се подобрат во рок од 24 до 48 часа. Некои инфекции на дојка кои не се подобруваат сами по себе треба да бидат третирани со лекарства препишани од лекар.
Што треба да направите
- Дојте на засегнатата страна на секои два часа. Ова ќе помогне да се одблокира каналот и вашето млеко слободно да се движи.
- Масирајте ја површината, почнувајќи од болното место. Движете ги прстите кружно и масирајте кон брадавицата.
- Користете топла компресија на болното подрачје.
- Побарајте помош од блиските за да можете да одморите, или да се релаксирате со кренати нозете за да го забрзате опоравувањето. Често затнат канал е знак дека премногу се заморувате.
- Носете добро прилагоден градник кој не е премногу затегнат, бидејќи тесниот градник може да ги притиска млечните канали. Размислете да пробате со градник без подлога.
Постете го вашиот лекар ако не се чувствувате подобро во рок од 24 часа откако ќе ги испробате овие совети, ако имате температура или ако вашите симптоми се влошат. Можеби ќе треба да примите терапија. Посетете го вашиот лекар веднаш, ако:
- Имате инфекција на градите каде изгледа дека се погодени двете дојки
- Во вашето млеко има гној или крв
- Имате црвени линии во близина на погодената област на градите
- Вашите симптоми се сериозни и се појавиле наеднаш