Блистери / блокирани канали / маститис, а потоа и абсцес обично се појавуваат кога мајката која дои има изобилство на млеко, но бебето не ја празни градата доволно. Слабиот зафат на бебето како и слабото празнење на градите ја доведува мајката до затнати канали и маститис.Зошто бебето не ја зафаќа добро градата?

Поради:

  1. “Техниката” на позиционирање и правилно поставување на бебето на градите. Прочитајте ги советите за правилно поставување на бебето на града.
  2. Употреба на вештачки брадавици со несоодветна големина во однос на брадавицата на мајката.
  3. Кога бебето има заврзан јазик (анкилоглосија). Некои френулуми се очигледни, но кај многу бебиња се посуптилни и бараат евалуација што оди подалеку од само гледање, вклучувајќи го осетот под јазикот на бебето, како и знаејќи точно што  е проблемот. За жал, малкумина здравствени работници, вклучувајќи консултанти за лактација, знаат како да проценат дали бебето има заврзан јазик или не.
  4. Кога има намалување на снабдувањето со млеко. Намаленото снабдување со млеко е многу честа појава и резултира со тоа што бебето ја испушта брадавицата и се повлекува од градите. Често поради потребата од поголем напор за да ја добие посакуваната количина бебето ја одбива градата. Доколку причината за ова е намалениот млаз на млеко можете да примените совети за поттикнување на лактацијата и да правите компресии додека го доите бебето.

Затнати млечни канали

Затнатиот млечен канал е пречка или блокада на млекото во млечниот канал, кој се манифестира како грутка или оток на дојката. Кожата околу грутчето може да биде црвена и топла. Генерално, немате температура. Понекогаш може да настапи ниска температура (обично помалку од 38,4 ° C ). Општата здравствена состојба ви е добра.

Затнатите канали речиси секогаш се решаваат без посебен третман во рок од 24 до 48 часа по настанувањето. Некое време настанува затнување на млечните канали и бебето станува нервозно бидејќи протокот на млеко ќе биде побавен од вообичаено. Ова веројатно се должи на притисокот од грутката која притиска на други канали. Можете да ја надминете оваа состојба доколку:

Продолжете да доите на таа страна со подобро испразнување на градата. Ова може да го направите доколку:

  • Добро го поставите бебето на града.
  • Нежно со цврсти движења масирајте ја градата за да се одржи протокот на млекото. Ставете ја раката околу блокираниот канал и нежно но, цврсто масирајте во моментот кога доите доколку тоа не е премногу болно.
  • Доејќи го бебето во таква положба, брадата на бебето “се насочува” кон болниот дел. Доколку,  блокираниот канал е во долниот надворешен дел од градите (7 часот), тогаш хранењето на бебето во фудбалска позиција може да биде корисно.

Исто така, обидете се и со:

  • Ставете топла облога на болниот предел пред доењето. Тоа можете да го направите со термофор или шише со топла вода, но внимавајте да не ја изгорите вашата кожа со премногу топли облоги.
  • Одмарајте. Се разбира, со ново бебе не секогаш можете да одмарате. Обидете се да одмарате колку што можете повеќе. Земете го вашето бебе со вас во кревет и доите го.Честото празнење на градата може побрзо да ни помогне во решавање на проблемот.

Други третмани при често појавување на затнати канали :

Повеќето блокирани млечни  канали ќе исчезнат во рок од околу 48 часа. Ако вашиот блокиран канал не исчезнал за 48 часа, терапевтскиот ултразвук често функционира. Повеќето локални физиотерапевти или клиники за спортска медицина можат да ви помогнат. Сепак, многу малку се свесни за употребата на ултразвук за лекување на затнати канали. Терапевт специјализиран за ултразвук со искуство во оваа техника има повеќе успешни резултати.

Можеби ќе ви се допадне:   Грижа и безбедност на новороденчиња

Ако два третмани во два последователни дена не помогнале во решавањето на затнатиот канал, нема оправданост  да се прават повеќе третмани. Вашиот затнат канал треба да се преиспита од вашиот лекар или консултант за лактација. Обично, сепак, еден третман е сè што е потребно. Ултразвукот исто така може да ги спречи рекурентните блокирани канали кои се јавуваат секогаш во истиот дел од градите. Дозата на ултразвук е 2 вати / cm ² континуирано во период од пет минути на погодената област, еднаш дневно, до два третмани.

Некои го користат крајниот дел на електричната четка за заби за да ги добијат “ултразвучните” третмани. И често се постигнуваат  добри резултати.

Лецитин е додаток на храната што може да помогне да се спречат затнатите канали. Со тоа се намалува вискозноста (лепливост) на млекото со зголемување на процентот на полинезаситени масни киселини во млекото. Безбеден е за пиење, релативно евтин, и се чини дека делува кај повеќето жени што дојат.  Дозата е 1200 mg четири пати на ден.

