Утрово разговаравме со мајка на доенче чија приказна станува премногу честа. Нејзиното 1-месечно трето бебе има проблеми со справувањето со брз проток на млеко. При многу хранења, тоа кашла, плука, а понекогаш и се одбива од градите и плаче. Мајката од ова однесување заклучила дека има прекумерно исфрлување на мајчино млеко (OALD-overactive let down)  и започнала стратегија наречена “забрана за хранење” или ограничување на подоите.

Што е забрана за хранење-ограничување на подоите?

Забраната за хранење вклучува ограничување на бебето на една града за 3-часовен или подолг временски период пред давање на другата града. Тоа е многу ефикасно во намалување на производството на млеко кога мајка има премногу млеко. Дозволувајќи им на градите да останат полни во одреден временски период го испраќа сигналот за забавување на производството на млеко.

Кога треба да ставите забрана за хранење

Оваа стратегија може да биде спасител во некои случаи, бидејќи прекумерното снабдување (ака “хиперлактација” или “претерано производство на млеко”) може да го намали квалитетот на животот и за мајката и за бебето. За мајката, последиците од создавање на премногу млеко вклучуваат: редовно преполни и непријатни гради и честа појава на  затнати канали. За бебето, преголемото снабдување може да предизвика многу брз проток на млеко кој тешко може да го контролира. Во овој случај, забраната за хранење која не е подолга од 1 недела може да биде благодет и за мајката и за бебето.

Кога не треба да ставите забрана за хранење

Сепак, се чини дека се повеќе и повеќе станува збор за претпоставка дека секоја борба со протокот на млеко се должи на OALD или преголемото снабдување. Како резултат на тоа, некои мајки го намалуваат производството на млеко со забрана за хранење, кога нивното снабдување е всушност на здраво ниво, што доведува до други проблеми, како што е забавеното зголемување на телесната тежина.

Можеби ќе ви се допадне:   Од серијата успешни доенечки приказни – мајка со многу трпение и дисциплина

Како што и кажав на мајката ова утро, во првите недели, повеќето новороденчиња кашлаат и плукаат поголем дел од времето за време на доењето. Потребна е практика и зрелост кај бебињата да научат да го координираат цицањето, голтањето и дишењето за време на доењето. Некои епизоди на борби за проток на млеко и повлекување се сосема нормални и не се знаци на претерано прекумерно исфрлување на мајчино млеко (OALD) или преголемото снабдување.

Како да знаете дали да го блокирате хранењето?

Најсигурниот индикатор за тоа дали забраната за хранење може да биде корисна е зголемување на телесната тежина на бебето. Доколку доењето е добро, во текот на првите 3 месеци, повеќето бебиња добиваат во просек околу 800-1200 грама месечно. Ако зголемувањето на телесната тежина на бебето е  поголема од ова или повеќе, забраната на хранење не подолго од 1 недела има смисла. Ако телесната тежина на бебето не е толку голема, веројатно е дека забраната на хранење ќе предизвика повеќе проблеми отколку што ќе ги реши.

Алтернативи кога бебето се бори со протокот на млеко

Што можете да направите ако телесната тежина на вашето бебе е просечна, но  тоа се бори со протокот на млеко за време на доењето? Најдобрата стратегија е користење на позиции за хранење кои на бебето му даваат поголема контрола врз протокот. Најтешки позиции за доење од гледна точка на протокот на млеко се оние во кои млекото тече надолу во нивните грла, како и оние во кои мајките седат исправено.

Ако бебето продолжува да има конзистентни проблеми со протокот на млеко, време е да се посети консултант за лактација за да се провери анатомијата, голтањето и дали има проблеми со дишењето.

Можеби ќе ви се допадне:   Проблеми при доењето: Болни брадавици