Блистер

Понекогаш, но не секогаш со никакви индикации, блокираниот канал е поврзан со булбус или блистер на крајот на брадавицата. Рамниот бел дел на брадавицата не е булбус или блистер. Блистерот е, обично, болен и е една од причините за болки во брадавиците што доаѓаат после првите неколку дена. Некои добиваат блистери во првите неколку дена поради неправилна употреба на техниката за доење.

Блистерот е често присутен и без да биде затнат млечниот канал.

Ако блистерот е многу болен (обично е), пробајте да го истиснете, бидејќи тоа треба да ви даде одредено олеснување од болката. Можете да го истиснете сами, но направете го тоа само еднаш. Меѓутоа, ако треба да го повторите процесот, или ако не можете сами да го направите тоа, најдобро е да одите кај вашиот лекар или да дојдете во нашата клиника.

Блистерот можете да го отворите  доколку користите стерилна игра.

Не чепкајте во внатрешниот дел на блистерот; боцнете го само врвот или страната  на блистерот.

Притискајте како да истискувате акна; можеби ќе извлечете материјал сличен на паста за заби преку сега отворениот блистер. Доколку имате затнат канал и блистер во исто време, тоа може да резултира со деблокирање на каналот.  Доењето на бебето, исто така, може да резултира со деблокирање на каналот.

Откако ќе го отворите блистерот, започнете со употреба на “масти наменети за оштетени и болни брадавици” по секое доење во период од околу една недела. Причината за ова е да се спречи инфекцијата, а исто така да се намали ризикот од враќање на блистерот.

Маститис

Маститисот се должи на инфекција (речиси секогаш се должи на бактерии, наместо на други видови на микроби), и обично се појавува кај доилките. Сепак, може да се појави кај било која жена, дури и ако таа не дои, може да се појави дури и кај новороденчиња од било кој пол. Бактериите можат да навлезат во градите преку разранети или болни брадавици, но и оние без разранети и болни брадавици, исто така, добиваат маститис.

Воспалението на млечниот канал-маститис може да биде и неинфективно. Причината може да биде перзистирачки блокиран млечен канал. Но,третманот е ист.

Маститисот е различен од блокираниот канал, бидејќи затнатиот канал не се смета за инфекција и затоа не треба да се третира со антибиотици. Кај затнат канал, постои болна, цврста маса во градите. Кожата често е црвена, но помалку интензивно црвена од маститисот. За разлика од маститисот, затнатиот канал обично не е поврзан со треска, иако и тој случај не е исклучен. Маститисот е обично поболен од затнат канал, но и двата може да бидат доста болни. Увидувањето на разликата помеѓу “благиот” маститис и “тежок” затнат канал можеби нема да биде лесно – всушност, може да нема никаква разлика.

Можеби ќе ви се допадне:   Одбивање на вашето бебе

Исто така е можно е затнатиот канал да прерасне во маститис, па работите да станат уште посложени. Сепак, без грутка во градите, нема маститис или затнат канал. Во Франција, лекарите препознаваат нешто што го нарекуваат лимфангит, кога доилката има болна, топла црвена кожа на дојката, асоцирана со температура, но не постои болна грутка во градите. Очигледно, повеќето не веруваат дека овој лимфангит бара третман со антибиотици. Има случаи кои се вклопуваат во овој опис и, всушност, проблемот исчезнува без доилката да зема антибиотици. Но, и тогаш, често целосно развиениот маститис, исто така,  не се третира со антибиотици. Ако се појават симптоми на маститис (болна грутка во градите, црвенило и болка во градите, температура), следете ги препораките за затнати канали.

Други третмани:

Ако сте во многу голема болка што не можете да го ставите бебето на погодената дојка, продолжете на другата страна и веднаш штом вашите гради ќе бидат помалку болни, ставете го бебето на градата со маститис.

  • Температурата помага во борбата против инфекцијата. Возрасните обично се чувствуваат ужасно кога имаат температура и можеби ќе сакате да ја намалите температурата поради оваа причина. Но, немате потреба да се вознемирувате поради температурата, таа не предизвикува лошо млеко!
  • Лековите за болка / температура (ибупрофен, парацетамол и други) може да бидат корисни за да ја поминете оваа состојба. Количината што влегува во млекото, речиси од сите тие лекови, е мала. Парацетамолот веројатно е помалку корисен од оние лекови (на пример, ибупрофен) кои имаат антиинфламаторно дејство.
  • Листови од зелка-земете листови од свежа зелка,малку стиснете ги со рацете или поминете ги со сукало. Наредете ги листовите на болната града. Менувајте на секои 60 мин. Постапката повторувајте ја се додека градата има црвенило и оток.
  • Компири (превземено од Бриџит Линч, РМ, Заедница на акушерки во Торонто). Во првите 24 часа од започнувањето на симптомите, ќе воочите дека примена на парчиња суров компир на градите ќе ја намали болката, отокот и црвенилото на маститисот.
  • Се сечат 6 до 8 измиени, сирови компири на тенки парчиња.
    • Ставете ги во голема чинија со вода на собна температура и оставете ги 15 до 20 минути.
    • Нанесете ги влажните парчиња компири на погодената област на градите и оставете ги 15 до 20 минути.
    • Отстранете ги по 15 до 20 минути и нанесете нови парчиња од садот.
  • Повторете го овој процес уште два пати, така што ќе употребите парчиња компир 3 пати во еден час.Направете пауза од 20 или 30 минути, а потоа повторете ја постапката.

Маститис и антибиотици

Општо земено, доколку е можно, подобро е да се избегнат антибиотици, бидејќи маститисот може сам по себе да исчезне, а антибиотиците може да доведат до инфекција на брадавиците и / или дојките со кандида ( кандидијаза). Третманот е како што следува:

  • Ако имате симптоми кои укажуваат на маститис помалку од 24 часа, консултирајте консултант за лактација. Ќе добиете совети како да постапите и ќе може да ве следи во наредните 24 часа дали симптомите се намалуваат.
  • Ако во текот на следните 8 до 12 часа, симптомите се влошуваат (повеќе болка, поголемо ширење на црвенилото или зголемување на болната грутка), се препорачува примена на  антибиотик.
  • Ако во текот на следните 24 часа, вашите симптоми се намалуваат, тогаш тие речиси секогаш ќе продолжат да се намалуваат и исчезнуваат без потреба од земање на антибиотици. Во овој случај, симптомите ќе продолжат да се намалуваат и ќе исчезнат во текот на следните 2 до 7 дена. Температурата најчесто се намалува за 24 часа, болката во рок од 24 до 72 часа, а грутката во градите исчезнува во текот на следните 5 до 7 дена. Вообичаено грутката трае подолго од 7 дена пред целосно да исчезне, но се додека се намалува, тоа е добар резултат.
  • Ако сте имале симптоми кои укажуваат на маститис за повеќе од 24 часа и симптомите не се подобрени, веднаш треба да започнете со антибиотиците.
Можеби ќе ви се допадне:   IMMUNOMAX KIDS - За максимална заштита и превенција од сезонски настинки и алергиски ринити

Ако се случи да земете антибиотик, треба да го земете вистинскиот.  Амоксицилин, обичниот пеницилин и некои други антибиотици кои често се користат за маститис, не  ја уништуваат бактеријата која речиси секогаш предизвикува маститис Staphylococcus aureus (познат како златен стафилокок).  Некои антибиотици кои ја уништуваат Staphylococcus aureus вклучуваат: цефалексин (наш вообичаен избор), клоксацилин, диклокацилин, флуоксацилин, амоксицилин во комбинација со клавулинска киселина, клиндамицин и ципрофлоксацин. Антибиотици кои можат да се користат за метицилин-резистентен Staphylococcus aureus (MRSA): котримоксазол и тетрациклин.

При употреба на антибиотици секогаш користете и пробиотик.

Сите овие антибиотици можат да ги користат доилките и истите не бараат прекин на доењето. Не треба да прекинете со доење ако сте инфицирани со MRSA!  Всушност, доењето го намалува ризикот од добивање на истата инфекција кај бебиња.

Абсцес на дојка

Апсцесот на градите може да се формира кога има долго одложување во третманот за маститис, или ако маститисот не се третира / неефикасно се третира. Апсцес е џеб од гнојна колекција формиран  во одредена  област на градата, бидејќи телото не може целосно да се бори самостојно со инфекцијата. Тоа е начинот на кој телото спречува ширење на инфекцијата низ телото.

Симптомите често вклучуваат отечена грутка обично само под кожата (обично болна за допир или стискање) и оток или црвенило во околината. Може да имате температура.

Ако имате маститис кој не е целосно исчезнат, или барем значително подобрен, во рок од 5 до 7 дена од започнување на антибиотици, треба да се процени за апсцес.

Операцијата повеќе не е опција за третман на апсцес.За да го лоцираме апсцесот многу подобри резултати може да даде ултразвучниот третман,се прави инцизија(засекување) и се вметнува дрен во апсцесот за исцедување. Доилките низ оваа процедура не го прекинуваат доењето дури и на погодената страна, а целосното излекување се случува најчесто во рок од една недела. Оваа постапка се врши од страна на интервентен радиолог, или хирург.

За мали апсцеси, аспирацијата со игла и шприц плус антибиотици често е сè што е неопходно, иако можеби е потребно аспирацијата да се повтори повеќе од еднаш.

Грутка на дојката која не исчезнува

Ако имате грутка која не исчезнува или не се намалува во текот на повеќе од неколку недели, треба да  отидете на лекар или хирург кој по специјалност е поврзан со доење. Не морате да го прекинувате или прекинете доењето за да направите испитување на градната грутка (ултразвук, мамограм, КТ скенирање, МРИ скенирање, па дури и биопсијата не бара да престанете да доите дури и на погодената страна). Хирургот кој по специјалност е поврзан со доење нема да ви каже дека треба да го прекинете доењето за да можете да направите тестови за да ја испитате грутката на градите.

Информациите презентирани тука се општи и не се замена за персонализиран третман од Меѓународниот одбор за сертифицирана лактација (IBCLC) или други квалификувани медицински професионалци.